Корен од дрво затна шахта на колекторскиот систем во Горица, во близина на дискотеката Парк. Непријатната реа ја забележале рекреативци, а екипите на МЈП „Проаква“ веднаш реагирале и го отстраниле дефектот. Зачепувањето на шахтата овој пат се случило по природен пат, но од ЈП Прокава нагласуваат дека повеќе главоболка им нанесува детектирањето на дивите приклучоци во колекторскиот систем. Пред неколку дена во Лагадин откриле див приклучок на несовесен граѓанин кој нелегално канализацијата ја приклучил на колекторскиот систем, напоменува директорот на „Проаква“, Златко Старкоски. Шахтат…
Охрид е на второ место во Македонија по бројот на регистрирани заедници на сопственици на посебните делови, популарно наречени куќни совети. На територијата на Република Македонија денес имаме вкупно 3.012 регистрирани заедници на сопственици. Ова се податоци добиени од Централниот регистар.Станарите кои ги користат услугите на овие компании велат дека за одржување на еден влез месечно плаќаат околу 290 ден. Од нив 140 се за компанијата, а 150 за хигиеничарка. За овие пари тие добиваат чистење и одржување на влезот, вршење книговодствени услуги, хаусмајсторски работи, замена на светилките,…
Попуштаат жардињерите на „Железничка“. Кај некои од нив дури се гледа и металната конструкција. Ова е уште еден во низата проблеми кои ја следат оваа сообраќајница од нејзиното проширување па до денес. Главниот изведувач, „Алпина“ од Австрија, пред година дена ги направи жардињерите вдолж улица „Железничка“, но очигледно не издржаа долго, за кратко време истите се распаѓаат.Жителите се обиделе уште минатата година кога истите се поставувале, тоа да му го укажат на главниот изведувач, но попусто. Тие додаваат дека денес излегува на виделина лошо изведената работа која секојдневно им задава…
На влезот од нас Гоце Делчев никна уште едно собиралиште на зависници од дроги. Станува збор за објектот кој некогаш беше продавница на Охридска Трговија, а потоа на Напредок. Овој објект кој е цврста градба иако од надвор е во добра состојба, внатрешноста е нешто сосема друго. Расфрлани шишиња, шприцеви, остатоци од храна, отпушоци од цигари на сите страни.Се обративме во СВР Охрид со цел да откриеме што секторот превзема со цел да им помогне на жителите од населбата Гоце Делчев. Од таму добивме уверување дека во рамките на нивните редовни активности ќе обрнат внимание на проблемот. Околу…
Хигиената во тоалетите во средното економско училиште е на незавидно ниво. Нема ниту течен сапун, ниту пак друго средство за хигиена, а сега е сезона на грип па препорака од СЗО е што почесто да се мијат рацете, се вели во реакцијата на еден родител чие дете учи во овај образовен центар. Тој побара сериозно да се разгледа ова прашање и што поскоро да се најде решение. Директорот на економското училиште, Наум Рилкоски, се согласува со забелешките на родителите. Но, вели дека една од причините за ваквата ситуација е што средствата од блок дотациите кои ги добиваат од државата се толку мали шт…
Масовно излегување на престојните локални избори повикуваат од Сојузот на египќани. Лидерите од овој сојуз им порачуваат на припадниците од нивната етничка заедница да го искористат своето уставно право на глас.„ Во никој случај немаме право да го контролираме мојот народ како ќе се постават и за кого ќе го дадат својот глас. Важно е мојот народ да добие право на безбедно гласање и со добра волја“, кажува Хусеин.Од Сојузот на египќани од следната недела информираат за средба со високи преставници на ОБСЕ. Потенцираат дека на средбата ќе ги запознаат со проблемите кои ги имаат египќаните …
Градоначалникот на Охрид Александар Петрески со изговор дека спортската сала не се издава за политички цели не дозволи презентацијата на програмата на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Др Никола Бакрачески, да се одржи во Спортскиот центар „Билјанини извори“, реагира првиот човек на Охридскиот комитет Атанаско Михаилов.
„Со жалење мораме да констатираме за што добивме и службен допис дека спортската сала нема да ни биде одобрена за презентација на нашата програма. Сметаме дека тоа претставува недемократски чин со што на граѓаните на Охрид им се оневозможува да во што …
Фронтот на народот, фронт на Македонија, одржа трибина во Охрид. „Апсурди на денешницата“, беше темата на која говореа истакнати професори, спортисти, уметници од земјава. Професор Виолета Наумоска истакна дека главната цел на трибините од ваков карактер е јавно да се зборува за апсурдите кои се случуваат во денешницата, како и да се истакне она што е заеднично за сите нас како граѓани на Македонија без разлика на која партија даваме поддршка, а тоа е грижата за Македонија.„Од тука е моето големо разочарување во опозицијата зад која што објективно, со 42 мандата доби голема моќ и доверба …