Се изготвува проект за заокружување на колекторскиот ситем од македонска страна. Претставници од ЈП од општините Охрид, Струга и Дебарца дискутираа за работната документација со која би се дозавршил колекторскиот систем од Градиште до Св Наум.
„ Следен чекор е добро да се издефинира тендерската докуменатација, а кога ќе се дефинира тоа треба да се направи набавка и избере економски оператор кој ќе ја изготви физибилити студијата за одведување на отпадни води од потегот Градиште до комплексот Св. Наум и со тоа се заокружува колекторскиот систем на тој дел од езерото и езерото бидејќи е под …
Дополнување на уште една коцка на мозаикот на градското зеленило во градов. Покрај селектирањето на хартијата и пластиката, ЈП „Охридски Комуналец“ почна со селектирање и на зелен отпад. Тоа го прави шредер, машина набавена од Германија, за што ЈП одвои нешто повеќе од 2 000 евра, средства од сопствен буџет. Првиот човек на претпријатието Сашо Алче, вели дека капацитетот на машината е од 6 до 8 метри кубни преработка на зелен отпад на час. Како продукт се добива муљч, кој пак ќе се употреби за подобар изглед на градските паркови, додава тој.
Ваквиот чекор е во интерес на граѓаните како би с…
Во охридскиот центар за вработување заклучно со месец јуни се евидентирани 9.800 невработени лица. Ваков пад под 10.000 невработени е забележан после долго време, вели првиот човек на Центарот Јован Баткоски. Интенција на Агенцијата за вработување е во иднина да се има приближно реалната бројка на лица кои вистински бараат работа, а не и на оние кои формално се дел од списокот за вработување. Но, иако се прават обиди да се има вистинската слика за неварботените тоа во моментов е невозможно нагласува Баткоски. „ Податоците кој вистински бара работа е тешко да се согледаат заради тоа што…
Во Општинското средно училиште „Ванчо Питошески“ 50-те кандидати кои полагале државна матура го положиле задолжителниот предмет Македонски јазик и литература. 27 ученици положиле Англиски јазик од 40 пријавени, а 13 ученици паднале. Еден ученик бил пријавен и го полжил испитот по Германски јазик, а двајца пријавени по Француски јазик не успеале да положат. По предметот математика биле пријавени седум ученици и сите не успеале да добијат преодна оценка, информира Секула Баткоски дирктор на ОСУ „Ванчо Питошески“.
За завршниот испит за 4 степен образование, пак биле пријавени 100 ученици о…
Охридскиот базен наскоро ќе биде ставен во функција.
Во завршна фаза е монтирањето на опремата за овој објект, а неодмна заврши и фарбањето на самиот базен, велат од ЈП „Биљанини извори“. Директорката на ЈП Гордана Јовановска кажа дека опремата од Словенија веќе е на царина и од утре почнува монтирањето на истата. Јовановска додава дека причина за тоа што малку се издолжи периодот на реконструкција на базенот, се временските неприлики, односно големиот број на дождливи денови, кои било пречка за успешно спроведување на самото фарбање на базенот, кое бара одредени оптимални температура и в…
Во 1922 година, на денешен датум, била пуштена во употреба пругата од Ханриево (денешно Ѓорче Петров), преку Падовина (Жеровјане), Групчин, Охридски ниви до Охрид и до струшкото село Ташмаруништа. Возот патувал многу бавно, само 15 километри на час, и до Охрид се стигнувало за два дена. Но тоа не го менува фактот дека пред девет децении поврзаноста меѓу Скопје и Охрид била подобра отколку денес, па наместо железницата да се развие, таа исчезнала и сега со воз најдалеку може да се стигне до Кичево.{loadposition content9}
Охридската екипа „Ентити“ се врати од Трикала, Грција со освоено прво место во електронските спортови. После успехот во националните кавлификации за светското првеснство што треба да се одржи во декември годинава во Кореа петчлената екипа во континуитет нижи успеси. И овојпат покажаа дека се најдобрите меѓу бројна конкуренција на екипи од Балканот и од Израел.
„Им покажавме на Балканот дека се најдобрата елетронска сила, а се подготвуваат за успех и во Кореа , вели челнот на екипата Јован Каланоски“.
Спортистите од „Ентити“ во Грција отпатуваа во сопствена режија. Додека останатите натпрев…
Паѓа одлуката на Советотот да не се гради во централното градско подрачје за време на летната сезона, од 1-ви јули до 31-ви август. Колони автомобили, механизација, зголемена бучавост, прашниви коловози. Вака изгледа јулската летна слика на центарот на Охрид. “Се повеќе инвеститори не ја почитуваат одлуката на Советотот на општина Охрид за неградење во туристичката сезона во централното градско подрачје“ се жали портпаролот на општина Охрид, Симон Илиески .
Градежните инспектори пишувале прекршочни пријави и ги поденесувале до судот, појаснува Илиески и додава дека за понатамошната проце…