Мар 8, 2012

Милчо Клишески претседател на Основниот суд во Охрид

Судијата Милчо Клишески досега ја извршуваше функцијата вршител на должност претседател на Основниот суд во Охрид. Тој за функцијата Претседател беше избран во конкуренција од пет пријавени кандидати на конкурсот за избор на претседател кој неодамна го распиша Судскиот совет на Република Македонија.Инаку Клишески на функцијата претседател на Основниот суд Охрид доаѓа на местото на Владо Дејаноски. {loadposition content9}

Мар 8, 2012

Среќен 8-ми март!

Доколку завршивте со честитање и размена на подароци со колешките и пријателките, да видиме што мајка статистистика вели, за тоа каде ни е жената во општеството. Тешко може да се зборува за нерамноправност помеѓу мажите и жените, зошто од вкупниот број на жители во нашава ни државичка, половината се жени. За тоа колку пак припадничките на понежниот пол од нашиов град се чувствуваат рамноправни, тие со поделено мислење. Едни мислат дека се подобри од мажите, други дека сеуште се нерамноправни и приватно и професионално. Во духот на рамноправноста ги запрашавме и мажите. Тие пак со сопствено …

Мар 8, 2012

Четири хотели ќе никнат во НП Галичица

Идејата и проектот е на Министерството за транспорт и врски. Од таму уште во 2010 год од НП Галичица побарале информација за одредување на локации на кои би можеле да се изградат сместувачките капацитети. Изборот кој го предложиле од паркот се локации во населени места, поточно не во строго заштитената зона, населбата Коњско на преспанска страна, во селото Коњско на Охридска страна, на Корита.„ Согласно планот за управување и проектниот план кој е изработен во НП вакви активности се дозволени единствени во зоната за одржливо искористување. Оваа зона ги опфаќа населените места како и блискат…

Мар 8, 2012

На жената и треба реална помош

Жената е мета на различни притисоци и деградирања. Бројните реклами за подобро на жената посебно оние за семејното насилство, и нејзината политичката застапеност, во реалноста покажуваат контра ефект, посебно во Охрид, обвинуваат од ОО на ЛДП и женскиот форум. Тие порачаа наместо каранфили и лицемерни изјави, празникот да се честита со конкретни акции за подобро утре на жената.Даниела Ангелоска  од ЛДП, вели „секое насилство врз жената да биде строго казнувано. Секторите во кои работат жените посебно текстилната индустрија да добијат повисоки примања, поголемо учество во политиката, право н…

Мар 8, 2012

Туристичките агенции од Охрид лути на Локалната

Туристичките агенции од Охрид лути на Локалната. Поголемиот дел од нивните сопственици тврдат дека таа има селективен однос и дека за некои  е мајка а за други маќеа. Ваквата реакција е резултат на тоа што за учество на  саемот во Белград кој се одржа неодамна од Секторот за локален економски развој не добиле никаква покана. Од десеттината локални  агенции кои работат во Охрид, официјално била поканета само една.  Филип Стефаноски, регионалниот директор на Т.А. „Летс травел“ вели дека покана од официјални лица кои работат во туристичката бранша и од Локалната самоуправа не добиле. Тој додав…

Мар 7, 2012

Локалната реагира:Кој стопанисува тој нека чисти

Локалната со реакција за изјавите на државниот секретар на Министерството за  животна средина, Соња Лепиткова во врска одржувањето на каналот Студенчишта. Во неа стои:„Со Охридското Езеро и крајбрежието стопанисува државата и нејзините надлежни органи , па логично е тие да се гржат за неговата заштита.Тоа треба да го знае државниот секретар на Министерството за  животна средина  Соња Лепиткова, која во вчерашната изјава побара локалната самоуправа  да го чисти езерото, наместо  тоа да го побара во нејзиното министерство и во Владата.Градоначалникот Александар Петрески , пред два  дена јавно…

Мар 7, 2012

Нова градба крај езеро

Финишира постапката за изградба на нов објект покрај езерото. На само 53 метри од крајбрежјето на Охридското Езеро, на дел од туристичкиот комплекс Св. Стефан, планирано е изградба на објект за времено сместување А-4. Со цел навремено да се согледаат можните негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето, како и социо – економските аспекти од реализација на овој план се наложило потреба за спроведување на Стратегиска оцена, велат од Локалната. Денес на јавна расправа беше разгледана нацрт верзијата од планот и Извештајот за стратегиската оцена. Љупчо Аврамоски како експерт …

Мар 7, 2012

На мета на инспекторите – дивите превозници

Акцијата на Министерството за транспорт и врски, за искоренување на дивите превозници преку државниот инспекторат ги бележи првите позитивни резултати. Од Здружението на превозници во патниот сообраќај „Исток“ задодоволни што конечно ќе се воспостави ред. „Како резултат на таа акција приходите бележат пораст од 40 -60 % што е добра цифра и од нас очекувана. Не е тешко да се согледа каква загуба трпевме години наназад, но покрај нас загуба трпеше и државата со тоа што тие не плаќаа данок“, вели член на координативното тело на здружението на превозници „Исток“, Димитар Василески.Василески дод…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top