Мај 12, 2012

Месечината во перигеј фотографирана над Охрид

 Фотографии од Месечината во перигеј од небото над Охрид направија двајца охриѓани, аматери и вљубеници во астрономијата. Стојан Стојановски и Сашо Божиноски  избрале локација во населбата Видобишта од каде што го следеле орбиталното движење на Месечината кога таа е најблиску до Земјата. Стојановски и Божиноски трпеливо направиле прекрасни фотографии и снимки на Месечината во перигеј. „Времето беше идеално, прво чекавме да изгрее Месечината, снимавме и сликавме трпеливо со часови. Околу 5 часот изутрината го чекавме нејзиниот залез. Снимките кои ги направивме се убави, а за тоа не послужи в…

Мај 12, 2012

Пензионерите од Охрид и Дебрца се размрдаа

Спортски викенд за пензионерите од Охрид и Дебрца. Загреани за спортот, тие се натпреваруваа во неколку дисциплини. Фрлаа пикадо, стрелаа со воздушни пушки, а удрија и по некоја партија шах и табла. Овие натпревари на охридските пензионери се дел од седумнаесетите по ред спортски пензионерски натпревари. А нашите пензионери добро се покажале и на регионалните, но и на републичките натпревари.„Ова е согласно програмата на Здружението на пензионери од Македонија на овие натпревари кои што се изборни за регионалните, а потоа и за републичките, се присутни околу 140 до 150 пензионери спортисти …

Мај 12, 2012

Прекрасен хепенинг на Црвениот крст од Охрид

Продолжуваат целонеделните активности на Црвениот крст од Охрид. Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечна започнаа токму на роденденот на основоположникот на оваа организација, Анри Динан, 8ми Мај, а завршуваат на 15ти Мај. Бројни волонтери на Црвениот крст беа присутни на овој хепенинг и се погрижија за тој да помине во најдобар ред.„Денеска се одвива и традиционалната крводарителска акција под покровителство, помош и подршка на спортската обложувалница премиер голем број на крводарители се одзваа на нашиот повик, навистина им благодарам на хуманоста а и благодарам на сите овие мла…

Мај 11, 2012

ВМРО НП проговори за безредието во Струга

  ОД ВМРО НП јавно проговија за безредијата во Струга.  Тие запрашуваат кој е во коалиција во Струга, дали ДУИ И ДПМНЕ, дали ДУИ СДСМ или сите задно како широка коалиција.  Член на извршниот одбор на ВМРО НП, Ванчо Костовски потсети дека пред 7 – 8 години во време на владеењето на СДСМ, беа поставени новите границите на општина Струга, и дека во својата политичка програма ВМРО ДПМНЕ се залагаше дека ќе ја врати Струга во старите граници. Костивски видно разочаран што пратениците во ниту еден момент не се заложија за реализирање на овие ветувања. Тој обвинува дека пратениците наместо да изна…

Мај 11, 2012

Во Струга мирно

Протести во Струга немаше. Овој град не е меѓу неколкуте во кои денеска се протестираше, поради како што велат демонстрантите „навредите што ги упати Владата на Македонија кон албанскиот народ со муслиманска вероисповед“. Стружани едногласни дека причини за протести нема, но ретко кој тоа сакаше јавно да го каже. Постар жител од муслиманска вероисповед, собра сила и јавно кажа дека Македонија е на сите без разлика на вера и националност. Во Струга денес беше очигледно зголеменото полициско обезбедување иако до очекувниот протест недојде. Посебно вниманието на новинарите го привлече тоа што …

Мај 11, 2012

Охриѓани прашуваа, евроамбасадорот одговараше

Aмбасадорот на Европската унија во Македонија, Аиво Орав денеска меѓу охриѓани. Причина за тоа беше панел дискусијата на тема „Европската интеграција како предизвик за културата на Република Македонија“ која се одржа во општина Охрид. Трибината беша организирана во рамките на одбележувањето на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. Орав рече дека овој ден се прославува не само во Европа туку и ширум светот и е потсетник на тоа што се случи во далечната 1962 год кога Европа беше ослободена од конфликти. Европската унија денес е еден од најуспешните мировни проекти во светот, потенцира евроам…

Мај 11, 2012

Со арбитража до пократки правни спорови

Што е тоа арбитража? Ова е поим кој навистина е малку познат помеѓу граѓаните. Ако ве асоцираше на фудбалски меч, па и не сте премногу далеку од вистината. Арбитражата или арбитражното решавање на споровите е всушност еден алтернативен начин на решавање на споровите каде двете странки си бираат по еден арбитар, а еден арбитар назначува и претседателот на арбитражата. Арбитражната постапка се поведува се со цел да се избегнат некогаш и бесконечните судски постапки кои ви го трошат и вашето време и вашите пари. За жал овој начин на решавање на споровите сеуште не е доволно популарен во земјав…

Мај 11, 2012

Г-ѓа Министерка повторно пред охриѓани

Aнсамбл од млади актери од Охридската гимназија, неодамна ја изведoа претставата „Г- ѓа Министерка“, работена според текст на познатиот српски комедиограф, сатиричар и критичар, Бранислав Нушиќ. Под менторство на својата професорка по Македонски јазик, Светлана Голабоска, тие пред охридската публика донесоа едно свое видување на ова безвременско литературно дело. Марија Баткоска, која го толкува главниот лик, на Госпоѓата Министерка вели дека патот до главната улога не бил лесен.„Не беше едноставно бидејќи конкуренцијата беше навистина голема, и мислам дека го направив најдоброто дека од се…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top