Јун 19, 2012

Локална :Советникот Паноски од Владата нека побара намалување на цените кои секојдневно растат

Во реакцијата од Кабинетот на градоначалникот на иницијативата на советникот Дејан Паноски за намалување на висината на цените  на јавните услуги, стои: Советникот на ВМРО- ДПМНЕ  Дејан Паноски , доколку вистински се грижи за стандардот на граѓаните , кои поради лошото владеење на неговата партија се на работ на сиромаштијата, нека побара Владата да ги намали цените кои секојдневно се покачуваат. Нека побара од Владата  на ВМРО- ДПМНЕ , надлежните министерства и државните јавни претпријатија намалување на цените на нивните услуги, на  електричната енергија, телефонот , прехрамбените и други…

Јун 19, 2012

Сака ли Охрид хотелски бренд?

Дали ќе дочекаме Охрид да добие брендиран хотел? Години наназад се изнаслушавме за разни инвестициски проекти, што приватни, што од локалната самоуправа, а за волја на вистината и Владата не остана покуса во најавувањето хотелски брендови. Најсвеж приватен проект е „Окото на Охрид“ на локацијата кај ГП „Трудбеник“, за х.Палас се споменуваше хотелскиот конгломерат САС Радисон, од локалната најавуваа холандски инвеститори со спортски комплекс, додека пак Владата шпекулираше со брендот Хилтон. Покрај прашањето колку се инвеститорите заинтересирани за вложување во Охрид, се поставува уште едно,…

Јун 19, 2012

Зошто им се стемнува на светилките во градов

Мостот на желбите повторно потона во мрак. Дел од канделабрите на овој мост беа искршени од несовесни граѓани. Локалната откако во неколку наврати реагираше на ваквите недолични појави што со апели што со предупредувања, овојпат изнајде соломонско решение. Сашо Велјаноски,самостоен помлад соработник во јавно осветлување во Локалната вели;За да не биде мостот на желбите обвиен во мрак дел од канделабрите ги поставивме на карпите.Велјаноски објаснува дека интервенциите од овој вид не се единствени. Тие континуирано работат на сервисирање на светилките низ градов. Затоа многу често се случува …

Јун 19, 2012

Ни престои ли успешна туристичка сезона?

„Ако денот се познава по утрото“, тогаш на Охрид му престои успешна туристичка сезона.  Радува фактот што изминативе месеци но и на стартот на главната туристичка сезона охридските хотели се исполнети со странски гости. Туристичките работници се едногласни дека најголема заслуга за ова се балканските тури, од кои дел е и Охрид. Туристичката агенција „Летс травел груп“ е една една од ретките агнеции во земјава која работи со incoming  туризам, поточно агенција преку која гостите доаѓаат во Охрид.„ До сега имеме реализирано доста групи кои почнаа од крајот на март, април, а најброни беа во ма…

Јун 19, 2012

Музичaри од целиот свет на натпреварот „Охридски бисери“

Натпреварот на млади музичари „Охридски бисери“ се ближи кон прекрасно финале. Изминативе неколку дена во импозантниот концертен простор на црквата Света Софија, повеќе од 118 млади музичари од најразлични земји, ги демонстрираа својот талент и музичка умешност. „Охридски бисери“ се одржува по единаесетти пат, а од организациониот одбор се задоволни од досега прикажаното. „Па можам да кажам дека од разговорот со жирито оваа година има еден навистина висок квалитет поготово во А и Ц категорија каде се кршеа копјата кој ќе ја добие првата награда. Би кажал исто и дека има многу квалитетно жир…

Јун 19, 2012

Водите на охридските капалишта чисти

Температурата на водата во Охридското езеро изнесува 20 степени целзјусови. Се поголем е бројот на капачи кои спасот од високите температури го бараат во езерските води. И годинава капачите  ќе се безбедни и ќе можат спокојно да спортуваат  и да се рекреираат. Во прилог на љубителите на пливањето и водените спортови одат резултатите од  последната анализа направена во  Центарот за јавно здравство. Екипите од Центарот зеле мостри од 30 мерни места, в долж охридското и струшкото крајбрежје, за да го испитаат хемискиот и микробилошкиот квалитет на водата, информира бромологот Сашо Точков .„Кон…

Јун 19, 2012

Цените на услугите да се намалат

Локалните ЈП да ги намалат комуналните услуги. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски денес јавно ја покрена оваа иницијатива, поради намалувањето на цената на нафтата и нафтенте деривати, чија висина првично беше причина за зголемување на цената на услугите. Паноски дури смета дека треба да се размислува да се воведе конкурентност на пазарот на услугите, во интерес на граѓаните.„Комуналец да ги намали цените на комуналните услуги, нискоградба исто така и секако и Градски гробишта Јавното Претпријатие да ги намали цените, посебно услугата гробарина која што е преск…

Јун 18, 2012

Кривична пријава за обљуба врз немоќно лице

СВР Охрид поднесе кривична пријава за Ѓ.М роден 1976 год. Поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело обљуба врз немоќно лице. Настанот се случи вчера на улицата 15 Корпус, кога осомничениот ја сретнал оштетената и ја зал на својот мопед со цел да ја префрли до одредено место. Наместо таму, осомничениот се упатил кон бензиската пумпа Билјанини избори, каде и го извршил делото. Настанот во СВР го пријавила жртвата, а инаку станува збор за лице со заостанат душевен разво, по што СВР Охрид веднаш превзеде мерки и за кратко време Ѓ.М беше лишен од слобода. Дознаваме дека ова н…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top