ВМРО-ДПМНЕ: Имаме решение за проблемот со водата во Лескоец

Дел од жителите на ова село добиле тужби од МЈП Проаква поради неплатени сметки за вода.

 |  Мишел Наумоски  | 
Leskoec protest
Лескоец протест

Проблемот со немањето на вода никако да ги напушти лесковчани. Уште едно лето велат во најтоплите денови од годината немаме вода за пиење. Со цел решавање на нивниот долгогодишен проблем формирале и иницијативен одбор за довршување на водоводната но и на канализационата мрежа. Тие ни покажаа и барање кое го доставиле до Министерството за транспорт и врски во кое бараат решавање на нивниот проблем.

Tashko Veloski„Село Лескоец е некаде од 4 до 5000 граѓани меѓутоа вода сеуште немаме. Да не навлегуваме во политика, еден дел од селово има вода, во Скребатска маала, таму се прави, меѓутоа другиот дел нема, односно е на стариот дел од водоводната мрежа и таа е многу мала, капацитетот е мал. Затоа ние како иницијативен одбор побаравме и од Министерството за транспорт и врски да се добие кредит, но сеуште немаме одговор. Градоначалникот само телефонски ни вети, ни рече дека се сложува со тоа, меѓутоа кога? Чекаме ли избори? Мене не ми требаат избори, мене ми треба вода.“-вели Ташко Велоски, претседател на иницијативниот одбор за довршување на водоводната и канализациона мрежа.

Велоски додава дека ова не е единствениот проблем. Тој се пожали дека дел од лесковчани кои инвестирале во водоводот со месен самодопринос, добиле тужби од МЈП Проаква за неплатена вода. Нивните жалби ги слушнаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ, кои велат дека знаат како да ги решат проблемите на лесковчани.

leskovcani za vodata„Треба со жителите од целото село да се седне и да се разговара. Да се види, реално за што станува збор. Ако луѓето инвестирале во овој водовод со месен самодопринос, да се преземе водоводот, да се доизгради, да се направи поголем дотур на вода во селото, да се поврзи целото население на вода за пиење и од моментот кога ќе почне да се стопанисува со водоводната мрежа во населеното место, тогаш да се доставуваат фактури. Не може да се доставуваат фактури за нешто што е направено од пред години. Се презема водоводот и сега треба да се плати водата која селаните сами ја донесле во селото.“-рече Атанаско Михаилов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

Михаилов ги повика своите политички опоненти во рамките на своето работно лето, да дојдат и да ги посетат жителите на Лескоец, да се соочат со нивните проблеми и да одговорат на прашањата на лесковчани.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top