Апр 22, 2011

„Солено“ јагнешкото ама и зеленчукот

Јагнешкото месо кое традиционално го има на трпезите за Велигденските празници достигна фантастични 420 денари за килограм. Неговата малопродажна цена од ден на ден се зголемува, а само пред една недела можеше да се набави по цена од  360 до 380 денари. На пазарот покрај јагнешкото месо се продаваат бели и црни дробчиња по цена од 170 денари, јагнешки глави за 60 денари, а шкембето се продава по 120 денри. На пазарот се чувствува  недостиг од јагнешко, а побарувачката од страна на граѓаните расне,  нагласуваат трговците. Високата цена на јагнешкото месо  трговците ја правдаат со извозот на …

Апр 22, 2011

Денот на детето

Денес во Турција се одбележува 23 април, денот на националниот суверенитет и празникот на детето. Кон прославата на празникот на детето, кој масовно се слави во Турција, денес се приклучи и О.У. „Братство Единство“. Тие во дворот на училиштето низ игра и песна, покажаа чест кон Мустафа Кемал Ататурк, човекот кој овој ден го поклонил на детето. Проф. Ајсеј Доко, рече дека Ататурк оставил јака порака во чест на денот на детето. „Го подарувам овој ден на децата бидејќи денешниве деца се наша иднина“. Таа додаде дека овој празник се слави насекаде во светот каде што има турци. Посебно големи пр…

Апр 22, 2011

Да ја зачуваме планетата Земја

Американскиот сенатор Гејлорд Нелсон, далечната 1970 година организираше протест кој беше насочен кон подигнување на свеста за загадувањето на воздухот и водата. На 22 Април, повеќе од 20 милиони Американци излегоа на неговиот протест, и на она што денес сите го знаеме како Ден на планетата Земја. Обединетите нации овој ден го слават под името Светски ден за заштита на животната средина. Слоганот на овогодинешниот Ден на планетата Земја е „Милијарда зелени дела“ кој ја потенцира потребата од активно вклучување на секој поединец во глобалната акција за спасување на нашата планета. Денешното …

Апр 21, 2011

Денес се слави Велики четврток

Првиот ден или почетокот на Велигден најголемиот празник за православната црква и религија. Главно за овој значаен ден од Страдалната седмица е дека Господ Бог тогаш ги востанови двете суштествени тајни за нашето спасение: Светата евхаристија и Исусовата. Со други зборови, на Велики Четврток почнува светотаинскиот живот на Црквата. Денот започна со Христовите последни поуки за карактерот на љубовта што треба да ја стекнеме ако сме Негови, Неговото смирение. А заврши со предавството на Богочовекот Исус Христос на првосвештениците и фарисеите, извршено од Јуда Искариот, еден од бројот на Дван…

Апр 21, 2011

Отворен саем на училишни компании

Се отвори саемот на училишни компании (Охрид 2011). На него се претставија 8 виртуелни компании со сосема различна дејност. На денешната свеченост  учениците од Економското училиште  од Охрид,  имаа можност да ги презентираат вештините, искуствата и достигнувањата стекнати во текот на образовниот процес. Организаторите на проектот повеќе од задоволни од идејата, подготвеноста и реализацијата на замислените компании од страна на средношколците. „ Интензивно се подготвувавме за саемот на училишни компании. Она што требаше да го работиме во текот на целата година, ние го направиме за еден месе…

Апр 20, 2011

Нема отворени прашања помеѓу Македонија и Русија

Отворено ново поглавје во руско – македонските односи. Посетата на Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на Охрид, уште една потврда дека и онака добрите економско –политички односи, се продлабочуваат. Првиот човек на македонското министерство за надворешни работи Антонио Милошоски, за денешната посета на високиот руски дипломат, рече дека има и современ и историски симболизам бидејќе се случува на денот кога се одбележува јубилеј, 150 годишнина од првото руско дипломатско присуство на територијата на Р. Македонија. Милошоски рускиот колега комплетно го запознал со слика…

Апр 20, 2011

Како до општински пари за проекти од локален економски развој ?

Откако општината на 23 Март објави јавен повик за финансирање на проекти од областа на туризмот и локалниот економски развој, приватните станоиздавачи пројавиле најголем интерес за општинските средства. Покрај финансиската помош од општината, за најголем бенефит од ваквите активности, од секторот за туризам и локален економски развој го сметаат практичното искуство кое ќе го стекнат апликантите при изработката на ваквите проекти. На денешната консултативна средба се разговараше за условите за аплицирање. „Оваа средба беше со цел да се поедностават или разјаснат процедурите за подготовка на…

Апр 20, 2011

Банџи туристичка сезона

Програмите за поставуње урбана опрема, кои ги носи Советот на општина Охрид, не ветуваат многу. Пример за ова е и денешниот настан, кога во градскиот парк почна поставувањето на детските реквизити за забава. И покрај апелот кој пред еден месец Градоначалникот Александар Петрески го испрати преку нашиот медиум велејќи дека нема да толерира никакви ургенции, сепак првиот човек на градот, заборави да спомне дека договорите кои закупците си ги имаат потпишано со Општината, се важечки. Така, програма или не ,денес во градскиот парк во близина на градската чешма, почна поставувањето на детските р…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top