Пензионерите уште еднаш докажаа дека и третата доба од животот на еден човек може да биде многу убава, исполнета со голем број активности кои дават посебна смисла на живеењето, рече Градоначалникот Александар Петрески на денешниот прием на екипата на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, која постигна огромен успех на Спортска пензионерска олимпијада во Скопје. Петрески подвлече дека пензионерите се тие кои го граделе нашето минато, а ние треба да им овозможиме убава иднина. Градоначалникот вети дека ќе им помогне во решавањето на нивните проблеми. Тој денеска на приемот им соопшти …
Првата недела во месец октомври во целиот свет се одбележува детската недела. ООУ Св. Климент Охридски не само што посветува огромно внимание на наставата на децата, туку и преку низа активности го одбележа 5 ти октомври – светскиот ден на детето и учителот.
Учениците од Св. Клиемент Охридски добро ги знаат своите права и обврски.На Генералното собрание на обединетите нации беше донесена универзална декларација за детските права. Токму поради тоа, на 5 ти октомври, во ООУ Св. Климент Охридски вообичаено ги примаат првачињата во детската организација. Тие даваат свечена заклетва, а во…
Постаментот на кој стоеше бистата на македонскиот револуционер Гоце Делчев во истоименото училиште во Подгорци остана празен. Дознаваме дека уште во четвртокот некој ја извадил, но поради што, се плетат различни приказни. Едни велат бронзениот споменик тежок 200 килограми бил разнишан и паднал, а други дека намерно бил тргнат. Ни учениците кои секојдневно се собираат околу споменикот поставен веднаш до основното училиште не знаат што точно се случило со бистата.Спомен обележјето на Гоце Делчев во училиштето е поставено од страна на одборот на манифестацијата „Гоцеви денови“ која скоро 40 …
Зборовите „Златен јубилеј“ не се доволни да се објасни сјајот на една долга и успешна кариера. Цели педесет години, академик Цветан Грозданов, со сето свое знаење и искуство стекнато со макотрпна работа, стои прв на фронтот на откривањето и презервацијата на македонските најзначајни културно-уметнички дела. За нас, охриѓани, Грозданов е двојно позначаен поради фактот што е наш сограѓанин.
Од детството поминато во Света Софија, преку значајот на Охридската архиепископија, ликот на Свети Климент е негова најчеста размисла. Според академик Грозданов, токму овој период од македонската историја…
Интензивно се работи на санација на дупката пред „Макси Д“. Како што веќе информиравме поради голем пропуст, аномалија во изведба на атмосферска канализација при изведба на проектот за заштита на Охридското Езеро, дојде до попуштање на тлото на дел од раскрсницата кај „Макси Д“. Што всушност затекнале стручните екипи на НИСКОГРАДБА-ОХРИД, на лице место, кажува првиот човек на ЈП, Владо Цветкоски.„На овој потег всушност беше прекината атмосферската канализациона мрежа таа небеше тука доизведена значи во самата изведба не е направена собирна шахта и линијата е оставена неповрзана. Заради тоа…
Пукнатината на ѕидот на Долни сарај кој се наоѓа према езерото се повеќе се шири. Со тоа секојдневно се зголемува опасноста од одрони врз куќите на граѓаните од овој дел од градот како и врз случајните минувачи кои шетат по Мостот на желбите. Реакциите на охриѓани стигнаа и до нашата редакција. Апелираат надлежните што поскоро да превземат нешто. Од Завод и музеј велат дека проблемот им е добро познат. Нивни екипи уште пред неколку години направиле увид и констатирале дека има оштетување на ѕидот од камен па затоа вклучиле статичар и изработиле проект кој има добиено позитивна стручна контр…
Причина потпишувањето на меморандумот на соработка помеѓу градоначалникот Александар Петрески и претседателот на СОНК, Ацо Речкоски. Имено на чинот на потпишувањето на овој значаен документ за двете страни и пресс конференцијата потоа како што е ред, беше поканета и седмата сила. Се добро започна и професионално се заврши тематскиот дел, за потоа и овој пат да се испочитува практиката на градоначалникот со која им дозволи на новинарите да поставуваат прашања од интерес на јавноста од различни области. Но ова очигледно им засмета на поединци од СОНК. „Охридските новинари занесени од гр…
Лицата со телесен инвалидитет и натаму мака мачат со архитектонските бариери. Пристапот до јавните институции, установи, објекти станува невозможен, доколку тие не се адаптирани или пак изградени по стандарди кои предвидуваат пристапност за лица со инвалидитет. „Почетокот, основата за разрешување на одредени права за лицата со инвалидитет, тргнува од пристапноста, од можноста овие лица самостојно да се придвижат и пристапат кон институција која им е во интерес во даден момент.“-вели претседателот на националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет, Бранимир Јовановски. При една посета на С…