Средствата кои во текот на годината ЈП Градски Пазар успева да ги собере, доволни за покривање само на основните трошоци. „Пазарот е една традиција на секој град. Се надевам дека за брзо ќе се надмине оваа состојба и ќе покажеме подобри резултати. Со домаќинско работење претпријатието успева навреме да ги измири обврските према вработените, државата и нашите доверители“, вели директорката на ЈП Живка Ангелоска. Директорката додава дека бројот на закупци на тезги се менува во текот на годината и се помалку има закупци кои бараат тезги за цела година, а најголема заинтересиранот има за закуп …
Работа, работа и само работа. Ова е мислата водилка која охридските боксери и покрај потешкотиите ги води до успеси. Тие деновиве тренираат понапорно од обично бидејќи се подготвуваат за учеството на големиот меѓународен турнир во бокс, „Златен гонг 2012“. Велат дека има голема конкуренција, но и дека не се плашат од никого. „Златен гонг е еден од појаките турнири во Европа. Пред две години се сеќавате на Кубанците. Има доста конкренција. Оваа година ќе бидат Британците, кои имаа најмногу медали на Олипијадата и Русите се тука. За другите не знам, поканети се доста држави. Се подготвуваме с…
Како што соопшти Бирото за метеорологија при Министерството за економија, стрелките на часовникот во 3 часот ќе се поместат за еден час наназад, така што времето ќе се смета како 2 часот.
Поместувањето на времето во повеќето случаи се врши ноќта меѓу сабота и недела, со цел да не предизвика поголеми проблеми за работното население. Системот на зимско и летно сметање на времето се оправдува со заштеда на енергијата и е создаден од економски причини. Европската унија и останатите земји во Европа од 2002 година одредија зимското сметање на времето да почнува во последната недела од месец ок…
Охридските угостители задоволни од изминатата летна сезона. Покрај холанѓаните и финците , Охрид ова лето го посетиле гости од сите делови на светот, вели познатиот охридски угостител Димитар Пендов. Со оглед на светската рецесија и економската криза во Македонија, задоволни сме од Лето 2012 иако можеше секогаш да биде и подобро, посочува Пендов.„Има некој процеси во охридксиот туризам што се за поздравување. Можеби бројот на гостите не се зголеми туку се зголеми квалитетот на гости. Се надевам дека тој тренд ќе продолжи“. За да продолжи сегашниот тренд, напоменува Пендов потребна е са…
Несовесни граѓани ги поместуваат поставените контејнери во зависнот од нивната лична проценка дали им смета поставениот сад за одлагање на отпад или не, нагласува раководителот на комуналната инспекција, Танас Танасоски. Таквиот начин на поместување е недозволив, но за да се надмине оваа појава потребна е интервенција од секторот за урбанизам, напоменува Танасоски.„За поставување на садовите за подигање смет треба да се донесе урбанистички план. Со него ќе се прецизираат локациите каде да се постават садовите за смет. Сега имаме голем проблем со местото каде да се постават“, укажува…
Советниците ги прифатија предлог одлуките за започнување на постапка за доделување на Договор за Јавно приватно партнерство за изградба на автобуска станица и катна гаража во општина Охрид. Но, не помина се така глатко. И овие предлог одлуки предизвикаа низа дилеми, дискусии и препукувања помѓу советниците. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски вели дека катна гаража и автобуска станица му се повеќе од неопходни на Охрид, но додава дека неприфатливо е овие објекти да се градат со модел на јавно приватно партнерство. Токму поради тоа, Паноски предложи во буџетот …
Предлог Одлуките за усвојување на Извештаите за работата на јавните претпријатија за периодот од 01.04. до 30.06.2012 година, пред охридските избраници. Советнокот од ВМРО ДПМНЕ Величе Маркоски реагира на приложениот извештај од ЈП Билјанини извори. „Финансискиот извештај на приходи и расходи е толку оскудно даден што неможам да го прифатам како извештај“, вели соетникот од ВМРО ДПМНЕ Маркоски. „Извештајот е даден комплетно, и текстуално и со графинони. Имаме воведен дел финансиски извештај и пишува за секоај стапка пооделно. пишува од што се направени приходите“, објасна претставникот на …
Градоначалникот Александар Петрески се попишмани. Останува неизвесно, дали ќе има или не, раскинување на договорот со концесионерот на паркинзите во централното градско јадро. Ставовите на советниците на охридскиот совет околу проблемите со паркинзите кои што во неколку наврати ги актуелизираше ТВМ, ги добивме пред и да започне 53 тата седница, на чиј што дневен ред се очекуваше расправа точно за тоа. „Денеска не видовме точка на дневен ред каде градоначалникот ќе го оствари своето ветување“, реагира координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ Дејан Паноски. Тој појаснува оти е изне…