Ное 22, 2010

Заврши конкурсот за избор на директори во охридските болници

Според Mинистерството за здравство, овој избор се спроведува во сите здравствени установи во земјата, како резултат на престанување на постоење на економските директори, бидејќи  двојното менаџирање се покажа  како финансиски неоправдано. Здраваствениот совет, по предлог на министерот за здравство ќе ги разгледа и утврди најдобрите кандидати. Како што дознаваме, за функцијата директор на Општа болница Охрид се пријавиле двајца кандидати. Покрај  актуелниот ВД директор Љубен Арнаудов се пријавил и неговиот колега гинекологот Д-р Боро Петрески. На конкурсот за избор на директор во ЈЗУ Здравс…

Ное 22, 2010

Опаднат интересот за имунизација од сезонски грип

Граѓаните во овој  период на имунизација  покажале  послаб интерес во однос на минатата година, за да примат вакцина против сезонскиот грип. Центарот за јавно здравје од Охрид набавил 3000 вакцини. За намалениот интерес за примање на вакцина против сезонски грип д-р Михаилов посочува две причини. Ланската кампања против вакцината за свинскиот грип, како и моменталните временските услови. Ланската кампања против вакцината за свинскиот грип и фамата со минатогодишните случувања и искуства со оваа вакцина, сепак без поголемо влијание врз граѓаните. Граѓаните, и покрај се сепак и веруваат на ме…

Ное 22, 2010

Кој ќе биде новиот кум за Водици 2011

Во тек е огласот за кандидатура за кум на оваа манифестација. Томе Тримчев од Здружението „Богојавление“, информира дека до сега до здружението се пристигнати две кандидатури. Инаку, носителот на оваа престижна улога ја има честа да го прими и дарува оној кој ќе го фати светиот крст и да се грижи за покривање на материјалните трошоци. Кумот го има едно од најзначајните места во целата религиозна церемонија која се одвива за време на овој голем христијански празник. Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголе­ми­те христијански празници, зашто на тој ден, според …

Ное 20, 2010

Охрид исполнува услови да се справи со државното земјиште

Општина Охрид ги исполнува условите за процесот на отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште. Владата на Р. Македонија го има разгледано нацрт Законот и веќе е стигнат до Парламент. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески како член на Управниот одбор на ЗЕЛС заедно со останатите градоначалници од земјава имаат околу 20 забелешки. Петрески верува дека Владата ќе ги прифати забелешките, како заеднички став на сите градоначалници. Тој изјави оти добар дел од општините ги исполнуваат условите за отуѓување на земјиштето, а посебно ја посочи општина Охрид која според него има доволен…

Ное 20, 2010

Свечено промовиран музејскиот комплекс во Градиште

Праисториската наколна населба Залив на коските кај Плоча Миќов град, синоќа беше свечено промовирана. Музејскиот комлекс во Градиште пред голем број посетители беше претставен со бројни содржини. “Не се работи само за праисториска населба, туку за импозантен  музејски комплекс“ истакна задоволно од реализираното Министерот за култура Елизабета Канческа Милеска.  Покрај музејската поставка и 24 –те праисториски куќи, реконструиран е Римскиот кастел, изградени се пристаниште и две плажи, 19 бунгалови, амфитеатар за одржување на културни манифестации. Со ова се заврши владиниот проект во цело…

Ное 20, 2010

И на малите улици им дојде ред

После неколку децении чекање, ќе бидат санирани и некои од малите улици во градов. Жителите кои живеат на четирите мали улици, кои ги поврзуваат улиците „Питу Гули“ и „Ѓорче Петров“, се жалат дека веќе со децении чекаат да бидат санирани нивните улици. Од Оддлелението за сообраќај и комунален развој при Општина Охрид, најавуваат дека при крај се подоготовките за реализација на мини проектот со кој ќе се реши овој проблем. Советникот за улици и патишта Зоран Шикалески, вели дека само една од овие улички е во функција и тоа онаа која е најблиску до ОУ „Христо Узунов“, додека останатите за ост…

Ное 19, 2010

Партизани и германци

Дваесет и шестата седница на охридскиот Совет помина безболно. Предлог одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на општина Охрид за 2010 год помина без поголеми препукувања. Јованка Дамоска од ВМРО- ДПМНЕ укажа на очигледни погрешни проценки на одредени ставки од буџетот, за што реагираа и на  минатата седница но добиле само сувопарно образложение од Комисијата за финансии и буџет. Дамоска рече дека ако добро се погледнат приходните ставки ќе се види каде лежи главниот проблем. Борис Стефаноски загрижен за делот каде тој има влијание, во Комисијата за комунална дејност. Стефаноски ту…

Ное 19, 2010

Охриѓани денес се покажаа

Денот на дрвото прерасна во традиционална акција која секоја година се спроведува во државава. Идејата на амбасадорот на мирот на УНЕСКО, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов која се роди во август 2007 година беше широко прифатена па од година во година оваа акција е се помасовна. Целта е преку засадување на дрво од страна на секој граѓанин на Р. Македонија да се обноват шумите и зелените појаси во државава. Годинава за прв пат во оваа акција се вклучија и од  Центарот за Јавно здравје и Општата болница од Охрид. Портпатолот Василески се пофали дека на ова поле работеле и во и…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top