Повторно големи ветувања за решавање на проблемот со поставување на урбаната опрема во градов за претстојната летна туристичка сезона. Минатата година, иако беше донесен Правилник за поставување на урбана опрема, изгласан од охридските советници, а поделбата на локации се одвиваше за прв пат преку лицитација, сепак, по охридската чаршија, кејот и шеталиштето се тргуваше на големо, се тргуваше нелегално. На последната одржана седница на Советот, одржана на крајот на месец февруари годинава, беше донесена годишната програма за поставување урбана опрема, а овој пат и првиот човек на градов, гр…
На брегот покрај пешачката патека од мостот кој води кон Горица забележан е атак врз трската. Граѓаните кои пешачат на овој дел реагираат дека некој има намера да ја уништи. И објективот на нашата камера на терен забележа дека трската на самиот брег некој ја поткастрил. Останува нејасно кој го сторил тоа и дали некој се обидува постепно да ја откорне. Секоја девастација на трската повлекува кривична одговорност за сторителот, бидејќи таа е со закон заштитена. Но, случувањата на овој потег покажуваат дека таа не се штити доволно.
Државниот инспектор молчи. Не одговара на нашите телефонск…
На утрешната 31- седница на советот на Општината, охридските советници ќе расправаат околу финансиското работење на јавните претпријатија и општинските училишта.
Исто така, на дневен ред ќе се најде и Предлог одлуката за усвојување на дополнувањето на Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид.
Финансиското работење на охридските јавни претпријатија, тема на утрешната седница на советот на општината. Покрај јавните претпријатија, извештај за своето работење пред советниците, ќе поднесе и Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат. И усвојувањето на Извештајот …
Османлиската империја кон крајот на 18 век ја зафаќа феудална анархија и започнува да слабее. Пашите и беговите во тоа време претпоставени на султанот изразуваат непослушност кон него и од собираниот данок не плаќале ништо. На почетокот биле помалку, но подоцна бројот на ваквите феудалци се зголемувал се повеќе и повеќе. Меѓусебно војувале за превласт на имотите. Ваквите феудалци главно ги имало по еден во секој град. Во Македонија најпознати биле Абдурахман-паша од Тетово, Исмаил-бег од Серес, Реџеп-паша од Скопје, Алија-бег од Струмица и најголемиот од нив Али-паша Јанински од Јанин…
„Законот за заштита на старото градско јадро“, попознат како закон за Охрид, во вторник влегува во собраниска процедура. Со донесувањето на овој закон, не значи дека нема да се гради, туку дека тоа ќе се прави според дефинирани и јасни правила во насока на зачувување на автентичноста на Охрид, вели пратеникот Александар Николовски.
„Законот за заштита на Охрид има две точки на заштита. Првата е старото градско јадро или делот кој и досега беше заштитен од завод и музеј- Варош, Месокастро, зоната кај Канео, Кошишта и шеталиштето кај кејот“, додава Николовски.
„ Во овој дел се предвидува ко…
“Општата болница ,на чија огласна табла вчера осамна фотомонтажа на која раководството на СДСМ маршира во нацистички униформи,наместо вината за овој скандал да ја бара кај себе , ја обвини локалната самоуправа.“- Симон Илиески, портпарол на Локална самоуправа.
„Далеку од здравиот разум е некој да поверува дека некој вработен од локалната самоуправа ,на огласната табла што се наоѓа во административната зграда на општата болница на неколку чекори од директорскат канцеларија,незабележано да влезе и да ја постави фотомонтажата.
Со особена почит кон вработените кои ни криви ни должни некој …
Контроверзната слика која вчера се најде на огласната табла во управната зграда на Општата болница на која раководството на СДСМ беше прикажано во нацистичка униформа, ги крена на нозе раководните лица на оваа установа. На денешната прес конференција тие целосно се оградија од поставувањето на сликата. Велат дека тоа е конструкција на СДСМ и Локалната самоуправа. „Постојаното омаловажување на вработените на Општа болница и менаџерскиот тим, од СДСМ и Локалната самоуправа само покажува до кое дереџе се дојдени како политичка структура.“-рече портпаролот на Општа болница-Д-р Сашо Василески.
…
Вработените во НП „Галичица“ се оставени три месеци без плата, по престанокот на манадатот на двајца членови на Управниот одбор, алармира за состојбите во паркот, членот на управниот одбор, Ванчо Костоски. Владата од месец ноември мината година усмено ги разреши членовите. „Одлуката на Владата за суспензија на членовите на УО сеуште ја нема во службен весник и нема нови назначувања“, укажува Костоски. Таквата ситуација се одразува во работењето бидејќи не е донесен буџетот на установата и нема одлуки за работата од страна Управниот одбор.
Со ваквиот несериозен однос на Владата се блокира…