Претседателот на ОО на СДСМ Наум Јованоски, на денешната пресс конференција на Општинскиот комитет ВМРО-ДПМНЕ го преведе како „ДНО“ на политичката и воопшто човечката комуникација. Тој обвини дека човек не може да поверува до кои граници може да оди фрустрацијата, приземноста и некултурата на една партија, поточно како што кажа на таканаречени политичари кои во Охрид ја претставуваат Партијата која шест и пол години е на власт во Република Македонија. Јованоски крајно разочаран по вчерашните обвинувања од претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Михаилов кој во изјавата пред општинската зграда …
Шаренило од здолништа, корсети, шешири, вратоврски и торбички изработени од најлонски кеси беа прикажани на несекојдневна модна ревија во ОУ„Братство Единство“. Учениците од неколку шести и седми одделенија, по повод Денот на жената 8-ми март, пред своите другари и наставници покажаа што умеат да изработат со нивните вешти раце. Малите модни креатори беа и манекени и водители, возбудени и задоволни од модното случување во нивното училиште.
Учениците својата креативност ја изразиле на часовите по изборниот предмет “Вештини за живеење“ од областа облека и мода. Идејата потекнала од учениците,…
Уште само 124 дена. Да, толку останува до почетокот на новото издание на „Охридско лето“. Фестивалот и натаму без директор. Претходниот многу брзо го напушти бродот, што само не тера да помислиме дека веќе никој не сака да седне на жешкото столче. Конкурсот за нов директор почна и заврши во рекордно време, за само осум дена. Потрагата по директор започна на 24 Февруари, а заврши на 3 Март, кој се пријави, се пријави. Единствената информација која јавноста ја доби од Министерството за култура е дека се пријавиле 6 кандидати од кои, неофицијално, само тројца ги исполнувале критериумите и биле…
Кривична пријава за тешки кражби и 30 дневен притвор заработи 24-годишниот охриѓанец Б.Т., соопшти денес Министерството за внатрешни работи.Лицето е осомниченo за сторени 14 кражби извршени од декември минатата до февруари оваа година на подрачјето на Охрид.Како што соопшти МВР, охриѓанецот со употреба на штрафцигери, успевал да ги разбие сигурносните брави од влезните врати и прозори, а потоа, со кршење на стаклото и со употреба на физичка сила, насилно влегувал во куќите, становите и деловните објекти во Охрид.Од ограбени места, тој одземал пари, повеќе LCD и LG телевизори, сребрени монет…
Петрески рече дека Михаилов одржал пресс пред Општинската зграда и посака цел живот да одржува пресови пред зградата, а внатре никогаш да не влезе и додаде дека тој ќе влезе во зградата на болницата за да испита каков криминал е направен таму. Петрески рече дека Михаилов изнесува во јавноста невистини и лаги затоа што е во паника зошто му се ближи крајот. Тој кажа дека Локалната има направено многу капитални инвестиции за што секогаш дава отчет пред граѓаните. Тој побара сметка од ВМРО ДПМНЕ од Охрид, но и од Владата зошто граѓаните се доведени на работ на егзистенција.{loadposition content9}
Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид откако ја одржа пресс конференцијата во зградата на комитетот и му постави повеќе прашања на Градоначалникот Александар Петрески, ги проошета новинарите до Општинската зграда. Атанаско Михаилов таму рече дека во Охрид не е пет до дванаесет од владеењето на овај градоначалник туку дванаесет и пет. Тој додаде дека тоа што се прави во градов во овие седум години откако Петрески е прв човек на Општината е невидена катастрофа. Михаилов тврди дека се трошат големи пари и се прават сомнителни бизниси, а граѓаните од тоа немаат никаква по…
Булевар Железничка станува се понебезбедна сообраќјаница, реагираат од ВМРО-НП. Обвинуваат дека улицата, што два пати се пушташе во употреба пред парламентарните избори, се уште е недовршена и со неквалитетно поставен материјал. Овој магистрален пат со ознака М-5, кој требаше да го растерети градскиот сообраќај од тешки моторни возила, сега им задава сериозни главоболки на жителите од северо источниот дел на градот. Како причини што улицата станува се поопасна по животот, и неодамна однесе еден човечки живот, од Вмро НП ги посочуваат неквалитетно поставените шахти, недостотокот од трет…
Како резултат на спроведената контрола на вработените од Секторот за внатрешна контрола при Агенцијата за катастар на недвижности непосредно пред акцијата ″Отворено со катастарот″ во која беа пронајдени стотина нерешени предмети во фиоките на вработените во Одделението во Охрид, како и од големиот број на граѓани кои изразија незадоволство од работењето на Охридскиот Катастар, против дел од вработените беа превземени санкции и дисциплински мерки. Со цел надминување на констатираните слабости во работењето и за успешна имплементација на новиот електронски катастар, времено од 12 март 2012 г…