Од идеја до реализација. Отварање на одделение за детска кардиологија не е само идеја, туку и реална заложба на првиот човек на Центарот за кардиоваскуларно заболувања, Никола Бакрачески. Досега се тече според предвиденото и во најскоро време може да се очекува, во рамките на Специјалната болница за лекување, рехабилитација и превенција на кардиоваскуларните заболувања да профункционира и Одделението за детска кардиологија, вели Бакрачески. Паралелно со заложбите за обезбедување адекватни просторни услови за проширување на Специјалната болница за лекување, рехабилитација и превенција на кар…
Подготовки за престојните празници. ЈП „Охридски комуналец“ е во акција за зимско украсување, кое на градот му дава посебен лик. Веќе два дена се работи на поставување на партерниот дел, па потоа следува поставување на реквизитите, вели првиот човек на претпријатието Сашо Алче. Ќе има старо нови реквизити, но годинава ќе се вложат и повеќе средства за тоа, додава тој.Паралелно со тоа течат подготовките и за дочек на Новогодишната ноќ на градскиот плоштад, вели Алче. Тој додава дека годинава доминантни ќе бидат охридските културни уметници.Алче вели дека во рамките на подготовките на престој…
Настанот се случил во понеделникот попладне по состанокот на управниот одбор, кога членовите на истиот на средбата го констатирале приговорот на друга негователка по однос на конкурсот, која пак во меѓувреме го повлекла истиот. Директорката на Јавната образовна установа детска гарадинака Јасна Ристевска, Марина Петровска не сакаше многу да зборува за настанот и во телефонскиот разговор само кажа дека се се случило кога таа не била наработа.Инаку во инцидентот најпрвин вербално, а потоа и физички била нападната правничката на градинката и тоа од сопругот и братот на негувателка на градинката…
“ПОБЛИСКУ ДО НУЛА! НУЛА НОВИ ИНФЕКЦИИ, НУЛА СМРТНОСТ ПОВРЗАНА СО ХИВ/СИДА, и НУЛА ДИСКРИМИНАЦИЈА.” Ова е мотото на годинешната кампања со која се одбележа 1-ви декември, светскиот ден за борба против сидата. Во координирана акција помеѓу овие три субјекти, на градскиот плоштад беа спроведени и рапидни тестови за покажување на постоење на ХИВ вирусот во крвта и Хепатит Ц.„ По повод светскиот ден за борба против Сида, се спроведува мобилно советување. Во оваа акција учествуваат Центарот за јавно здравје, НВО „Опција“ од Охрид и О.О. на Црвениот крст. Се врши доброволно доверливо и бесплатно т…
Наместо да дискутираат за урбанизмот, на денешната седница советниците дискутираа само за состојбите во охридското здравство. Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ова претставува обид за дефокусирање на вниманието на јавноста од точките кои се однесуваа на сферата на урбанизмот.„Проблемот што го воочивме и на комисијата за урбанизам е многу сериозен. Имено воочивме дека НДУП, со конечните урбанистички планови кои се донесуваат пред гласање имаат сериозни разлики. Разликите можно е да потекнуваат од јавната анкета, можно е да потекнуваат од мислењето на Мин. За транспорт и врски, но никаде н…
Советот на општина Охрид досега ниту гласал тајно за одредена точка на дневен ред, ниту пак има потреба од тоа, тврди претседателот на Советот Душко Јаковчески. Ова произлегува од Предлог одлука за усвојување на извештајот за толкување на член 33 од Статутот на општина Охрид, предложен од страна на советничката група на НСДП, која точка на дневен ред се најде на денешната седница на советот. Јаковчески вели, јасен е членот 33 од статутот на општина Охрид според кој Советот може да донесе одлука земајќи го во предвид бројот на присутни советници, за одредена точка да се гласа тајно.Расправат…
Охридско лето преку цела година, задржување на рејтингот на фестивалот како и подигнување на имиџот во светски рамки, потпишување на договори со врвни светски фестивали и уметници, се дел од плановите на новиот директор на фестивалот Васко Василески. Тој на денешната прва средба со новинарите најави дека за време на неговиот мандат како директор ќе направи се покрај стандардната програма, да има и програмско освежување на фестивалот што ќе придонесе за негова долговечност зголемување на посетеноста како и придобивање на помладата публика која би го следала фестивалот.„Ќе се залагаме за вов…
Градоначалникот Александар Петрески ќе го избира добитникот на Св. Климентовата награда. Петрески годинава ќе пресече кој ќе биде носител на наградата од пристигнатите 12 номинации. Колку оваа одлука ќе му биде лесна или тешка на градоначалникот не се знае, но со сигурност се знае дека со тоа ќе здивнат 5-те членови на Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување на наградите и признанија. Изминатите две години доделата на наградите ја тресеа скандалозни случувања. За да се избегнат ваквите несакани ситуации советниците тежината на изборот ја префрлија на еден човек-…