Авг 22, 2012

Јазикот на поезијата е универзален и светски јазик

Нема звук како звукот на прочитаниот поетски стих. Дали е пишуван на руски, англиски, шпански, српски или македонски, секогаш ги буди истите чувства. Нема поголем доказ за тоа од двете книги на големиот српски поет Ранко Радовиќ. „Милув“ и „Страор“ се двата двојни сонетни венци кои од денес ќе можат благо да прозвучат и на македонски јазик. Радовиќ вели дека ја сака Македонија, ги сака Охрид и Струга каде во младоста често доаѓал. Токму затоа се решил овие негови книги да добијат свој македонски препев. Но неговите мотиви се бројни и уште поуниверзални, па поетот вели дека не може да одбере…

Авг 21, 2012

На охриѓани не им гори под нозе

Ценовниот удар на струјата ги погоди и охриѓани. Но нашиот град очигледно слабо реагира на ударот бидејќи во Охрид сеуште нема индиции за штрајк против поскапувањето на електричната енергија. Поголемите градови во земјава Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Куманово се приклучија кон граѓанската иницијатива на здружението Аман, од каде најавија одржување на протести секој вторник. Да се надеваме дека нема да поминат многу вторници. Охриѓани ги поддржуваат протестите и доколку би имало би се приклучиле кон нив, но очигледно нема кој да ги организира.Атмосферата во Битола е далеку понапната отко…

Авг 21, 2012

Туризам или авантуризам

 Во која насока ни оди туризмот? Кој и колку ќари од оваа туристичка сезона. Сондажите допрва ќе се прават, но ако денот по утрото се познава по се изгледа ќе имаме една од најслабите туристички сезони досега. Станоиздавачите се жалат дека не паметат кога цената по кревет била само 300 денари, а сепак повеќе од половина сезона останале празни. Во една од елитните населби Лагадин, а ништо поинаку не беше и во Пештани, ретките туристи кои ќе побараа сместување можеа да бираат каде ќе бидат сместени. Во градов состојбата малку порозова, но и тука имаше апартмани и соби кои долго останаа празн…

Авг 21, 2012

Алче со аргументи против кривичната пријава

„Последната кривичната пријава поднесена против мене за сторено кривично дело, послужување во службата е уште една од низата фабрикувани кривични пријави од страна на еден дел од вработените во МВР кои постојано се обидуваат да ме оцрнат мене и Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, изјави на денешната прес конференција Сашо Алче Директор на ова јавно претпријатие. Во кривичната пријава стои дека  во јануари 2012 година Алче го искористил службеното возило за приватни потреби и заминал во Република Србија без да поседува соодветни патни налози за патување во странство.„Е сега логично е …

Авг 21, 2012

Стартот на учебната година во охридските училишта без проблеми

Новата учебна година  во охридските училишта ќе започне навреме и без проблеми, информираат од Локалната самоуправа. Сите училишта се подготвени со соодветен  наставен кадар да ја почнат наставата за престојната 2012/2013 година. Иако ресорното министерството не ја има исполнето својата законска обврска и доцни со исплатата на наменските пари за непречено одвивање на наставниот процес, од локалната прават  напори учениците да не ги чувствуваат последиците, вели Серфим Наумоски од секторот  за образование.„ Средствата кои ги обезбедува Владата, како и во цела Македонија, не се редовни и во н…

Авг 21, 2012

Лакочереј се приклучува на канализациона мрежа

Изградбата на канализационата мрежа во Горно, Долно Лакочереј и Орман, во завршна фаза. Активностите кои локалната ги започна пред 4 – 5 месеци треба да завршат до крајот на летово, најавуваат од локалната самоуправа. „Чинам изградени се околу 500 – 600 метри и тоа започнавме од најодалечната точка од Горно Лакочереј, а паралелно се поставуваше и нов водоснабдителен систем за овие две села“, вели раководител на одд. За комунален развој и улици, Зоран Шикалески.Шикалески додава дека паралелно со изградбата на канализационата мрежа на делот кон населбата Радојца Новиќиќ према Долно Лакочереј …

Авг 21, 2012

Асфалтиран патниот правец Лескоец-Скребатно

Интензивни зафати на локалната самоуправа во село Лескоец. Изминатава недела екипите на одделението за сообраќај и улици работеа на асфалтирање на патниот правец од Лескоец кон туристичко-излетничкото место Скребатно. Овие зафати локалната ги прави преку проект финансиран од Европската банка, а потпомогнати и од Владата на Република Македонија. Сепак од локалната не застануваат само на рехабилитација на патниот правец.„Тоа е само делот околу рехабилитација на постојниот асфалт, додека општина Охрид инвестираше целосно во проширување на овој патен правец, не знам дали сте поминале сега натам…

Авг 20, 2012

Мал јубилеј на Охридскиот хорски фестивал

Јубилејно издание на Охридскиот хорски фестивал. Оваа веќе реномирана музичка манифестација слави пет години од своето постоење. Од 23-ти па до 27-ми овој месец повеќе од 40 учесници од 16 различни земји ќе настапат во натпреварувачкиот дел. Хоровите ќе ги оценува меѓународно жири, еден хор ќе биде прогласен за најдобар и ќе ја добие гран при наградата. Покрај натпреварувачкиот дел, и во ова издание ќе има ревијални настапи со фолк, поп и вечер на духовна музика. И годинава неизбежни финансиските проблеми, но директорот на фестивалот, Александар Димовски вели дека и покрај се, повторно може…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top