Мар 3, 2011

Законот за Охрид, конечно во собраниска процедура

Иако најавуван од голем број пратеници, од најразлични владеачки гарнитури, нити една од нив досега не го направила овој чекор. Конечно ќе се донесе нормативната рамка со која ќе се направи обид да се заштити старото охридско градско јадро. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, за ТВМ изјави дека веќе изработениот закон влегува во собраниска процедура. По влегувањето во Собраниска процедура се очекува да бидат одржани јавни расправи на кои своите ставови и мислења ќе можат да ги искажат и заинтересираните субјекти, експерти, здруженија на граѓани и сл. „Во среда на …

Мар 3, 2011

Ќе се реконструираат дрворедите на градските улици

Дрворедите во Охрид ќе се преуредуваат. После педесет години ова е прва иницијатива на Локалната самоуправа од Охрид, да пристапи кон решавање на една рак рана. За таа цел, денес, во општината, се одржа јавна расправа помеѓу претставниците на Локалната самоуправа, во присуство на експерти од охридските еколошки друштва. Пристап кон реконструкција на постоечките дрвореди во централното градско јадро е општата констатција на сите учесници. На ова поле, неопходен е  зафат кој во најскоро време треба да се преземе. Советникот за сообраќај Зоран Шикалоски, задоволен од текот на цела расправа реч…

Мар 3, 2011

Неизграденото државно земјиште ќе им се враќа на општините

Процесот на менаџирање со земјиштето, ќе биде олеснат со изработка на посебен компјутерски софтвер, кој ќе биде дистрибуиран до први јули 2011 година.Управување со градежното земјиште на транспарентен начин преку електронско јавно наддавaње, со овие зборови Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, го објасни основниот принцип на новиот Закон за градежно земјиште. На овој начин, управувањето со градежното неизградено земјиште, ќе почнат да го вршат единците на локалната самоуправа. Од страна на министерството, ќе се формира работно тело, кое ќе врши обукa на општинската администраци…

Мар 2, 2011

Златара „Горан“ под инспекциски надзор

Златара Горан под инспекциски надзор. Реакцијата на граѓаните и дуќанџиите во врска самоволието на поединци кои прават зафати врз своите деловни простори во строго заштитената зона, допре до уштите на надлежниот инспекторат. Утрово од страна на овластен градежен инспектор стопирани се зафатите врз златарата Горан која што се наоѓа во трговскиот центар АМАМ. Како што веќе ТВМ информираше сопственикот на дуќанот, Кире Булески вчера во два наврати изнесе две контрадикторни изјави. Најнапред рече дека ќе прави санација на фасада за која има одобрение од пред една година, а веднаш потоа изјави д…

Мар 2, 2011

Недела на борба против „тивкиот крадец“ на видот, глаукомот

Недела за борба против болеста, која после Дијабетисот е втора водечка причина за слепило во светот. Др.Соња Филева, олфталмологот при ЈЗУ Општа болница од Охрид, вели дека станува збор за болест на очниот нерв, при што поради покачен интраокуларен очен притисок, доаѓа до негово оштетување. Болест која предизвикува трајни и медицински и социјални последици кај пациентите.Филева додаде дека оштетувањата на видниот нерв, предизвикани од оваа болест се трајни и иревирзибилни. Колку болеста порано се открие, дотолку  со соодветен третман може да се спречи прогресот кај болеста. Офталмологот, Др…

Мар 2, 2011

Побезбедно без семафори ?

Раскрсницата кај основното училиште Христо Узунов се регулира само со сообраќајни знаци. Граѓаните загрижени за својата безбедност. Од секторот за сообраќај и улици велат, тоа е во нивна полза. Ова можеби ви изгледа малку нелогично, но е дел од објаснувањето што го добивме од Локалната на прашањето зошто овие семафори веќе години наназад не функционираат. Раскрсницата на која поминуваат голем број  деца, е регулирана само со сообраќајни знаци. Зоран Шикалески, од секторот за сообраќај и улици вели дека безбедноста на граѓаните се загрозувала ако работат семафорите.  Шикалески вели дека тоа …

Мар 2, 2011

Локалната за сработеното

Раководителите на секторите од локалната самоуправа со аргументи против обвинувањата упатени кон нив од страна на ВМРО ДПМНЕ. На денешната пресс конференција секој од нив даде отчет за она што го сработиле во текот на минатата година. Во име на секторот за комунален развој, сообраќај и улици, говореше Зоран Шикалески.  Тој посочи дека минатата година овој сектор до советот поднел 4 извештаи од кои три квартални и еден годишен. „На вчерашната пресс конференција беа изнесени низа лаги и невистини за работата на овој сектор. Добро е познато дека секоја програма има приходен и расходен дел. Едн…

Мар 1, 2011

Одобрение, што е тоа?

Охридската чаршија спаѓа во строго заштитена споменичка целина на градот. Секоја измена во таа зона, дали се работи за доградба, надградба или санација на фасада на објекти, треба да помине низ повеќе институционални филтри, секако со уредно доставена проектна документација од страна на барателот на услуга. Од страна на Завод и Музеј Охрид, како една од релевантните страни за добивање зелено светло за видоизменување на објектите кои спаѓаат под заштита, директорката Тања Паскали Бунташеска, вели дека се работи по строго дефинирани правила согласно новите измени и дополнувања на Законот за г…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top