Мај 10, 2012

Трет саем на виртуелни компании во Охрид

Симулација на бизнис, преку која идните млади бизнисмени од Охрид, открија само дел од своите афинитети. Агенции за свечени пригоди, аква паркови, компании за трговија со кафе, он лајн библиотеки, беа само некои од компаниите на кои средношколците економисти вредно работеа преку целата година.„Нашата компанија се состои од 14 ученици, сите од четврта година, и на овој проект работевме речиси цела учебна година под менторство на професорката Царева Цветаноска. „Нашата компанија се вика Аква парк „Атлантис“. Во склоп на аква паркот даваме часови за нуркање и пливање“ велат Соња Алексоска и Ав…

Мај 9, 2012

Општински имот за кредит

За кредитното задолжување на ЈП Нискоградба локалната како загол дава административно деловна зграда, обелоденуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.„Имено, на последната седница на Советот на општина Охрид, мнозинството во советот предводено од СДСМ усвои одлука со која како гаранција за кредитното задолжување од 6 милиони денари на ЈП Нискоградба се дава вториот кат на оваа административно деловна зграда, сопственост на општина Охрид. До кога локалната самопурава и мнозинството во советот предводено од СДСМ недомаќинското и расипничко трошење на јавните претпријатија ќе го покрива на товар на граѓанит…

Мај 9, 2012

Спортски ден во Охрид

„Со спорт против лошите пороци за подобро здравје“, е мотото на Спорските игри кои денеска се одржаа во Охрид.  Спортскиот ден ги обедини основците и средношколците од општина Охрид и Дебрца.  Децата се натпреваруваа во дисциплините атлестки трки, одбојка, шах и пинг понг. Спортскиот ден е во организација на сојуз на училиштен спорт и локалната самоуправа. Благодарение на заложбите на овој тим, изминативе три месеци функционираше и училишна лига во мал фудбал во која учествуваа основните и средните училишта за што имаше и голем публицитет во јавноста. „Денеска имаме мото „Со спорт против ло…

Мај 9, 2012

Денот на Европа на Охридски начин

За Европа да не биде само пуста желба потребна е активна вклученост на граѓанинот во сите демократски процеси. А само едуциран граѓанин може да биде столб на европската иднина на земјава. Додека Европа слави 62 години постоење, кај нас сеуште се дебатира на тема нашите перспективи за членство во големото европско семејство. Младинскиот Совет од Охрид во соработка со Работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“, и локалната иницијативна група на граѓани, организираше средба на која се разгледуваа Европските перспективи на Македонија и улогата на локалната заедница кон остварување на Европската…

Мај 9, 2012

Тивко умира Охридскиот чинар

Попушта поставената заштита на стеблото на Чинарот. На надворешноста од најстарото дрво во градот е видливо поткопувањето на стеблото. Дрвото беше санирано во пролетта, 2002 година кога под налет на силно невреме, ветар и снег се искрши и падна една од двете странични гранки. Експертите го исчистија трулежот и го конзервира платанот, а требаше да постават и вештачка кора, но за тоа Министерството за животна средина не најде пари. Охридскиот чинар од 1967 година е ставен под заштита на државата како најстар споменик на природата. Дрвото се претпоставува дека е засадено од Св Климент Охридски…

Мај 9, 2012

„Макпетрол“ им помага на граѓните

Кога девојката му се пожалила на своето момче дека одамна не ја одвел на некое скапо место, тој и рекол дека ќе ја одведе, на бензинска пумпа. Ова е само една од големиот број шеги кои од мака си ги кажуваа возачите поради зачестените зголемувања на цените на бензините. Затоа, „Макпетрол“од неодамна започна со кампања со која сака да им помогне на своите потрошувачи. Тие денеска на возачите им делеа совети како да постигнат енергетска ефикасност и да го амортизираат трошокот за гориво од нивниот домашен буџет. Некои од граѓаните, помалку се придржуваат кон овие наизглед тривијални совети, н…

Мај 9, 2012

Ќе се штрајкува се до земање плата

Во очи на туристичката сезона Струга се затрупува со смет. Продолжува штрајкот на вработените во ЈП Комунално Струга. Надлежните наместо со пронаоѓање на решенија за излез од кризата и подмирување на заостанатите плати на вработените, продолжуваат со мобинг.  Штрајкувачите се категорични дека повеќе не можат да издржат да одат на работа, а за тоа да не добиваа надомест. Тие јавно потврдуваат дека плата одамна не зеле, поточно дека одамна на нивната жиро сметка не бил префрлен надомест. „Зборуваат дека извршителите не можат да постапат по овој случај бидејќи има рамка извршување по sлегален …

Мај 4, 2012

Гимназијалците се обучуваа за семејно насилство

Средношколците од Гимназија се едуцираа за семејно насилство. Предавањата ги одржаа претставници од СВР, на проект од женскиот центар „Бисера“. Гимназијалците со внимание го следеа предавањето и покрај тоа што добро се информирани каде треба да се обратат доколку забележат случај на семејно насилство кај нивни соученици. Од „Бисера“ велат дека тие како женско здружение на проблемот за семејното насилство работат уште од 1995 год. Претседателката на здружението, Наде Мартиноска се сеќава дека на почетокот оваа тема била табу, но дека како изминувале годините многу се постигна со тоа што почн…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top