Апр 27, 2012

Охрид шампион во туризмот

„Златното туристичко срце“, светна во кабинетот на градоначалникот Александар Петрески. Охрид се закити со ова престижна награда како шампион на културниот туризам во Југоисточна Европа за 2011 год. Не е прв пат општината да е добитник на ова високо признание, во една силна конкуренција со атрактивните туристички дестинации од Србија, Хрватска, Словенија,Босна и Херцеговина, Турција, Албанија, Романија Кипар Малта и Грција, вели градоначалникот.„Ние и пред некоја година добивме награда и сме многу среќни што успеваме покрај се поголемата и поголемата конкуренција, сепак Охрид го одржуваме в…

Апр 26, 2012

Одмор или кошмар

Годишниот одмор од задоволство може да се претвори во кошмар. На туристите кои доаѓаат да одмараат на охридско-струшката ривиера им се препорачува добро да се грижат за своите лични предмети. Хотелиерите од Охрид и Струга тврдат дека ги превзеле сите мерки за гостите ова лето да имаат што побезбеден одмор. Гоце Тасески од хотелот „Инекс Горица“ вели дека во нивниот хотел поставени се безбедоносни камери како би ги заштитиле гостите од крадците, но потенцира дека и гостите треба да се едуцираат како самите да се зштитат од опасностите кои ги демнат.Според податоците со кои располага СВР Охри…

Апр 26, 2012

Двапати крои, еднаш сечи

Во општинската организација на СДСМ наголемо се подготвуваат за предстојните локални избори. Тие пред се работат со своето членстви и симпатизери на терен, но големо внимание посветуваат и на политички неопределените граѓани. Ставот на централата на СДСМ во Скопје е до крајот на јуни да се истакнат кандидатите за идните градоначалници. За Охрид веќе се споменуваат две имиња. Тоа е името на актуелниот Градоначалник Александар Петрески и името на претседателот на Општинската организација, Науме Јованоски. Кој ќе биде кандидатот за првата градска фотеља ќе одлучат резултатите од анкетата која …

Апр 26, 2012

Станови се градат, но не се купуваат

Драстично намалена продажбата на станови во Охрид во споредба со минатите години. Сопствениците на агенции за недвижности велат дека продажбата им опаднала за дури  70 до 80 %, но дека не ги плаши само тоа што не се продаваат станови, туку тоа што луѓето воопшто не прашуваат за купување на станови. Но, за вака лошата моментална состојба Сопствениците на агенции, вината ја насочуваат во економската криза, но и предимензионираната градба во градот. „Сите инвеститори преќутно кажуваа дека продваат, но општ е заклучокот дека многу малку станови се продаваат. Неможе да имаме 100 % евиденција, би…

Апр 26, 2012

Охриѓани најмногу донираат финансиски средства и храна

Иако според Светскиот индекс на донирање, Македонија многу ниско котира, тоа дефинитивно не е случај со Охрид. Доказ за тоа е успешно спроведената Недела на солидарноста, од страна на младите волонтери од Општинската организација на црвениот Крст од Охрид. Марија и Ангела се само мал дел од триесеттината волонтери од Клубот на млади при О.О. на Црвениот крст  од  Охрид, кои ја спроведуваат Неделата на солидарноста. Обележени со обележја на Црвениот крст  и наоружани со промотивни материјали, добра воља и голема желба да помогнат кога е најпотребно, тие од врата до врата кај хуманите сограѓа…

Апр 25, 2012

ХПВ вакцината сеуште баук

 Општина Охрид има висок процент имунизација кој се движи над 98 проценти. За некои вакцини покриеноста е целосна. Задолжителни вакцини кои децата ги добиваат од раѓањето па се до навршување на полнолетство има 9. За некои родители вакцините одамна не се баук. Тие најчесто ги прифиќаат и редовно ги вакцинираат децата со задолжителните вакцини. Досега нема казни за родители кои одбивале да ги вакцинираат децата. Санкциите не се наш приоритет туку заштитата од болести, вели д-р Катерина Димитрова, началник на Општа болница. Во моментов тоа не е случај и со родителите кои даваат отпор кон вакц…

Апр 25, 2012

Македонски експерти ќе го креираат високото образование во Црна Гора

Проф. д-р Јове Кекеноски од Факултетот за туризам и угостителство, познат аналитичар, ќе биде  дел од тимот кој ќе го креира високото образование во Црна Гора. Тој неодамна беше избран од црногорското министерство за образование и спорт да биде дел од листата на експерти за акредитација на високото образование и студиски програми во Црна Гора.„Ова е несекојдневен начин на собирање на туѓо меѓународно искуство каде сите ние кои сме избрани на таа листа на експерти ќе се обидеме нашето искуство да го импементираме во нивната пракса при отворањето на нови високообразовни институции и при реакр…

Апр 25, 2012

Охриѓани на кастинг

Во почетокот на мај ќе започнат интензивните подготовки за снимање на дел од македонскиот игран филм „До балчак“, или со работен поднаслов „Приказна за Дивиот Исток“ во режија на Столе Попов, а според сценарио на Академик Горан Стефановски. По кастингот во Битола, денеска се бараа статисти и меѓу охриѓани, за сцените кои ќе се снимаат во Св. Наум.  Кастингот во Охрид е само еден ден, во споредба со Битола каде статисти се избираа 8 дена, затоа што таму ќе се снима најголемиот дел од филмот или околу 70 %.  Делови од филмот ќе се снимаат и во Св. Николе, Овче Поле, и Скопје. Охриѓани заинтер…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top