Јун 22, 2012

Европско првенство во параглајдинг

Јато параглајдери ќе го преплават небото над  Охрид од 1 до 8 јули. НП „Галичица“, подготвен за Европското првенство во прецизно слетување. Организатор е прилепскиот параглајдинг клуб „Делта“, во соработка со НП „Галичица“. Пет годишната соработка со прилепскиот клуб резултира со создавање на идеални услови за развој на параглајдингот вели Зоран Ангелоски, првиот човек на паркот. Веќе се одредени двете стартни места на падините на Галичица и тие локалитети уредени се согласно стандардите кои се потребни за овој спорт, додава тој.„Во текот на изминатите неколку денови стартовите беа целосно …

Јун 21, 2012

Ги брка ли Охрид инвеститорите со високите комуналии?

Деновиве ТВМ во континуитет ја обработува темата комуналии за изградба на хотелски објекти, иницирани од неколкуте  донесени одлуки и правилници, што од локалната а што од централната власт за начинот на определување на оваа давачка.Го побаравме ставот од локалната за висината на комуналиите при изградба на хотелски објекти во Охрид. Раководителот на Одделението за уредување на градежно земјиште, Емин Селман беше работно отсутен од градот па не упати за сите нејаснотии што ги имаме во врска со темата да се обратиме кај раководителот на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов. Арнаудов, иако …

Јун 21, 2012

Расцвета зелената кончеста алга

Зголемената температура на водата, причина кончестата разгранета зелена алга од род кладофора, интензивно да расцвета. Оваа алга во Охридското езеро претежно ја има на места кои се пооптоварени со фосфор, како што е случај со делот на градското пристаниште. Зелената алга расте прицврстена за камења, карпи или друга цврста подлога, меѓутоа по одредено време и потрага по светлина, одредени нејзини делови се одделуваат од подлогата и на површината на езерото создаваат топчести душеци.  Овие т.н кладофорни топки создаваат непријатна слика, за што многу често се нарекува и досадна алга. „Подобро…

Јун 21, 2012

Глината обликувана како уметничко дело

200 експонати од керамика од 55 автори од Хрватска и уште неколку европски земји се поставени пред очите на охридската јавност. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ се отвори триеналето на керамика на хрватски автори. Tоме Tрајкоски, посетител на изложбата вели дека е воодушевен од тоа што го гледа и им препорача на граѓаните да дојдат да ја видат поставката.Ова е една од побогатите изложби која годинава се организира во центарот, а која се должи на контактите на организаторот Славко Упевче со Центарот Ладица од Хрватска и Г-динот Ханибал Салваро член на Меѓународната академија на керами…

Јун 21, 2012

Најпривлечно за упис гимназиското образование

Во трите охридски државни средни училишта заврши првиот уписен рок. Во СОУ „Св Климент Охридски“ и понатака е најпривлечно за упис гимназиското образование каде што е најголем бројот на запишани средношколци.Од планираните 442 ученици во трите насоки, во гимназиското образование се запишале 211 ученици. Потфрлање има во еконоското училиште каде  од 78 слободни места се примени 58 ученици. Во здравствената струка  од 34 се запишале 16 ученици,а  има уште 18 слободни места. Во првиот уписен рок во оваа образовна институција  биле одбиени  66 основци од сите струки кои не ги исполнувале критер…

Јун 20, 2012

И од Министерство за транспорт и врски велат „многу е“

Што презема општината за да обезбеди поволни услови за инвестирање во туризмот и во таа насока, привлекување на познати хотелски брендови на охридската ривиера? Дали политиките за развој на туризмот на локално и централно ниво одат во иста насока? 1500 евра комуналии за м2 кои треба да ги искешира инвеститор доколку сака да гради хотел во Охрид. Ова е темата која ТВМ  ја начна испровоцирани од оваа фантастична цифра утврдена со одлука на Совет минатата година. И од Министерството за транспорт и врски се согласуваат дека сумата е превисока. Портпаролот Драган Симоноски со став дека политикат…

Јун 20, 2012

ОК ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ Охрид направи прес !!!!

Во реакцијата од ОК на ВМРО ДПМНЕ на денешниот прес на локалните социјалдемократи стои: СДСМ Охрид направи прес !!!! Без срам се обиде да повика на наводна успешност во нивното раководење со Охрид. Ако за СДСМ е успешност 8 години да се нема никаква капитална инвестиција во Охрид, ако за СДСМ е успешност урбанистичкото дивеење во Охрид на Локалната со гласовите на мнозинството на СДСМ и Народна, ако за СДСМ е успешност туристичкиот  хаос во Охрид со боксови,мириси и бучава,ако за СДСМ се успех новите бетонски кугли со кои ги загрозуваат животите на граѓаните и туристите, ако за СДСМ е успех…

Јун 20, 2012

„Доста е, пакувај се“, некој му порача на Петрески

Работата на градоначлникот Александар Петрески трн в око за поединци групи. Доста е, пакувај се!, преку флаери му порача некој утрово на првиот човек на Охрид, градоначалникот Александар Петрески.  Во нив се наведени некои значајни објекти кои градоначлникот подолго време ветува дека ќе ги направи, но сеуште не ги реализирал, како што се современата автобуска станица, Промоцијате на Охрид, преку ѓомлезијадата , изграбата на Современ пазар, Аква парк и Голф терени, изградба на регионален дом за стари лица, конгресен центар, довршување на сите преостанати инфраструктурни делови од страна на о…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top