Јун 17, 2011

Пишувај гласно, зборувј моќно

Мотивација и желба за студирање. Ова е еден од условите кој треба да го исполнат студентите кои сакаат да се запишат на високата школа за новинарство и односи со јавноста. Сеуште тече конкурсот за упис на студенти на оваа школа за 2011-2012 година. Вкупно 80 студенти можат да се запишат на високата школа за новинарство, а со тоа да го искористат и правото на прв професионален ангажман уште за време на студиите, вели Александра Теменугова, раководителот на наставна програма.„Кандидатитетреба да имаат завршрно 4 години средно образовоание кое што треба да го потврдат. Исто така високата школа…

Јун 17, 2011

Промовиран насловот „Прозна молитва“

Љубица Чифлигароска, поетеса од Охрид во збирката раскази „Прозна молитва“ се јавува како прозаист. Таа е една од 18 –те автори чии раскази се најдоа како дел од оваа книга.Чифлигароска на денешната промоција на книгата  истакна дека ја брани поезијата и прозата бидејќи придонесуваат луѓето послободно да ги искажат своите чувства. Даваат можност да се извлече поука и да се залечат раните во душата.Книгата „Прозна молитва“ е издадена под покровителство на  Здружението на љубители на македонската литература, култура и наука. Професорот Вангелко Лозаноски, претседател на оваа здружение истакна…

Јун 16, 2011

Уништени запленетите рибарски мрежи

Вкупно 1440 рибарски мрежи  запленети од Езерската полиција во водите на Охридското Езеро, денеска беа уништени на депонијата во Мауцкер. Пред уништувањето Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска лично ги виде запленетите мрежи во седиштето на езерската полиција. „Денеска ќе бидат уништени вкупно  1440 рибраски мрежи со вкупна должина од 70 километри. за илустрација тоа е двојно повеќе одколку што е должината на државната граница со Република Албанија“, истакна министрката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. „Можам да констатира дека во периодот кога се запленети овие мр…

Јун 16, 2011

Mеѓународна конференција за борба против трговија со дрога

Охрид домаќин на Меѓународна конференција посветена на “Националните стратегии за борба против трговијата со дрога – намалување на снабдувањето со дрога“. Конференцијата е во организација на Министерството за внатрешни работи и Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили. „Ваквите конференции се од исклучителна важност не само заради темата која се обработува, туку несомнено претставува еден од најсложените проблеми и еден од најкомлексните облици на криминал, туку и заради можноста експертите на соодветно ниво да се започнаат меѓу себе и да рзговараат за новите техники и …

Јун 15, 2011

Финишираат подготовките за фестивалот на францускиот филм

Од 2 до 5 јули по четврти пат во Охрид ќе се Фестивалот на француски филм. Директорот на фестивалот за Македонија Зоран Велјаноски – Летра вели дека на селекцијата на програмата се работело  цела година. „ На фестивалското издание ќе има поширок избор на филмови од најновата француска продукција“, додава Велјаноски. „ Подготовките течат непрекинато цело време разговараме преговараме со француските партнери со Францускиот културен центар, Француската амбасада Министерството за култура и градот Охрид. Мислам дека за многу кратко време ќе излезиме и со кои филмови“, вели директор на Француски…

Јун 15, 2011

Охриѓани повеќе се плашат од цените отколку од ешерихија коли

Европа и натаму се соочува со опасната бактерија ешерихија коли. Откако се појавија информациите дека таа била пронајдена во краставици низ пазарите во Германија, продажбата на зеленчук, а посебно на краставиците нагло падна, дури имаше и забрани за нејзин увоз во некои земји. Во Македонија ваква опасност не постои. Всушност, според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во април 2011 година изнесува 563.364 денари што претставува зголемување за 6,4 отсто во споредба со април 2010 година. И додека во еден период краставиц…

Јун 15, 2011

Проработи информативниот центар на Галичица

Информативниот центар на НП „Галичица“, ставен во функција. Управата на паркот веќе ги зазеде своите позиции во канцелариите на центарот, уште пред еден месец. Во тек е фазата на уредување на делот за посетители. Според најавите на директорот на паркот Зоран Ангелоски, до крајот на јули целиот објект треба да биде комплетно уреден и официјално да биде ставен во употреба за сите посетители. Изминатиот период во рамките на активности на националниот парк се случија многу работи. Една од нив е процедурата за обука на лиценцирани туристички водичи која е единствена од ваков карактер во земјава,…

Јун 14, 2011

Да се ослободиме од стравот на минатото

Австралиско македонски театар од Сиднеј, гостува во Охрид. Тие ќе ја изведат претставата Господин Балкан. Оваа драма е сведоштво за емоционалната траума на македонската нација каде се осветлува периодот во македонската историја, кога невини деца присилно се иселувани од своите домови од егејскиот дел на Македонија. Директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска вели дека вратите на центарот се ширум отворени за гостите, актерите на австралиско македонскиот театар од Сиднеј, кои меѓу 8 те градови во Македонија решиле да се претстават и во Охрид. Австралиско македонскио…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top