Окт 12, 2010

Денеска започна вакцинацијата против сезонски грип

Во Медицинскиот центар во Охрид денеска почнува вакцинацијата на населението против сезонски грип. Според податоците од Заводот за здравствена заштита од Охрид, засега се обезбедени 2.500 вакцини.Медицинските лица препорачуваат вакцинација за периодот на сезонски настинки и грипови,  за заштита на популацијата од појави на епидемии од пошироки размери.Во рамките на акцијата минатата година се вакцинирале повеќе од 2.000 охриѓани, информира Центарот за јавно здравје од Охрид.Директорот на Центарот, Атанаско Михаилов, истакна дека изминатите три години во Охрид не се регистрирани епидемии, шт…

Окт 11, 2010

Македонскиот народ празнува

Делегација на локалната самоуправа состевена од советниците Љупчо Настоски, Драган Пандески, Климе Тренески, Љубен Буџакоски, потесното семејство на Петре Пирузе мајски, како и претседателот на Општинската организација на сојузот на борците Гоце Ѓорѓиески, претпладнево на спомен одбележјата на народните херои во градскиот парк, пред судската зграда како и спомен одбележјата на борците од НОБ над бензинската пумпа кај Билјанини извори положија свежо цвеќа.    Инаку, пред точно 69 години храбриот македонски народ, наоѓајќи се, по кој знае кој пат, под туѓа инвазија и окупација, на денешен ден…

Окт 11, 2010

Алпинисти и планински водичи

Можност македонските алпинисти да станат светски признаени планински водичи. Под менторство на Словенечкото здружение на водичи на високи планини, македонските алпинисти ќе се запознаат со што се е потребно да станат планински водичи по ИФМГА стандардите. Во моментов Македонската организација на водачи во планина е со статус на Член аспирант. Стекнувањето на овој статус е најделикатниот и најтешкиот дел од процесот на зачленување во организацијата, станува збор за долг процес, но ние сме свесни дека треба да почне некогаш, вели алпинистот Антонио Додески.Додески додава дека Македонската алп…

Окт 9, 2010

АБР методата не е лага

Родителите чии деца имаат потреба од АБР методата   се задоволни од нејзината примена.  Валентина Лекоска ги сподели своите искуства по 10 месечната упорна и секојдневна примена на АБР методата на својот син Иван. „Ние сме задоволни од терапијата и би сакала да чујат сите за што се работи. Методата не е лага туку вистина вели Лекоска. Нашиот син Иван лазеше, а по 10 месеци примена на АБР методата сега е исправен и оди со придружба“,  вели  пресреќната мајка.    Јавната презентација на оваа метода предизвика силен интерес кај граѓаните. Родителите и терапевтите од Белгија ги споделуваа искус…

Окт 9, 2010

Канческа Милеска : Директорот на Охридско лето треба да биде менаџер

Новиот директор на Охридско лето треба да задоволува два многу значајни критериуми, добро да ја познава културата и самиот фестивал, но и да има менаџерски способности, тврди Министерката за култура на Р Македонија, Елизабета Канческа Милеска.  Таа ги побива шпекулациите дека избраниот кандидат за менаџер на оваа културна манифестација ќе биде партиски војник на ВМРО ДПМНЕ. „Националната Установа Охридско лето е белег не само на Охрид туку и на Р Македонија. Поради тоа бараме сите кандидати да подготват четиригодишна програма за развојот на оваа манифестација“, вели министрката за култура К…

Окт 9, 2010

Подготовките за грејната сезона завршени

Ниските утрински и ноќни температури кои деновиве бележат драстичен пад веќе ја најавуваат грејната сезона. Граѓаните на Охрид кои денес ги анкетиравме веќе се одлучиле како ќе се греат. Некои од нив за огрев ќе користат дрва како поисплатлива алтернатива додека пак на некои електричната енергија им е единствената солуција, има и такви кои немаат средства ниту за едното ниту за другото.Цената на огревно дрво во НП „Галичица“ се движи околу 2 300 денари по метар кубен за бука, додека пак за даб е 100 денари повеќе. Од паркот велат дека располагаат со ограничени количини на огревно дрво за пр…

Окт 8, 2010

Градот да биде „газда“ на запуштените објекти на крајбрежјето

Градоначалникот ја посочува и лошата состојба во која се наоѓа  манастирскиот комлекс Св. Наум. Сето  тоа е резулатат на недефинираната сопствност,  нагласува Петрески. Овој прекрасен простор на охридското крајбрежје исто така остава грда слика. Наместо да го развиваме туризмот оставаме впечаток дека објектите и туристичките комплекси ни се запоставени од негрижа, а како виновник за тоа најчесто прстот е вперен кон градските  власти.Министерот за култура пак, Елизабета Канческа Милевска решавањето на овој проблем го гледа со  завршувањето на процесот на денационализација кој е во тек, а со …

Окт 8, 2010

ABR може да го промени животот

Подобар живот за сите пациенти без разлика на возраста и состојбата. Криста Биненс од Белгија е мајка на 12-годишно дете, Питер, која во потрага по помош за сопственото дете се сретнала со Леонид Блум, креаторот на АБР техниката. Денес таа е во Охрид и е дел од тимот кој ќе ги запознае родителите од Македонија со оваа револуционерна рехабилитациона техника.За прв пат на полето на рехабилитацијата и во македонија АБР терапија, со која сите деца добиваат трајни подобрувања, терапија која нуди напредок без граници. АБР или Advanced Biomechanical Rehabilitation има уникатен пристап кон проблеми…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top