Окт 1, 2012

Занаетчиите може да здивнат

40-тина занаетчии од 180 -те регистрирани присуствуваа на вчера одржаниот состанок на Регионалната комора. Од прва рака добија информации како да дојдат до неколку финансиски  олеснувања. Сега имаат можност  од својот буџет да издвојуваат помалку пари за книговодствените услуги, напоменува Сашо Богоески,  претседател на регионалната комора.  „ Најолеснителен  дел е пакетoт услуги од 200  денари месечно за книговодствените услуги и 150  денари месечна чланарина. Во минатото занетчиите плаќале  1500 денари месечно на име на оваа услуга и 2000 денари за завршна сметка. За прв пат од кога посто…

Окт 1, 2012

Градоначалникот и СОНК потпишаа меморандум

Градоначалникот на Охрид Александар Петрески и претседателот на  СОНК – Регионален одбор – Охрид,  Ацо Речкоски, денес потпишаа меморандум за соработка.  Според меморандумот, Општина Охрид  ги презема трошоците за превоз на наставниците. Но соработката не е само тоа, туку Регионалниот одбор  на СОНК од  Охрид и локалната со овој меморандум ја зајакнаа редовната комуникација и се обврзаа дека и во иднина сите проблеми ќе ги решаваат во духот на социјалниот дијалог  и ќе преговараат и ќе се договорат за сите прашања кои се од нивна надлежност.„Во однос на патните трошоци бројката изнесува око…

Окт 1, 2012

Светна населбата Далјан

Жителите од населбата Далјан, вчера  покажаа висока еколошка свест. Во акцијатат за расчистување на потегот од поранешната стара зграда на морнарицата , плажата и училишниот двор се вклучиле 50 граѓани. Со заеднички  сили екологистите  го светнаа Далјан. На јавниот повик преку медиумите и социјалните мрежи се одѕвале  30 возрасни и 20 деца на возраст од 7 до 15 години. Во расчистувањето на натрупаниот смет на лоаклните депонии низ населбата им помогнале и 5-мина вработени од Комуналец. Биле исчистени и одвезени четири камиони со смет. Ова е втора акција во која жителите се вклучиле, но мно…

Сеп 29, 2012

Денес е светски ден на срцето кој е посветен на децата

Заборавете на брзата храна, чипсот, слатките задоволства, а сетете се на подзаборавениот зеленчук и овошје ако сакате да имате здраво срце. Секако тука е и физичката активност барем половина час дневно како и намалувањето на стресот. Овие се препораките на докторите за да се заштитиме од кардиоваскуларните заболувања. Но и покрај укажувањата на лекарите и натаму расте стапката на смртност од кардиоваскуларни болести. Лани 60% од сите смртни случаи во државава се препишуваат на сметка на овој вид на заболувања, што е за 3 проценти повеќе во споредба со 2007-ма. И во Охрид состојбата не е сја…

Сеп 29, 2012

Охридско-преспанскиот регион, под заштита

Вчера во Корча Р. Албанија е потпишана декларација за прогласување на биосферен резерват на подрачјето на охридско-преспанскиот регион. Градоначалниците на општините од пограничниот регион на Македонија и Албанија, ја поздравуваат оваа иницијатива. Нивниот став воглавно е идентичен, дека покрај тоа што ќе се заштитат природните убавини на регионот, голем ќе биде бенефитот за туризмот. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески вели дека со потпишувањето на договорот презеле обврски кои во иднина треба да ги исполнат.„Заштитата не се подразбира по мене  според стручните лица со кои сум ра…

Сеп 29, 2012

Охридска Јоклама-првата телевизиска утринска емисија во градов

Охридска јоклама-верувам дека сте го слушнале и употребиле овој термин и претходно, но почнувајќи од овој понеделник, тој ќе добие и едно друго значење. Токму ова е името на новиот производ на Телевизија ТВМ, кој за нецели два дена ќе започне да се емитува на нашата телевизија. Охридска јоклама официјално е првата телевизиска утринска емисија во градов, а за оние кои не знаат што значи тоа јоклама, мало појаснување  од водителот на оваа емисија, Крсте Голабовски.„Збор кој често го користат охриѓани. Инаку станува збор за турцизам, за турски збор што значи истражување, испитување, анкета, ду…

Сеп 29, 2012

“u0414u0430 u0433u043e u0432u0440u0430u0442u0438u043cu0435 u0441u0458u0430u0458u043eu0442 u043du0430 u0414u0430u043bu0458u0430u043d”

“Да го вратиме сјајот на Далјан”, е паролата под која утре од 11 часот ќе се одвува акција за чистење на дворот и плажата пред подрачната единица на училиштето Св Климент Охридски. Со желба да го претворат своето опкружување во подобро место за живеење за сите, а првенствено за најмладите, група ентузијасти од Далјан, спонтано се договорија да повикаат на доброволна акција за чистење на сметот натрупан кај подрачната единица на училиштето . Организаторите повикуваат секој да понесе со себе првично добра воља, а потоа она што може, мотика,гребло,вила, лопата, вреќи за ѓубре и да се вклучи…

Сеп 29, 2012

Одбележан светскиот ден на глувите лица

Со помала плата, институции кои не обезбедуваат толкувачи за глувите лица, без додаток за инвалидитет,   глувите лица од Македонија го одбележаа светскиот ден. Иако, Македонија ја потпиша Конвенцијата за заштита на правата на инвлидите, лицата со оштетен слух   се соочуваат со дискриминација, вели претседателот на македонскиот  Сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков.  „ Дискриминацијата е во поглед на платата,  која ја добиваат во однос на другите лица, таа е пониска. Во работните средини глувите лица иако се способни, вредни и одговорни тие се помалку платени и се жалат во Сојузот“, н…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top