Советникот Дејан Паноски од Вмро Дпмне стави забелешка на овој урбанистички план со кој се предвидени високи градби во првата езерска линија, а кои ја загрозуваат сликата на Охрид.Советниците не дадоа зелено светло и за формирање на ново јавно претпријатие Водовод за собирање, обработка и снабдување со вода. Нема ни измени во ценовникот на ЈП Градски гробишта иако советникот Драган Пандески ја образложи потребата од одлуката за утврдување на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“ Охрид. Засега трите погребални оператори во Охрид ја избегнаа таксата од 1000 денари…
Оние кои се со повисок ризик фактор од кардиоваскуларните заболувања навреме да преземат мерки и да се заштитат. Докторите предупредуваат граѓаните што повеќе да спортуваат и да водат поздрав начин на живеење, да внимаваат на крвниот притисок, шеќерот и мастите во крвта.Центарот за кардиоваскуларни заболувања Св. Стефан по втор пат се вклучува во одбележување на Светскиот ден на срцето со организирање на бесплатни кардиолошки прегледи. {loadposition content9}
36 клубови, со околу 800 членови и 150 Лео клубови во Македонија. Лајонизмот и хуманите идеи кои се основата на неговото постоење, стануваат се поприсутни во нашата земја. Охрид е првиот град, покрај Скопје, во кој се формирани лајонс клубови со што се поттикна основање на вакви клубови и во останатите градови во земјава. Во моментот во Охрид функционираат три активни клубови и тоа: лајонс клубот „Охрид“, „Лихнидос“ и „Десарети“. „Зад нас се секојдневно се бројни проекти на хуман план. Помош на луѓе на кои им е потребна помош, на таргет групи, на хендикепирани лица и помош на сите оние на к…
Заврши продолжението на 39тата седница на советот на општина Охрид. Дневниот ред вклучуваше девет точки меѓу кои: предлог одлуката за утврдување Нацрт Урбанистичка планска документација за вон населено место Лагадин – Пештани дел од блок 1-опфат 1 општина Охрид 2011-2016, предлог одлука за условите и начинот на одведување на урбани отпадни води, предлог одлука за давање согласност на Одлуката за задолжување на ЈП „Градски гробишта“ Охрид со долгорочен кредит, како и предлог одлуките за разрешување и именување на членови на училишен одбор во основните училишта „Кочо Рацин“ и „Братство единст…
Се помал бројот на ученици кои се запишуваат во основните училишта. На претходната седница на Совет, советниците ги изгласаа предлог одлуките за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици. Серафим Наумоски од одделението за образование на Секторот за јавни дејности при Општината, информира дека споредбено со минатата година, само во прво одделение се запишале 11 ученици помалку од лани. „ Да бидеме искрени бројката на запишани ученици од година во година бележи пад, на учениците од некаде 548, 530, оваа година бројот е најмал но тоа е во селските средини, односно во п…
Некогашната зграда на Свети Климентовото училиште започна да се дотерува. По враќањето на објектот како црквен имот со процесот на денационализација сега забрзано се реновира неговата надворешност и внатрешност. Од Дебарско- кичевската епархија кратко информираат дека во објектот ќе биде сместена нивната администрација. Реновирањето на зградата се прави според проект одобрен од Завод и Музеј. Работите треба да завршат до крајот на годината. Зградата во текот на минатото имала неколку намени почнувајќи од основно училиште, Музеј на Словенската писменост, простор каде што се чуваа…
Смешко за добра, муртенко за лоша услуга. Вработените во јавната администрација секојдневно ќе бидат оценувани од граѓаните за тоа како ја извршуваат својата работа. Малата направа со трите сликички со насмеано, сериозно и намуртено лице иако изгледа како играчка за деца, сепак од неа ќе зависи дали јавниот административец ќе напредува во својата работа, а за тоа како најзасегнати ќе одлучуваат токму граѓаните.„Тој проект е повеќе пати објавен во медиумите. Во четири институции се уведува уредот каде што се пилотираат моментално предностите и негативностите на ваков уред, да видиме граѓани…
По 10 години во Македонија се регистрирани случаи на беснило кај две лисици и два волка. Минатата година, пак, беснилото беше карактеристично за повеќе земји од Европа. Главен преносител на вирусот е лисицата. Болеста се пренесува преку плунка на заразено животно и преку гребнатина, за потоа вирусот да се внесе низ централниот нервен систем и предизвикува воспаление на мозокот. Најуспешен метод на заштита од беснилото се смета вакцината. Вакцинацијата кај кучињата и мачките е многу важен сегмент за заштита и спречувње на пренос на вирусот кај луѓето. Со денешната акција Македонија првп…