Охридските сопственици бесплатно ги вакцинираа домашни миленици од беснило

Во Охрид за само неколку часа бесплатна вакцина против беснило добија 30-тина домашни миленици. Акцијата се спроведуваше во рамките на кампањата „Здрави животни, здрави луѓе“  под покровитество на  ЕУ и Агенцијата за храна и ветеринарство, а во соработка со локалните ветеринарни амбуланти и општините.

 |  Валентина Нелоска  | 
vakcina besnilo
vakcina besnilo

По 10 години во  Македонија се регистрирани случаи на  беснило кај две лисици и два волка. Минатата година, пак, беснилото беше карактеристично за повеќе земји од Европа. Главен преносител на вирусот е лисицата. Болеста се пренесува  преку плунка на заразено животно и преку гребнатина, за потоа вирусот да се внесе низ централниот нервен систем и предизвикува воспаление на мозокот. Најуспешен метод на заштита од беснилото се смета  вакцината. Вакцинацијата кај кучињата и мачките е многу важен сегмент за заштита и спречувње на пренос на вирусот кај луѓето. Со денешната акција  Македонија првпат годинава  зеде активно учество во одбележувањето на Светскиот ден на борба против беснилото – 28 Септември.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top