Поголем број охриѓани имаат традиција својот годишен одмор да го поминат на некоја странска туристичка дестинација. Најчесто избираат да летуваат на море. Ова лето сепак поголем број од нашите сограѓани ќе останат дома од разни причини. Нашите сограѓани, пак кои сакаат и можат да си дозволат промена ги избираат поблиските и поефтините туристички дестинации во соседните земји, нагласува Елида Битрак од туристичката агенција „Елида Турс“. Едно просечно 4-рo члено семејство, за апартманско сместување покрај плажа, за 7 дена во Грција со организиран превоз, ќе го чини 400 евра, вели Битрак.
…
Туристичките водичи реагираат дека има недостаток на информативeн туристички материјал. Посочуваат дека туристите единствено при посетата на праисториската наколна населба во Заливот на коските со секој купен билет за влез добиваат флаер за локалитетот. На останатите локалитети не е така.И годинава туристите кои доаѓаат на Плаошник и Самоилова тврдина нема да добијат информативен материјал. Од Завод и музеј објаснуваат дека такви материјали нема затоа што археолошките истражувања на овие локалитети не се завршени.Во нивна близина нема ни информативни табли со основните податоци за локал…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, кој е во официјална посета на Република Македонија, најави дека лично ќе се заложи кај грчките власти за забрзување на процесот за решавање на прашањето за името. Бан Ки Мун изјави дека ќе се ангажира и за почитување на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. „Ја нагласив мојата посветеност да олеснам брзо решение. Ќе вложиме максимални напори да разговараме со грчките власти. Веднаш по посетата, ќе го испратам својот специјален претставник Метју Нимиц во Грција за да објасни што разговаравме овде. Јас лично ќе се обидам да г…
Методологијата за наплаќање на услугите на лежечките болни, стави многу болници од земјава на Ѕидот на срамот од Фондот за здравствено осигурување. Меѓу нив се најде и Општата болница од Охрид. Поради тоа охридската болница беше една од здравствените установи на која и беше Изречена договорна казна за неправилности при кодирање на пациентите според ДСГ методологија, а во висина од 3,5% од фактурираниот износ по ДСГ за соодветниот месец. Координаторот за работа со оваа методологија во охридската болница, Д-р Катерина Попоска вели дека казнети се за грешки кои се направени при самото воведу…
Проблемот со немањето на вода никако да ги напушти лесковчани. Уште едно лето велат во најтоплите денови од годината немаме вода за пиење. Со цел решавање на нивниот долгогодишен проблем формирале и иницијативен одбор за довршување на водоводната но и на канализационата мрежа. Тие ни покажаа и барање кое го доставиле до Министерството за транспорт и врски во кое бараат решавање на нивниот проблем.„Село Лескоец е некаде од 4 до 5000 граѓани меѓутоа вода сеуште немаме. Да не навлегуваме во политика, еден дел од селово има вода, во Скребатска маала, таму се прави, меѓутоа другиот дел нема, одн…
Црквата Света Софија по кој знае кој пат ќе ја понуди својата совршена акустика за уште едно музичко доживување на Охридско лето. Овој пат, на репертоарот е полската вечер која веќе традиционално претставува дел од нашиот најреномиран фестивал. Соработката помеѓу Охридско лето и полската амбасада изминативе години се покажа како цврста врска и мост помеѓу нашата и полската култура. За нераскинливата алка помеѓу Охридско лето и Полска проговори претставникот од полската амбасада во Македонија, Марта Пжемиосло.„Благодарам на овој настан. Ова е трета година како имаме можност да соработуваме с…
Специјалци, снајперисти, униформирани полицајци, контрола од воздух, вода и земја. МВР подготвува прв степен на безбедност поради гостувањето во Македонија на генералниот секретар на обединетите нации, Бан Ки Мун. Поради пристигнувањето на високиот гостин во земјава формиран е и командно оперативнен штаб.Бан Ки Мун со неговото лично обезбедување пристигнува вечерва на охридскиот аеродромот Св. Апостол Петар. Низ градов ќе помине со новиот блендиран Мерцедес кој МВР го набави пред еден месец, вреден половина милион евра. Мерцедесот ќе го следат моторцикли, а пред него како и за секоја вл…
Жителите на дваесет и пет куќи кои постојано живеат во Долно Коњско се заробени во своите домови, вели Нада Ламбеска, мештанка која овде постојано живее 3 децении. Патот, кој мештаните го користеле 40 години до пред една година, бил претходно компромисно решение со хотелот на поранешниот комбинат на Свилара. Но, работите во меѓувреме се изменија вели Ламбеска. Свилара доби сопственик кој забрани движење по некогашниот пат и сега мака мачиме додека дојдема дома, вели Ламбеска. Патот кој во моментов го користат мештаните од Долно Коњско е тешко пристапен, додека пак, жителите на три куќи б…