Јул 20, 2011

Еко хепенинг со планински чај од Галичица

По повод 21-ви јули Меѓународниот ден на Националните паркови општина Охрид -Сектор за урбанизам и заштита на животната средина во соработка со НП Галичица организира еко хепенинг.Еко хепенингот ќе се одржи на градскиот плоштад на 21-ви јули од 19 до 23 часот. Годинава овој ден ќе се одбележи со промоција на охридскиот планински чај од Галичица, при што на посетителите на штандот ќе им бидат поделени информативни флаери за правилно берење на планинскиот чај, а ќе може и да се проба вкусот на сварениот охридски планински чај.Проектот за Прослава на денот на националните паркови е дел од прое…

Јул 20, 2011

Сериозен инцидент во Охрид поради натпреварот Шкендија-Партизан

Утрово околу 4 часот во близина на дискотеката Парк се случил сериозен инцидент поврзан со вчерашниот фудбалски натпревар.Шест лица од албанска националност од кои едно со американско и едно со швајцарско државјанство кои се превезувале со два автомобили, сопреле такси возило со тројца српски и еден македонски државјанин. Ги извлекле од возилото и со боксови и тврди предмети почнале да ги удираат по телото.Според информациите на полицијата причина за нападот бил загубениот фудбалски натпревар на Шкендија.Сите напаѓачи се приведени во полициската станица Охрид и се работи на целосно расчисту…

Јул 19, 2011

Во Охрид тезга да имам…

Дуќанџии, за време на летната сезона ставете клуч на своите деловни простори, бидејќи повеќе ви се исплатува да си поставите тезга. Проблмите во летната сезона се бројни, репризни и никако да се надминат. Дел од низата проблеми се и тезгаџиите. Досега, согласно тендерска постапка дадени се дозволи за вршење на дејност на 75 тезги. Закупнината за тезгите е сосема мала и со право може да се каже дека таа дури е смешна. Точно тука лежи и сржта на проблемот, секој може да си постави тезга за мали пари а добро да профитира, велат од Општинскиот инспекторат. Празни останаа бројните ветувања и нај…

Јул 19, 2011

Полска носи настан од висок ранг во Охрид

Охрид означен на интернет-страницата на полското претседателство. Полска со настан од високо ниво, што ќе го организира на есен во Македонија, сака да покаже дека ја поддржува земјата на патот кон ЕУ. Но, колку Македонија го користи полското претседателтво за промоција на земјата? На 3. октомври полското претседателство со ЕУ ќе организира во Охрид министерски форум ЕУ – Западен Балкан, на кој ќе присуствуваат министрите за внатрешни работи и правда, како и претставници од Европската комисија, Советот и следната земја-претседавач со Унијата, Данска. Целта е да се усвојат мерки за понатамошн…

Јул 19, 2011

Нема лабаво!

Угостителите и гостите може да заборават на нивната омилена комбинација, филџан кафе и цигарa. Повеќе нема лабаво! Законот за заштита од пушење станува уште поригорозен. Паричните казни сега ќе се заменат со директно затворање на угостителскиот објект во кој не се почитува забраната за пушење. Фактот дека некои објекти упорно не го почитуваа законот, како да ги алармира пратениците, па така доцна синоќа Собранието експресно ги изгласа дополнувањата на Законот за заштита од пушење. Според последните измени и дополнувања, инспекторите имаат законска дозвола, доколку при инспекциски надзор ут…

Јул 19, 2011

Од утре на Галичица или со одобрение или со 3000 евра в џеб

Од утре секој кој ќе сака да се движи во границите на паркот ќе мора да добие соодветно одобрение од дирекцијата на Националниот парк „Галичица“ за престој или посета на паркот. Ренџерите од НП „Галичица“ ќе ги контролираат сите посетители.Стигна забраната  охриѓани и гостите да не смеат да палат скари,  стрништа и плевел во излетничките места кои влегуваат во националниот парк и во шумите. Од денес строго ќе се контролира секое движење на посетителите во шумите и парковите стои во најновата делумна забрана како превенција од летните шумски пожари. Кон оваа забрана се вклучува НП „Галичица“…

Јул 19, 2011

Градоначалникот избира кој ќе го советува во образованието

Непознато името на заменикот  на досегашниот советник за образование Митре Велјаноски кој стана пратеник во законодавниот дом. Од кабинетот на градоначалникот не откриваат кој ќе биде новиот советник. Јавноста  „плете“ разни можности, од тоа дека советникот мора да биде државен службеник до тоа дека за оваа позиција не важи законот за државни службеници. Градоначалникот сеуште не го назначил идниот советник за образование. Она што  дознаваме е негово право во изборот  на личноста  за оваа позиција. Чаршијата пак, веќе шпекулира со  имиња на неколку директори од основните училишта. Понесени…

Јул 18, 2011

Скутерите ќе одмораат до 18 часот

Од 20 јули до 20 август стапува на сила ограничувањето на пловидбата на пловните објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ кои се со јачина поголема од 45 kW кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи за периодот од 11.00 до 18.00 часот секој ден и важи за целата водена површина на Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро. Оваа одлука е донесена за заштита на граѓаните и сите домашни и странски посетители на езерата, односно поголема безбедност на капачите и заштита на животната средина на природните е…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top