Мар 23, 2012

Не знаеме, не можеме или не сакаме

71 милион денари повеќе од една година чекаат во Министерството за Транспорт и врски Општина Охрид да се сети и да ги подигне. Овие средства се грант кој го издвоила Владата за Охрид, за изградба на систем за водоснабдување и одведување на отпадни води. За подигање на овие пари Општина Охрид не мора да изготви проект туку треба само да донесе одлука на совет и да прецизира за што точно ќе бидат искористени. Што е многу важно истите се неповратни. Локалната исто така може да дојде и до пари преку претпристапна помош во вид на грантови од Европската унија. Општините од Југозападниот регион мо…

Мар 23, 2012

Охрид град на цвеќето

Трендафилите се враќаат во Охрид. Дел од граѓаните на Охрид, навраќајќи се во спомените, велат дека трендафилите како препознатлив декор на градов од минатото многу им недостасуваат. Разнобојните садници од ова цвеќе редовно се наоѓале на фотографиите на охриѓани и бројните туристи. Трендафилите посебно беа карактеристични за паркот околу споменикот на Св Наум. Одговорниот на паркови и зеленило во ЈП „Охридски Комуналец“, Трајан Љаткоски, кажа дека ќе има обновување со садници на трендафили но на други парковски површини. Тој смета дека сегашниот изглед на паркот кај Рибниот ресторан е нешт…

Мар 22, 2012

Охриѓани не се жедни

Градот може да се пофали со добар квантитет и квалитет на вода за пиење. Охриѓани не се жедни. Пијат микробиолошки  и хемиски исправна вода, но со променлив квалитет. Ова е коментарот на д-р Атанско Михаилов  од Центарот за јавно здравје за тоа каков е квалитетот на водата која тече низ градскиот водовод. „Има периоди кога квалитетот на водата  по хемиски состав е поблиска до највисоките класи  вода, но има периоди кога заради видот на доток на подземните води и место положбата на бунарите, квалитетот се менува“, објаснува Михаилов. Од МЈП „Проаква“, нагласуваат,  водата од градскиот водово…

Мар 22, 2012

Од езерото извадени 19 тони мини

 Завршена трета фаза од проектот со кој се чистеше езерото од неексплодирани убојни средства. Но, за успешно да заврши се, воопшто не беше се така лесно. За да снимиме дел од акцијата поребно беше да се пополнат формулари и да ја пријавиме крвна група. Овој податок доволно јасно покажува за каква акција станува збор. Сепак најголема одговорност во проектот на Дирекцијата за заштита и спасување имаше тимот за подводно деминирање. Професионалните нуркачи кои за оваа акција имаа специјална 25 дневна обука во Бјела – Црна Гора одлично ја изведоа цалата акција. „Чувството да видиш бомба од под в…

Мар 22, 2012

Охридското езеро го демнат нови опасности

 Урбанизацијата на крајбрежниот дел, нерешениот проблем со колекторскиот систем кај Радожда, Трпејца и Љубаништа, немањето субјект кој стопанисува со езерото, проблемите со рибниот фонд се повеќе го загрозуваат Охридското езеро. Дејан Паноски од билатералниот секретарјат за Охридското езеро вели дека крајно време е да и се застане на патот на сериозната агресија што му се прави на езерото. Затоа денес претставници на институции од централно и локално ниво за заштита и управување со Охридското Езеро, како и претставници на невладиниот сектор од Охрид и Струга седнаа на заедничка маса да бара…

Мар 22, 2012

Средба Волерс-Петрески

Остварена средба помеѓу Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс и Охридскиот градоначалник Александар Петрески. Градоначалникот на Охрид задоволен од средбата истакна дека на неа биле разменети мислењаОколу процесот на  децентрализацијата за тоа како тој се одвива насекаде низ Македонија, со посебен акцент на Општина Охрид.„Сметам дека беше многу добар разговорот и сигурен сум дека од тоа ќе излезе уште поголема соработка, дирекно и со Амбасадата меѓутоа и со невладините организации како UNDP и USAID, кои постојано не подржуваат како општина и нашите јавни претпријатија како и осно…

Мар 21, 2012

Еколошка акција во ОУ „Кочо Рацин“

По повод Денот на пролетта- 21ви Март во ОУ Кочо Рацин – Охрид беше организирана еколошка акција – уредување на училишниот двор и училишните простории. Дел од учениците го чистеа училишниот двор од отпадоци а други садеа цвеќиња во саксии кои ќе ги разубават просториите во училиштето. Акцијата беше организирана во насока да се едуцираат младите генерации за одржување на чиста и убава животна средина.  {loadposition content9}

Мар 21, 2012

Спортските риболовци во работна акција

Спортските риболовци денеска го чистеа каналот од останатата изумрената плашица, која почна да се распаѓа. Јавно се запрашуваат зошто никој од надлежните не реагираше досега и дозволија плашицата да скапува во каналот.„Нормален човек ќе се запраша во чија надлежност е каналот и ова што се случува во Охрид. Сега настапува топол период и се знае дека рибните болести настапуваат многу брзо во езерото и стравувам дека ќе имаме зараза поради која не ќе се знае што ќе се прави повеќе“, вели член на СРД Св. Апостол Петар, Борис Ѓеорѓиевски.  Спортските риболовци сметаат дека поигрувањето со Билјан…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top