Јун 26, 2012

Не чека ли уште едно незаборавно културно доживување

  Обелоденета програмата на 52то издание на Фестивалот „Охридско лето„. „Сите подготовки за неговото започнување се при крај и многу сме задоволни што за кратко време успеавме да го реализираме она што го ветивме“, истакна директорката на оваа реномирана културна манифестација, Елизабета Јанкулоска. Таа додаде дека тоа не ќе било можно доколку не им помогнело Министерството за култура и нивните пријатели-спонзорите.Директорката изрази благодарност и до Локалната самоуправа која помогнала во изработката на сцените и во реализацијата на трехничките работи. Претседателот на управниот одбор на …

Јун 25, 2012

ЈП Билјанини извори ги издава под закуп паркинзите

ЈП Билјанини извори објави оглас со кој издава под закуп над 200  паркинг места на атрактивни локации во центарот на Охрид. Оваа одлука која Управниот одбор на ЈП ја донел пред една недела ја разбранува јавноста, затоа што пред само неколку месеци на седница на Совет се кршеа копја по завршувањето на договорот со екс концесионерот, паркинзите да ги добие ЈП Билјанини Извори. Изненадува фактот што, кога на 27-ми април годинава општина Охрид со предлог одлука на Советот конечно му ги отстапи на користење паркинг просторите на Билјанини извори,  ЈП наместо да ги работи, одлучи да ги издаде на …

Јун 25, 2012

Кој го „кочи“ „Законот за Охрид“?

Иако мина повеќе од една година како Собранието на РМ го усвои „Законот за прогласување на старото градско јадро за културно наследство од особено значење“, или популарно познат како „Законот за Охрид“, сепак бенефитот од него никако да се почуствува во целост. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на денешната собраниска седница, посветена на пратеничките прашања, истакна дека за ваквата состојба е виновна Општина Охрид која  за овие година дена требаше да ги донесе Деталните урбанистички планови и за стариот град и за контактната зона. ДУП-ите не се донесоа, а граѓан…

Јун 25, 2012

Ќе се поставуваат мобилни тоалети, а од цврста градба до година

Стариот проблем со недостаток на јавни тоалети, градот и оваа сезона  ќе го  решава со поставуавње на мобилни тоалети, како и минатата. Тоалети од цврста градба, можно е да има дури за идната сезона, наговестува Симон Илиески, портапролот на Локалната самоуправа.„Локациите се утврдени, но се наоѓаат на државно земјиште и се дел од програмата која ја имаме  поднесено до Министерството за транспорт и врски. Од таму сеуште нема одговор не само за јавните тоалети туку и за објектите кои влегуваат во поголемите локации  како што се катните гаражи или автобуската станица“, нагласува Илиески.    Д…

Јун 25, 2012

Сезоната почна, капетанија сеуште без капетан

Повеќе од четиристотини чамци и само три бродови, добија важечки дозволи за пловидба по водите на Охридското Езеро, информираат од Министерството за транспорт и врски. Па така, според уписникот за чамци  кој се води при Капетанијата на пристаништа, заклучно со минатиот месец впишани се вкупно 1.113 пловни објекти. Од нив, потврдена е способноста за пловидба, односно важечка дозвола за пловидба имаат 436 чамци, 50 скутери, 171 глисер и 215 останати пловила од категоријата чамец.Од пловните објекти од категорија брод, потврдена е способноста за пловидба за 3 пловни објекти во Охридско Езеро, …

Јун 23, 2012

Скребатно во знакот на Ѓомлезијадата

Вкусно ѓомлезе подготвено на традиционален начин под сач, се печеше на распламтен огин. Денес по четврти пат на излетничкото место Скребатно се одржа годинешниот натпревар, или препознатливата ѓомлезијада. Секогаш добро е да се потсетиме која е тајната на приготвувањето на овој македонски специјалитет. „Не е тешко ниту мачно кога со задоволство се прави ѓомлезе“, вели  Билјана Китевска.„За да се направи ѓомлезе треба да се знае тајната на постарите од старите времиња. Треба вода брашно и сол. Ѓомлезе што се става пециво јогурт е гибаница“.Ѓомлезето добро оди со сирење. А понуда на неколку в…

Јун 23, 2012

Бели едра го закитија езерото

  Едриличарските клубови „Стрмец“ и „Бофор“ од Охрид домаќини на регатата организирана од  едриличарскиот клуб ПАМПУР од Скопје. Овој клуб веќе пет години организира регати на Јадранот. Досега се одржани девет, но ова е прва регата на Охридското езеро.Коце Петров, член на ПАМПУР вели дека идејата за регата во Охрид е од поодамна бидејќи тука има повеќе едриличарски клубови и има многу деца кои ги прават првите чекори во едрењето.Петрив објаснува дека езерото нуди добри услови за едрење, има поволен ветар, само недостасува марина и бродови за изнајмување. На денешнава регата учествуваа 8 бро…

Јун 23, 2012

Изложбата на облека „Ала Турка“ не врати во минатото

Македонија е земја во која се вкрстувале безброј цивилизации, безброј религии и народи. Нема поголем доказ за тоа од секојдневниот говор, полн со примеси од некое друго време, од модата која пред многу години охриѓани ја терале, а која на Охрид му дала еден ориентален шмек.  Вчеравечер имавме можност да се запознаеме баш со ова одамна минато време, преку изложбата на градска облека „Ала Турка“ во реставрираниот Воска Амам. Воедно Воска амамот за прв пат ги отвори своите врати за посетителите откако беше извршена неговата реставрација. Црвената лента ја пресекоа министерката за култура Елиза…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top