Мар 27, 2012

Занаетчии бараат смена на претседателот на Комората

После само четири месеци работење на новиот претседател на регионалната занаетчиска комора, се појавија првите проблеми. Членови на охридската занаетчиска комора, незадоволни од работењето на новиот претседател. Тие поднеле барање за интерпелација на претседателот на комората, Сашо Богоески. Еден од потписниците на барањето за смена на Богоески е Ацо Димитриески, член на занаетчиската комора. Тој ни го пренесе ставот на членовите кои се незадоволни од функционирањето на комората. Димитриески вели: „Поднесени се сите потребни документи и барања за интерпелацијата на Богоески. Ние едноставно …

Мар 27, 2012

Тепачките се поретки во охридските училишта

Во охридските училишта опаѓа бројот на евидентирани насилни однесувања. Во образовните институции се поретки се тепачките и расправиите помеѓу учениците. Мирната работна и училишна атмосфера е карактеристична и за ОСУ „Св. Климент Охридски“. Директорот на оваа образовна институција, Наум Рилкоски, вели дека за високиот степен на безбедност свој придонес има соработката со полицијата и ангажманот на агенциите за лично обезбедување, кое го обезбедува општината. Охридските училишта може да се пример како да се спречи и превенира насилството во останатите школи во земјава, нагласува Рилкоски. …

Мар 27, 2012

Охридски ама светски

Охриѓани ја поздравија работата на Охридскиот народен театар. На светскиот ден на театарот, проговорија за тоа што за нив значи работата на оваа културна установа. Некои од нив велат дека веќе имаат навика за одење во театар, а оние кои не биле ветуваат дека ќе одат.„ Јас имам лично навика уште од поодамна, па иако немам друштво, на театар не се зборува, знам да си одам сама. На Охридскиот театар му честитам што почна со својата навистина многу квалитетна работа и мислам дека вреди или луѓето од другите градови да одат или тој да оди да ги усреќи љубителите на таа уметност во другите градов…

Мар 26, 2012

Во училиштата недостасуваат педагози и психолози

 Во општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“, во кое учат 450 ученици, нема психолошка служба. Во ова училиште никогаш не бил вработен педагог, а тоа не е решено ни со воведувањето на задолжителните педагошки служби, кои треба да се составени од стручни тимови, во сите основни и средни училишта. Засега улогата на педагог ја извршува професор по психологија, вели директорот на училиштето Секула Баткоски. „Засега е одржан еден совет со родители чии деца имале проблематично однесување или имале слаби оценки по повеќе од три предмети, а закажан е и состанок за втор совет, но т…

Мар 26, 2012

Охриѓани ЗА советот на станари

На 1ви Април истекува рокот до кој сите згради во Централниот регистар мораат да регистрираат совет на станари. Дали по сопствена волја или под притисок на законските одредби, повеќе од 80 проценти од зградите во Охрид веќе ги регистрирале своите совети. Сепак, дел од нив со сомнеж гледаат во полезноста на Законот за домување. Велат дека законот убаво звучи, но и дека се потребни механизми за негово спроведување. Според претседателот на советот на станари од зградата 101 на булевар „Туристичка“ најголемите проблеми и натаму ќе останат нерешени.„Па ние се држевме до законот, навреме го регис…

Мар 26, 2012

Распишан конкурсот за давање на oхридските плажи под концесија

За помалку од еден месец ќе се знаат новите газди на Охридските плажи. Министерството за транспорт и врски го распиша јавниот конкурс за давање под краткотраен закуп земјиште сопственост на Република Македонија, наменето за плажи на охридското крајбрежје. Условите наведени во него се крајно неповолни и арогантни, речиси за сите поранешни, а и потенцијални концесионери, вели Љупчо Нечкоски – поранешен концесионер на плажа.„ Условите за конкурирање за секоја плажа се крајно неприфатливи, пред се од финансиска гледна точка . А не знам и од кои причини и голем број од плажите се со нови површин…

Мар 26, 2012

Слаб одзив за „Купи куќа – купи стан“

Илјадници подигнати барања, но многу малку предадени апликации, а ретко одобрени барања за субвенциониран станбен кредит од владиниот проект „Kупи куќа, купи стан“. Ваква е состојбата на ниво на држава, а во Охрид сликата е многу полоша. Од охридските филијали на скоро сите банки кои го поддржаа проектот, го добивме истиот одговор. Бројот на заинтересирани охрѓани голем, но одзивот, односно бројот на поднесени  апликации многу мал. Според Министерството за финасии, 18 компании од земјава нудат станови по цена која прифатлива според владиниот проект. Од нив, една е државна, односно Акционерс…

Мар 24, 2012

Дојдов, видов, заминав

Елизабета Јанкуловска, долгоочекуваната директорка на  „Охридско лето“, дојде во просториите на фестивалот, се виде со персоналот, ги заврши формалните работи и си замина. Со овој гест ги избегна медиумите. Никој од новинарите не ја виде иако со нетрпение јавноста очекуваше да ја запознае личноста што ќе раководи со оваа за охриѓани важна културна манифестација. После домино ефектот кој му се случи на овој престижен фестивал кога од функцијата се откажаа претходниот директор Васко Василески и селекторите Горан Стојаноски и Маја Чанаќевиќ, добро ќе беше новата директорка да излезе во јавност…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top