Нов скандалозен тендер на Локаната од Охрид, и овој пат поддржан од градоначалникот Александар Петрески, обвинија денес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Овој пат станува збор за јавна набавка на информативни пултови со екрани на допир-Touch screen. Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ јавно запрашаа од каде се наметна потребата за јавна набавка на вака скапа опрема, по која програма е распишана јавната набавка и од која стапка на буџетот ќе се исплатат средствата за оваа јавна набавка?„Зошто во услови на еконмска криза беспотребно се трошат 60,0000 до 70,0000 евра, пари на граѓаните на Охрид? Дали со ова сакаат д…
Сите сопственици на бродови во Охридско Езеро поднеле барања за добивање на соодветен сертификат до овластената меѓународната групација Bureau Veritas, која треба да изврши технички преглед на бродовите, соопштуваат од министерството за транспорт и врски“Очекуваме набрзо да завршат постапките за сертифицирање на бродовите кои оперираат во Охридското Езеро со што ќе се овозможи безбеден сообраќај во внатрешната пловидба, со технички проверени пловни објекти” велат од министерсвото.Сертифицирањето на бродовите е во согласност со Законот за внатрешна пловидба и релевантните европски директиви….
Во Македонија се гради со квалитетни материјали, а тоа значи дека имаме цврсти и убави градби. Спротивно на ова, стручните лица тврдат дека новите градбите кои се градат поготово во стариот дел на Охрид претставуваат посебна приказна или експеримент.„ Станува збор за промоција на материјали со светски квалитет. Во Македонија во овој период локални инвеститори употребуваат локалани алуминиумски и друг вид на материјали. Но кога има инвеститор од Европски пазар, тој бара да работи со европски материјали“, вели генерален менаџер на Тетрактис, Кристијан Јорданов. Јорданов е еден од организато…
Членството на ОК на ВМРО – ДПМНЕ реагира. Повод, најновите изјави на градоначалникот Александар Петрески и најновите ставови на Локалната самоуправа во општина Охрид. Хари Шокароски денес во името на својата партија упати остри критики кон охридскиот градоначалник. Тој истакна:„Изјави со кои го достигна дното на политичката некултура и комуникација, изјави карактеристични за личности со дискутабилен морален и ментален склоп. Охрид не заслужува да биде претставуван од ваква личност кој со ништо не придонел за зајакнување на дигнитетот и културните вредности за градот“.Шокароски, поради се он…
„Не даваме вода“. Ова е реакција на група револтирани жители на ул „Момчило Јорданоски“ кај болнички комплекс. Тие јавно го кренаа гласот против Oпштина Охрид, и обвинија дека Локалната на своја рака превзема зафати од комунална сфера, од што тие ги сносат последиците.Љупчо Гаревски го пренесе ставот на жителите од овој дел на градот. Тој потенцира дека се навлегува во приватен имот каде општината не ги имала до крај расчистено работите со експропријација на земјиштето. Гаревски рече дека немаат ништо против приклучок на вода во станбените згради, но тоа да небиде по цена тие да останат бе…
Плаошник вратен на државата. На вонредната седница на Советот на општината, на барање на Н.У. Завод и музеј“ беа регулирани имотно правните односи помеѓу Општина Охрид и Министерството за култура кои се однесуваат на земјиштето на Плаошник. Корисник на ова земјиште досега беше ЈКП Охридски Комуналец, а во сопственик на РМ. Со одлуката едногласно изгласана и донесена на денешната вонредна седница, правото на користење на ова земјиште е вратено на Република Македонија. Причина за донесување на оваа одлука и враќање на земјиштето е изградбата на Унверзитетскиот комплекс. Директорката на НУ „За…
На продолжението од 21-та седница, изгласан предлог заклучок со кој се бараат измени и дополнувања на Законот за внатрешна пловидба. Станува збор за преземање на ингеренциите од Министерството за транспорт и врски, од страна на Локалната самоуправа. Овие ингеренции во најголема мера се однесуваат на регулирање на водениот сообраќај во крајбрежниот појас.Општината сака да ја конторилира и внатрешната пловидба по Охридското езеро. На денешното продолжение на 21-та седница на советот, изгласан предлог заклучок со кој се бараат измени и дополнувања на Законот за внатрешна пловидба. Станува зб…
И по една година од кога локалната самоуправа го формира Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот досега не одржало седница. Како и за се останато што не функционира во државава така и за овај проблем постојат оправдувања, а одговорност не сноси никој. Инаку, во ова тело членуваат 12 експерти од повеќе институции со задача да придонесат за поголема превенција на сообраќајната безбедност во градот. Одговор за ваквата пасивност на ова тело побаравме од претседателот Томислав Тунтев. Тој потврдува дека општинскиот совет за безбедност во сообраќајот досега не одржал ниту една средба. П…