Ное 1, 2010

Пензионери од Пустец го посетија Охрид

Она што за нас е малку, за некој е многу. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, се понуди за помош на Пустец во делот на инфраструктурата. Петрески тоа го направи во рамките на посетата на голема група пензионери од Пустец, Р.Албанија, кои денес беа на прошетка низ Охрид. Градоначалникот потенцира дека иако економската криза е надвисната насекаде во државава, малку од малку можат да одвојат средства од буџетот на локалната за подобрување на условите за живот на македонците во Пустец. Градоначалникот на општина Пустец, Едмунд Темелко, рече дека во Охрид се чуствуваат како дома, и не…

Ное 1, 2010

Докуметарец за прославата на Водици во Охрид

Не очекува премиера на документарниот филм за Водици, за кој како режисер се потпишува охриѓанецот Илија Пиперкоски. Овој млад режисер, кој веќе подолг период живее и твори во Романија, годинава изработи документарен филм посветен на големиот христијански празник, Богојавление – Водици и самиот чин на фрлање на светиот крст во водите на Охридското езеро. Филмот својата премиера ќе ја доживее на 24 декември оваа година во Охрид, 14-ти јануари 2011 во скопје, а после тоа како што вели Пиперкоски, филмот ќе почне да го шета него како режисер низ Европа, со цел оваа наша традиционална прослава …

Окт 30, 2010

Владина кампања „Ден на идеи 2010“

Охриѓани се вклучија во владината кампања „Ден на идеи 2010“. Тие денес на градскиот плоштад ги запишуваа своите предлози со надеж дека ќе стигнат во вистински раце и дека за скоро време владата ќе ги прифати и реализира. Охриѓани на градскиот плоштад ги запишуваа своите идеи и предлози. Голем број од нашите  повоздрасни сограѓани имаа што да и предложат на Владата, верувајќи дека нивниот предлог во голема мера ќе им помогне на останатите. Владината кампања  „Ден на идеи“ Граѓаните за Македонија во  Охрид ја надлегедуваше Министeрството за одбрана со свои претставници. „Преку оваа акција…

Окт 30, 2010

Наскоро во Воска ќе се уреди коритото на Грашница

За два дена истекува објавениот тендер за уредување на речното  корито на реката Грашница. Се очекува за 90 работни дена жителите од Воска да добијат  урбано среден речен кеј и спречување на понатамошни  поплави од оваа река,  информира Емин Селман, раководител на Одделението за комунален развој и сообраќај при Локалната  самоуправа. Ќе се уредува каналот на улицата „Гоце Делчев“ кон бул. Туристичка. Селман ги посочува придобивките од овој зафат и вели „со регулирање на речното корито ќе се спречат поплавите, но и дивите приклучоци на големиот број фекални канализации. Со нивната елиминациј…

Окт 29, 2010

Продолжува препукувањето на релација Градоначалник – О.К. на ВМРО-ДПМНЕ

Продолжува препукувањето на релација Градоначалник – О.К. на ВМРО-ДПМНЕ. Реториката на прес конференциите не го смени текот, туку остана на исто ниво. Градоначалникот Петрески истакна  „ Јас сум одговорен градоначалник и за разлика од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ секогаш сум подготвен да одговорам на прашањата на граѓаните, но преку глава ми е да одговарам на секојдневните неаргументирани обвинувања од локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Искрено да кажам дека овој притисок со напади врз мене од страна на ОК на  ВМРО-ДПМНЕ е наредба од нивната партиска централа со што по секоја цена сакаа…

Окт 29, 2010

Се бара најдобар начин како да се спаси рибниот фонд

Охридската  пастрмка продолжува нелегално да се лови,  ја има во рестораните од двете страни на езерото, и на албанска и на македонска страна. Ендемичниот вид и понатака е ставен на немилосрдно ловење и истребување. И по 6 години од донесената  забрана за нејзиното ловење нема подобрување во заштитата на рибниот фонд. Спортските риболовци алармираат дека ситуацијата со рибниот фонд е критична. Радован Димитриески прет. СРД Св Апостол Павле посочува  дека и покрај забраната  езерската полиција оваа година запленила само 1600 м мрежа и поднела 5 кривични пријави. Албанскиот преставник од Била…

Окт 29, 2010

Претставен инструментот за борба против сите видови на организиран криминал

Отворена Единицата за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на законот ILECU. Директорот на Бирото за јавна безбедност во Македонското МВР, м-р Љупчо Тодоровски на претставувањето на оваа единица, изјави дека во единицата покрај македонската полиција учествуваат и Јавното обвинителство, Министерството за правда, финансиската полиција и Царината, а станува збор за проект наменет за сите земји од западен Балкан со примарна цел да се воспостават вакви единици во што повеќе земји од регионов и пошироко. „Идејата е сите информации кои што ги добиваат овие служби или тие…

Окт 28, 2010

Живко Митрески избран за претседател на ССМ

ССМ во Охрид денеска го одржаа на 18-от Конгрес. Досегашниот вршител на должноста претседател, Живко Митрески, е избран за претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија – ССМ. За него гласаа сите 99 присутни кандидати од вкупно 120 колку што го сочинуваат синдикатот. Во своето обраќање на конгресот, претседателот на ССМ, Живко Митревски истакна дека пред синдикатот е период на консолидација, надминување на внатрешните проблеми  и подобрување на стандардот на  работниците, кој во период на економска криза е на ниско ниво. „Самото присуство на поголем број на најрелевантни претставници…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top