Карлос Слим, кој според најновата листа на „Форбс“ е најбогат човек на светот со 69 милијарди долари ќе учествува на ИТ конференција во Охрид која ќе се одржи од 31-ви март до 2-ри април.Карлос Слим, кој своето богатство го стекна во секторот на телекомуникациите, сега работи и во областа на трговијата, финансиите, суровините и енергетиката.Минатата година стана сопственик на акции во синџирот продавници „Сакс“ и издавачката куќа „Њујорк тајмс“.Освен Слим, во Македонија доаѓаат и првите луѓе на телекомуникациските гиганти.
{loadposition content9}
Активноста на министерството за информатичко општество и администрација во проектот „регулаторна гилотина 4 та фаза предност на малите претпријатија“, стигна и во Охрид. Министерот за информатичко општество пред присутните образложи што претставува проектот и која е целта. Тој потенцираше дека со овој проект малите претпријатија многу би добиле. „Идејата е откако ќе ги добиеме предлозите се што ќе биде прифатено од институциите ќе биде ставено во една рамка и со таа рамка ќе се следат институциите колку тоа брзо ќе го завршат. Од првите три фази првата беше 100% завршена, втората 74% и трет…
О.К на Вмро-Дпмне поттикнат од вчерашната маратонска седница на Советот на оштина Охрид, повторно се обиде да добие одговор од мнозинството во Советот предводено од СДСМ заедно со Градоначалникот Петрески, на како што велат, клучните прашања од интерес за граѓаните на Охрид. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски запраша како е можно околу 36 плус 35 милиони денари од Буџетот на Општината да се исплатат за ставки комунални услуги,греење,поправки и одржување, а не се одговори на тоа зошто бесцелно се троши буџетот кога улиците Питу Гули, Радојца Новичиќ, Јане Санда…
Охриѓани докажани крводарители. Рекордот од 178 подарени единици на крв на ниво на општината го држи Димитар Свилар. За него тоа претставува обновување на живот, се чуствува помлад и кај него сеуште постои желба да дарува крв. Свилар кажува дека не знае колку животи досега спасил, бидејќи понекогаш од својата драгоцена течност давал и повеќе од потребната количина. Тој е крводарител четири децении, а во Охрид живее 36 години.„Крводарител станав уште како војник од 1968 год. Потоа редовно давав нон стоп, по еднаш во месецот. Добив златна плакета и многу други републички признанија, раскажув…
Дали одржувањето на канализациониот систем од „Нискоградба“ повторно се враќа во „Проаква“? Ова е идеја на Директорот на МЈП „Проаква“, Златко Старкоски со цел двата системи водоводниот и канализациониот повторно да бидат под една капа. Старкоски објаснува дека со тоа Нискоградба ништо не губи и не се намалува нејзиниот буџет. Тој вели дека Проаква и сега врши фактуртирање на канализацијата и отпадните води, само во овој случај би се изменило само водењето на основните средства на канализациониот системРаководителот на РЕ „Водовод канализација и колектор Струга“, Ваит Ајро потенцира дека со…
Србин кој 10 години е во бегство, а се барал поради убиство и претепување во Србија бил уапсен во Охрид. На 37-годишниот Владимир Јорга од Панчево му се заканува затворска казна од 20 години. Јорга во Србија се бара за убиство над Г.Г. кое го извршил во 2002 година, како и за нанесување на тешки телесни повреди врз малолетникот А.Љ. Од српското министерство за внатрешни работи за српските медиуми велат дека тој бил уапсен вчера попладне во Охрид во заедничка акција на македонската и српската полиција а во земјава влегол со босанска патна исправа.По завршувањето на сите формалности, тој ќе …
Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ укажува за низа пропусти во врска со трошењето на средствата од минатогодишниот буџет. Тоа не влијаеше врз ставот на останатите советници за да ја изгласаат точката, Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за остварените приходи и извршените трошоци на буџетот и завршната сметка на буџетот Општина Охрид за 2011 година. Советникот Паноски рече дека има недостаток на капитални инвестиции и во никој случај интервенциите за зафати од комуналната сфера неможат да се препишат како капитални проекти. Тој побара отчет од Локалната за граѓаните да знаат каде…
Дискусија во недоглед. Иако најавувана како интересна, 45-та седница на Советот на општина Охрид запна пред да почне. Првата точка со која беше збогатен дневниот ред, а се однесуваше на Разгледување на влијанието на зголемувањето на цените на енергенсите врз работењето на образовните институции и Јавните претпријатија од градов, беше точката која предизвика дискусија од речиси два часа. Предлагачот на оваа точка, Градоначалникот Александар Петрески истакна дека проектираните цени на горивото со кои започна школската година иако многу пониски од овие нови цени, не можеле да се покријат со бл…