Туристичките работници, странските и домашните гости , а и граѓаните ќе можат да си ги напишат маките на хартија. ТЛЕР изготви формулар на кој сите субјекти кои се вклучени во туризмот, а и гостите ќе можат да ги стават своите забелешки и да кажат од што се, а од што не се задоволни. Анкетата не е класична со точно утврдени прашања туку секој може да наведе повеќе забелешки доколку ги има.
Гоце Симоновски, раководителот на ТЛЕР вели дека се одлучиле на овој начин на испитување на јавното мислење во областа на туризмот со цел да дознаат кои се пропустите и истите да ги отстранат, а од друга…
Висока мода во Охрид. Охриѓанки, а и гостите ќе можат да си купат уникатно парче облека со потпис од познати македонски дизајнери по не така астрономски цени, вели еден од организаторите и моден креатор, Драган Христов.Ова е втора ваква распродажба летово организирана од Лудус и Капка. Првата била минатиот викенд во Битола, а во Скопје претходно биле организирани две. Зa сите имало огромна заинтересираност кажува Христов. Тој додава дека иако нашата модна сцена е сосема на почеток и овие парчиња кои се продаваат се малку поавангардни македонките добро знаат да ги носат. Христов објаснува …
Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, ги информира станоиздавачите на кои им е истечена важноста на Решенијата за категоризација, дека треба да поднесат ново барање за утврдување на минимално-техничките услови и продолжување на решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем. Барањето се поднесува во Секторот за туризам и локален економски развој, со седиште во просториите над УНИ банка (втор кат ) . За подетални информации граѓаните можат да се обратат на телефоните 046/ 230 175 и 230 455.
Премиерна изведба на претставата „Крвава свадба“ на Охридско лето. Ова драмско дело произлегува од уметничката работилница на Џулија Паскал театарот од Лондон. Режисерката Паскал вели добила лична покана од драмскиот селектор на фестивалот, Ѓорѓи Јолевски да ја напише оваа претстава.
Политичкото насилство и моралот кој стои или треба да стои зад него е од особен интерес за неа. Инспирирана од едно предавање на Џорџ Стајнер за моралот на национализмот, Паскал ни откри како дошла до идејата за оваа претстава.„Замислив жена полицаец која стои пред терорист и тој терорист е човекот кој ја пост…
Граѓаните реагираат дека повеќето од возилата се стари и дотраени и дека итно е потребна нивна замена. Ваквата состојба ја потврдуваат и од охридската итна помош. Информираат дека веќе побарале четири возила од Министерството за здравство.Многу често се слуша звукот на сирената на амбулантните возила низ градов, посебно во овој период од годината кога градот врие од туристи и кога летните горештини си го прават своето. Во ситуација кога моментите живот значат, помошта која пациентот ја добива во амбулантното возило може да биде од пресудно значење. Но каква е состојбата во се наоѓа амбулан…
Жителите на улицата „Живко Чинго“ секојдневно се молат да не заврне дожд. Кога врне нивниот живот се претвара во кошмар. Од сите страни се прелева канализацијата па нивните домови пливаат во гнасна вода. Со овој проблем се борат веќе две години. Миланка Димоска вели дека се започнало со изградбата на канализацијата во Велгошти. Цевката која е поставена во 2010год. е со поголем обем од онаа на која претходно жителите од оваа улица биле поврзани па сега и при најмали врнежи доаѓа до прелевање на канализацијата и тоа во нивните домови објаснува Димоска.Едни од засегнатите се и семејството Кочо…
Најслаба туристичка сезона досега, тврдат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Од таму велат дека за жал Градоначалникот Александар Петрески и Локалната самоуправа не превзеле никакви мерки за подобрување на квалитетот на туристичката и угостителската дејност. Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ рече дека жртвата од ваквиот нивен игнорантски став кон промоција и подобрување на квалитетот на туристичката сезона не се само граѓаните на Охрид туку и сите домашни и странски туристи кои доаѓаат да го посетат нашиот град. Тој запраша дали на Градоначалникот поважни му се тесните би…
Шумата која се наоѓа на потегот од Горна порта до амбулантата Воска, потенцијална опасност за жителите на Урбаната заедница Кошишта. Мештаните велат дека особено во летниот период во секој момент би можело да дојде до пожар кој би имал катастрофални последици. Жилески Крсте, жител на оваа месност, инаку шумарски инжинер во пензија, вели дека шумата претставува темпирана бомба. Бидејќи голем дел од стеблата се суви и стари, а има и сува ниска вегетација условите за пожар и негово брзо ширење се идеални, предупредува Жилески.За овој проблем жителите од Кошишта алармирале уште пред две години…