Лесковчани најавуваат вевчанско сценарио. „Доколку градоначалникот на Охрид, Александар Петрески не ја преиспита последната изјава дадена на вчерашната седница, во која се заканува со асистенција на службите за безбедност доколку не се дозволи пристап до броилото, нема да останеме рамнодушни“. Ваков е ставот на претставници на охридското село Лескоец, во врска нерешените проблеми со водововодно инсталациониот систем. Тие повикуваат на уште една мирољубива средба.
Велоски вели, доколку градоначалникот неможе да се справи со моменталната состојба што друг му ги мати неговите води, тие воопшто…
Водата во Охридското езеро, со одличен квалитет. Над 95 % од испитаните примероци се од прва класа, велат од Центарот за Јавно Здравје од Охрид. Бромологот Сашо Точко, истакна дека само за месец мај се извршени физичко-хемиски и микробиолошки анализи на над 30 примероци, земени од локации од комплексот Св. Наум до селото Радожда. Единствено на три локации, испитувањата покажуваат вода од втора класа. И тоа кај сливот на Грашница, кај селото Калишта и кај кампот Ливадишта. Точков ја објасни причината за вака високиот квалитет на водата од езерото во овој период од годината.
Од центарот очек…
Собраните пари кои ќе се приберат од хуманитарната акција „За посреќно детство“, која традиционално се организира од општинската организација на Црвен крст, овој пат ќе бидат наменети за помош на најмладите од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца. Во продажба веќе се пуштени учеснички талони со броеви, со кои хуманите луѓе преку разни спортски активности, можат да се вклучат и да ја помогнат оваа акција, истакнува Мимоза Ставреска, активист на Црвениот крст.
За да се стимулираат граѓаните со вклучување на хуманитарно-спортска акција обезбедени се и бројни награди. Волонтеро…
Охрид, домаќин на меѓународна научна конференција. Истакнати професори по безбедност од југоисточен Балкан во организација на факултетот за безбедност од Скопје, овие два дена ќе имаат можност да претстават 85 трудови од над 100 автори од осум земји. Темата е „Безбедноста на постконфликтниот (западен) Балкан, транзицијата и предизвиците на Р. Македонија. Професор Цане Мојаноски рече дека оваа конференција е од исклучителна важност, посебно што годинава се навршуваат 10 години од конфликтот во земјава, а посебно за Охрид, каде е склучен договорот кој е основа за градење на соживот меѓу макед…
Денешната 34-та седница на Советот на општина Охрид започна со пауза. Причина за тоа беше недоразбирањето помеѓу позицијата и опозицијата во Советот, по предложувањето на дополнителната точка за дневниот ред од страна на советникот од ВМРО ДПМНЕ, Љубен Буџакоски. Тој бараше да се дискутира за одделување на водоводот во село Лескоец од мрежата на МЈП Проаква.
Советникот од СДСМ Томислав Тунтев побара образложение за предложената точка и запраша “Водоводот, кој е во функција, да биде одземен и вратен – каде?“
За да ги смири страстите, градоначалникот истакна дека и покрај тоа што со оваа …
Прва пресс конференција на Општинската изборна комисија. Претседател на истата е Ангелина Недеска, заменик претседател е Арсим Османи, а челнови на коомисијата Наташа Србиноска, Оливера Лечоска, Томе Џамтоским, Сeрафин Наумоски и Ранко Крстески. За предвремените парламентарни извори во општина Охрид ќе се гласа на 72 гласачки места, укинато е само гласачкото место во Скребатно поради недостаток на гласачи. истите ќе гласаат во Лескоец.
„Вчера беа утврдени составите на избирачките одбори. Составите остануваат на мандат со исклучок на оние кои се иселени, не се во работен однос или имаат сем…
Образованието не е детска играчка туку премногу сериозна работа, истакна на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од 5 –та ИЕ , од редовите на СДСМ, Митре Вељаноски. По 5 години цунами во образованието му престои долг период на опоравување и вети воспоставување ред во настанатиот хаос на сите образовни нивоа. Вељаноски, помеѓу другото порача, новата Влада на СДСМ ќе ја врати изгубената автономија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, ќе ги наградува професорите, ќе ја поправи безбедноста во училиштата, ќе гради детски градинки, а не споменици.
Носителот на изборната листа на ВМ…
Прес конференција на О.К. на ВМРО-Народна, посветена на текот на предизборната кампања и притисоците кои актуелната власт ги вршела врз нивните членови. Претседателот на О.И.Ш од оваа партија, Ванчо Костоски, изјави дека се задоволни од одзивот на граѓаните на нивните предизборни промотивни активности, што претставува еден од соновните показатели дека, ВМРО-Народна, ќе освои голем број гасови и ќе биде дел од новата влада на РМ.
„Најдобрите резултати ќе ги покажеме токму во 5-та изборна единица односно во охрид, каде според нашите сондажи можеме да бидеме први со најголем број освоени гл…