Дел од концесионерите кои во изминатиот период стопанисуваа со плажите на источното крајбрежје на Охридското Езеро, по негодувањето со министерството за транспорт и врски, одлучија да учествуваат во повтореното јавно наддавање кое треба да се оддржи на 18 овој месец. Тоа е последица на одредените отстапки што биле договорени на разговорите со надлежните во ресорното Министерство за транспорт и врски.„Па да конкурирав плажите и условите не се идеални. Ако на почетокот седневме сите заедно ќе постигневме многу повеќе и плажите веќе ќе беа доделени и уредени, но што е тука е ние како плажи ко…
Цените растат, буџетот на обичниот граѓанин закован за дното. За жал се поплитки стануваат џебовите на македонецот, па се повеќе основните потреби стануваат луксуз. Ако некогаш се знаеше кои се основни, а кои луксузни потреби, сега и таа граница како полека да се брише. Од месец во месец трошоците на живот се зголемуваат, а платите не мрдаат од место. Овој период не зафатија и матури, а токму цените на облеката и обувките најмногу скокнале во споредба со претходниот месец и тоа за 2,3 проценти. Ех да беше само тоа, ама не е. И храната и пијалоците скокнале за 1,6 насто, а богами и енергенси…
Старата добра аналогна телевизија и кај нас за една година заминува во историјата, а со неа и антените од покривите. На нејзино место кристално чиста слика, беспрекорен звук, нови интерактивни услуги и услуги на барање преку ТВ-приемникот.Ова се само дел од придобивките што се отвораат со дигитализирањето на телевизискиот радио-фреквенциски спектар. Роберт Ордановски , Директорот на Агенцијата за електронски комуникации, кажа дека датумот за гасење на аналогните предаватели, 01.06.2013 останува фиксен, а избран е и операторот кој согласно Законот за електронски комуникации ќе ја добие лицен…
Некогашната гордост на градот, киното Охридско езеро, полека се претвора во руина. Објектот кој се наоѓа во строгиот центар на градот остава грда слика со својата запуштеност. Непознати лица го искршиле долниот прозор и внатрешноста на објектот ја претвориле во депонија. Од зградата се шири неподнослива реа. Искршените стакла од горните прозори преставуваат сериозна опасност за минувачите да не завршат врз нечија глава под налет на ветар. Граѓаните реагираат дека покрај објектот поминуваат со страв. Минувачите се почесто ја заобиколуваат зградата и преминуваат на другата страна на улицата….
Емисијата „Охриде не бери гајле“ на Супер радио утре (16 мај) полни седум години откако започна да се емитува во радискиот етер. Низ годините се менуваше и созреваше во квалитетен радио проект кој полни седум години ги информира, а пред се ги забавува своите слушатели.
Емисијата ја води познатиот глумец и водител Жанко ЗШ Голабоски, а тимот на емисијата го надополнува и Дџ Тони Џомба.Во текот на утрешниот ден се подготвува посебна, роденденска програма во редовниот термин од 08-12 часот.
{loadposition content9}
Средното економско училиште ќе се поднови. Од буџетот на Општина Охрид издвоени се 500 000 ден. за реновирање на фискултурната сала, изградба на нови соблекувални и кабинет по физичка култура. Ќе се работи во текот на летниот период за од наесен учениците да добијат сала со нов лик и со оптимални услови за извршување на настава, вели советникот за образование,Серафим Наумоски. Тој објаснува дека и досега општината финансирала во ова училиште, но признава дека тоа не е доволно.Новина е и тоа што ќе се уредува дворната површина во економското училиште. Стручни лица од Локалната извршиле обико…
Дијабетичната ретинопатија, глаукомот и сенилната дегенерација се трите најчести причини за појава на слепило во Република Македонија. Но ако некогаш очните болести биле сметани за најчесто старечки болести, сега таа граница скоро и да не постои. Кај младата генерација намалувањето на видот е најчесто како последица на вродени рефракциски аномалии односно кратковидост, далекувидост и кривење на очите.
Зголемените сончеви и космички зрачења, седењето во зачадени, климатизирани простории како и минување многу време пред компјутер или телевизор се само дел од мноштвото фактори кои можат да пр…
Закони и сообраќаен режим имаме, локација имаме, но автобусите со туристи речиси секој викенд можеме да ги сретнеме паркирани на неколку улици низ центарот на Охрид. Нивните несовесни возачи навистина храбро го тестираат прагот на толеранција на СВР Охрид.Од СВР Охрид информираат дека имаат одредено ниво на толеранција кога патниците се превезуваат со автобусите до сместувачките објекти во централното градско подрачје, но потенцираат дека за паркирани автобуси на места кои не се предвидени за тоа, важат истите сообраќајни правила, а за нивно непочитување и истите казни. Од Локалната пак инф…