Дек 21, 2012

Програмата „Млади во акција“, презентирана пред охриѓани

Програмата креирана од страна на европската комисија е воспоставена за да ги имплементира политиките за млади на европската комисија и политиките за формално и неформално образование. Таму се имплементираат две програми, едната е „доживотно учење“, а другата „млади во акција“. Тому оваа програма ги креира политиките за младите од 18 до 30 години, но и сите останати кои работат на полето за младите.  „Програмата нуди многу простор за унапредување на младите и нивните вештини и знаење кои подоцна ќе можат да ги искористат во нивниот личен и професионален развој“, вели Горан Ѓоргев, вработен в…

Дек 21, 2012

Жените похрабри да започнат сопствен бизнис

Марија Мајсторовиќ е идна козметичарка. Таа е една од ученичките која го посетува курсот за козметичари во отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“.  Оваа млада девојка практичниот дел од курсот  за козметичари го обавува во козметичкиот салон „Изида“ кој соработува со  отворениот граѓански универзитет за доживотно учење.„Многу сум задоволно, научив работи кои ќе можам да ги користам во понатамошната работа. На курсов можеше да се научи се и ги пробавме сите третмани, Сузана е целосно предадена на пренесување на знаењето како  и останатите вработени“. Сузана Нау…

Дек 21, 2012

Се пориби езерото со пастрмка

  25000 единки, подмладок од охридска пастрмка денес беа фрлени во водите на езерото.  Ова порибување согласно договорот помеѓу Хидробиолошкиот завод и концесионерот „Пастрмка 2012“.Можноста малите пастрмчиња да преживеат во езерото е дури 95%, вели Д-р Сузана Патчева, директорката на Хидробиолошки завод. Ова е уште еден обид да се зголеми рибниот фонд во езерото кој поради неконтролираното ловење се доведе до минимум. Концесионерот на езерото, Ристе Танасоски објаснува дека сега се она што се лови е во согласност и корелација со овој научен институт. Но, потенцира дека голем проблем им пре…

Дек 20, 2012

Актерката Билјана Танески за прв пат во улога на маж

Монодрамата „ Дневникот на лудиот“ е вечерашната премиера пред охридската публика во изведба на македонската актерка Билјана Танески. На театарските штици  кои живот значат актерката се враќа по подолга пауза во улога на лудиот. За  прв пат во македонската историја на театарот една жена ќе одигра машка улога.  За ликот на лудиот кој го толкува во вечерашната престава Танески вели не ме возбудува тоа што играм маж туку тоа што решив да го прествам Гогољ како нормална душа која дише и прави обични работи.„ Интересно e во сето тоа  што јас жена решив да се преставам во машка улога, но и во еде…

Дек 20, 2012

Матичните лекари со нов режим за препишување лекови од 2013

Новини во договорите кои Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги потпишува со матичните лекари. Овие договори кои се потпишуваат секоја година, од почетокот на 2013 година ќе имаат повеќе измени меѓу кои и нов режим на издавање на лекови од страна на матичните лекари. Склучувањето на договорите е во тек, а веќе од почетокот на новата година, тие договори ќе стапат и на сила.„Има режим на препишување на лекови во кој режим на препишување, е строго дефинирано од страна на еминентни стручњаци, кажано е кој лек-кој го препишува, кој лек-како се дава, како се користи и како може да се…

Дек 20, 2012

И после две недели скршената гранка од Чинарот никој не ја отстранува

И после две недели од расцепувањето, дрвото кое е заштитен споменик на природата се распаѓа пред очите на институциите. Чинарот се скрши на 06 декември во четврток и иако од министерството за животна средина тврдеа дека експертски тим уште во понеделникот на 10 декември ќе направи увид, сепак до ден денеска увидот не е направен, а тоа значи дека ни гранката сеште  никој не смее да ја отстранува. Од министерството за животна средина објаснуваат дека  експертскиот тим сеште не дошол во Охрид, затоа што експертите кои треба да направат увид се од научни институции,  професори доктори од земјод…

Дек 19, 2012

До паркинг место повторно преку рампа

Рампи, нема па има, и обратно. За само два дена металните рампи преку кои се влегува и излегува од паркинг просторот кај кружниот тек повторно вратени на истото место.  Се обративме во локалната со цел да дознаеме зошто и по чија наредба рампите се вратени назад. Портпаролот Симон Илиевски во телефонскиот разговор ни кажа дека локалната самоуправа со  официјален став за причината поради која рампите се на старото место ќе излезе утре. Но, упорноста на новинарите и овој пат успеа да стигне до малку поконкретен одговор лично од градоначалникот Александар Петрески. Тој во телефонскиот разговор…

Дек 19, 2012

Од натпревар по англиски, до стипендии за „Јахја Кемал“

Осмоодделенците од Христо Узунов растураат по англиски. Нивната постојана работа на усовршување на овој јазик се исплаќа на најдобар можен начин. Тие постигнаа одличен успех на регионалниот натпревар по англиски јазик и се закитија со прво, второ и четврто место. Младите Петар Пипоски и Ѓорѓи Ристески се осмоодделенците кои ги освоија првите две места на овој натпревар во огромна конкуренција.„Тестот беше поделен во два дела. Првиот дел имаше да одредиш кој збор каде треба да се вметне. Имаше текстови да ги прочиташ, па потоа прашања имаше да ги одговориш од тие текстови, да го довршиш дија…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top