Дек 4, 2012

Запален оџак опожари семејна куќа во Радојца Новичиќ

Во населбата Радојца Новичиќ, на улицата 130 бр. 16 утрово се запали семејна куќа. Соседите  во 8 .40 минути во охридкста пожарна пријавиле пожар на оџак во соседството.  Пожарот го зафатил кровот и горниот кат од семејна куќа и направил огромна материјална штета. По дојавата веднаш било испратено навално противпожарно  возило кое пристигнало  на местото на пожарот, а со оглед на големината на стихијата  во гаснењето биле вклучени  и останатите 4 противпожарни возила, информира командирот на противпожарната единица Спасе Прентоски.„По првичната дојава на пожарот целокупното интервентно одде…

Дек 3, 2012

Земјоделците можат да ги обноват старите трактори

Младиот фармер, 27 -годишниот Ристе Василевски од Горно Лакочереј набавил трактор со помош на владините мерки за поддршка на земјоделците. Обработката на земјоделските и овоштарските површини му е полесна откако го  заменил тракторот стар околу 20 -тина години, вели Василевски. Цената на еден нов трактор е околу 8000 евра. Половина од цената ја плаќа земјоделецот, а останата половина е неповратен износ од државата. Младиот фармер Василевски е крајно благодарен на владината мерка и поволноста што ја добил за да ја обнови земјоделската механизација.„Аплицирав за трактор, го добив брзо и еднос…

Дек 3, 2012

Граѓанските организации учеа како да лобираат кај властите

Напредните граѓански организации кои делуваат на национално ниво, денес учеа како да лобираат кај властите за да добиваат поддршка за нивните проекти.  Оваа обука е дел од TACSO програмата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации. Обуката има за цел да им ги посочи на граѓанските организации сите алатки и методи кои им стојат на располагање за поуспешно и поконкретно лобирање кај властите било локални или национални.„Ние имавме отворен повик на кој што отворен повик, во три групи на организации, и тоа локални организации, кои делуваат на рурално ниво, организации кои се напредн…

Дек 3, 2012

Одбележан меѓународниот ден на лицата со инвалидност

Охридските здруженија на инвалиди го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со инвалидност. „На овој ден традиционално мора да се разговара со инвалидите и за инвалидите“, категоричен е претседателот на здружението на Инвалиди на трудот Благоја Крстаноски. Тој додава дека на овој ден секоја година членовите се собираат и разговараат за активности и своите проблеми. „Како што гледате инвалидите се соочуваат со повеќе проблеми на ниво на републиката, но и во општина Охрид. Нашата заложба е секогаш да се бориме инвлидите, а посебно инвалидите на трудот кои се исфрлени од процесот на просизводст…

Дек 3, 2012

„Најуспешен спортист во Охрид“ годинава со новитети

Охрид и годинава ќе добие најуспешен спортист. Оваа спортска манифестација која привлекува особен интерес, годинава, ќе има повеќе новитети. Меѓу другото, организаторите од Сојузот на спортови од Охрид, побараа од охридската јавност самата да дава предлози околу начинот, терминот, местото и сценариото на оваа манифестација. „Планираме јавноста, останати личности, продуцентски куќи, поединци, било кој, да се јават на еден наш повик кој што го имаме оваа година предвидено, да оваа манифестација биде малку поинаква него оние стандардни во Охрид, само доделување и кажување кој е победник, кој е…

Дек 1, 2012

Граѓаните денес бесплатно се тестираа за ХИВ СИДА

  10 граѓани денес ја искористија можноста бесплатно да се тестираат за ХИВ СИДА. Оваа акција беше дел од активностите кои невладината организација Опција и Црвениот крст од Охрид ја спроведоа по повод светскиот ден за борба против сидата. Охриѓани ја поздравија ваквата иницијатива.Претставниците од невладината организација Опција кажаа дека вакви акции се спроведуваат во текот на целата година. Секој месец специјалното возило во кое анономно и бесплатно се прават тестовите за ХИВ СИДА доаѓа од Скопје. Тетирањата се прават на два пункта и тоа кај седиштето на Опција и кај Црвен крст. Граѓан…

Дек 1, 2012

Згрижувањето на старите лица во Охрид-проблем

Се почесто старите лица зачукуваат на  вратата на Центарот за социјални работи  барајќи  помош. Во последно време се поевидентен е проблемот со старите лица и задоволување на нивните основни потреби, нагласува директорот на Центарот  Екрем Каљоши. „ Во центарот се јавуваат лица кои живеат сами и бараат адекватно  решение. Не сите лица кои живеат сами имаат и доволно приходи за сместување. За жал во моментов во градот нема установа која би се грижела за нив, ако се исклучат геријатриското одделение и костозглобна. Редно  е надлежните да размислуваат за центар за старите лица каде тие би ги о…

Дек 1, 2012

Безбедни училишта

Ќе се подигнува нивото на безбедност во охридските образовни институции. Оваа најава доаѓа од раководителот на одделението за образование при локалната, Серафим Наумоски. Тој нагласи дека дека во тек е постапката за избор на Агенција за обезбедување, чии што ангажман ќе биде платен со буџетски средства на општината предвидени за тоа. Наумоски потенцира како во моментов е организирано обезбедувањето од нивна страна во училиштата.„Одреден број на училишта имаат обезбедување односно видео надзор, кај одредени училишта немаме, меѓутоа општината чинеше напори во текот на вечерните часови имавме …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top