Окт 4, 2010

Со нов каталог ќе се привлекуваат германски туристи

Нов каталог за германските туристи. Промотивниот материјал, кој на 80 страници, преку слика и текст, ќе раскажува за убавините на Македонија, е дело на долгогодишен туристички работник од Германија, кој потекнува од Охридско. „Гледајќи како другите земји се борат за повеќе туристи, одлучив да направам каталог под наслов „Македонско сонце, одмор на Охридското Езеро“, вели авторот на каталогот Климент Китаноски. Китаноски открива дека Македонија како туристичка дестинација воопшто не им е позната на Германците. „ Ако една дестинација не е позната не можеме да најдеме интерес за да ја посетиме…

Окт 2, 2010

Пештанци пред нацрт верзијата на урбанистичкиот план

Пештани, конечно после 30 години е на пат да стане  урбанизирана туристичка населба. Нацрт верзијата на Урбанистичкиот план е ставена на увид на неговите жители. Со планот е предвидено проширување на населбата со околу 700 нови градби. Пештанци на јавната дебата се интерсираа за инфраструктурата и за градбите од лична природа, но  се произнесоа и за објектите од заеднички интерес. Побараа хотел Десарет да ги врати 14-те метри узурпиран простор покрај езерскиот брег сопственост на РМ како  слободна патека за пешачење кон авто кампот Градиште. Силни реакции од пештанци има и за дислокација на…

Окт 1, 2010

Градоначалникот избра В.Д. за градинката

Како што веќе ве информиравме постапката за избор на прв човек на градинката закочи уште на самиот старт. Очекувано беше градинката некое време да остане без директор, според изјавите на дел од членовите на Управниот Одбор на оваа установа. Владо Суклоски на 11 септември годинава во изјава за ТВМ како член на У.О. поточно како претставник од министерството за труд и социјална политика посочи низа прекршувања на статутот на градинката. И овој пат Суклоски, со назначувањето на Вршителот на должност на охридската градинка Марина Петроска Тодороска, смета дека градоначалникот после доставениот …

Окт 1, 2010

Полската филхармонија ќе гостува во Охрид

Варминско-мазурската  филхармонија „Феликс Нововејски“ од Олшин, Полска гостува во Охрид. Овој музички настан од класичната музика е освежување по затишјето на бројните  културните случувања во летниот период. Нашиот град покрај, Скопје и Битола влезе во програмата за одбележување на 200 годишнината од раѓањето на Шопен, со концертот на полската филхармонија Феликс Нововејски. Ќе се изведижуваат композиции од полски автори и  од Шопен. Со музичкиот оркестар  ќе раководи диригентот Јануш Пшибилски ,а пијано изведбата  е на Станислав Джевицки. Пијанистот Джевицки ќе свири на концертниот клави…

Окт 1, 2010

Неизвесно колку од социјалните случаи во Охрид ќе добијат пари за греење

Владата пред три месеци донесе програма за субвенционирање на потрошувачка на  електрична енергија за ранливата категорија граѓани. Но, сеуште е нејасно  колку од охридските приматели на социјална помош ќе остварат право на субвенција за греење оваа зима. Во текот на 4 месеци, преку ресорното министертсво ќе може да добијат парична помош за греење во цисина од 600 денари, а еден од условите е да ја имаат подмирено сметката за потрошена електрична енергија. Корисниците на социјална помош со барањата треба да достават и сметка за платена потрошена електрична енергија за септември. Покрај елек…

Окт 1, 2010

Поткровља ќе има над чаршијата, но колку, каде?

Започнаа јавните анкети и презентации на петте спорни нацрт детални урбанистички планови. Овие пет Нацрт – ДУП – ви беа донесени на 21-ва седница на Советот на општината. Околу нивното донесување советниците од позицијата и опозицијата имаа дијаметрално спротивставени ставови. Денес во големата сала на општината на ред дојде јавната анкета и презентација на нацрт – ДУП за УЗ 1, Уб 1.1 опфат1. Имено станува збор за Просторот на планскиот опфат во Нацрт- ДУП кој е ,е во границите на улиците:”Св.Климент Охридски”, “Климентов Универзитет” и ул.”Петар Чауле” или поедноставно кажано, за делот кој…

Сеп 30, 2010

Со вера, љубов и надеж

Светата православна Црква на денешен ден го празнува споменот на светите маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж. По повод овој голем христијански празник, во месноста Лагадин денеска по единаесетти пат се одржа голем црковно народен собир. На самиот брег на Охридското езеро е подигната млечка црквичка која го носи името на овие светителки, а неа пред десет години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче. Патче изрази задоволство што од година во година се зголемува бројот на верници кои доаѓаат во Лагадин да го прослават овој верски празник. Тој додаде, дека поради се поголемиот број верници ќе мо…

Сеп 30, 2010

Остра дискусија за сообраќајната студија

Во Охрид владее сообраќаен хаос и во лето и во зима, велат дел од советниците. Тие бараат под итно да се изработи сообраќајна студија за територијата на град Охрид за динамичен и статичен сообраќај. „Ако не ја донесеме предлог одлуката и чекаме изработка на студија ќе треба да чекаме да помине цела година  за нешто да направиме, а тоа не ние во интерес“ истакна советникот од ВМРО НП Јоне Станкоски.Советникот од СДСМ и експерт по сообраќај Томислав Тунтев образложи дека режимот на сообраќај кој го предлага локалната самоуправа во однос на стручните служби е истиот само што сега во него го не…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top