Фев 27, 2013

Советниците од ВМРО ДПМНЕ бараат седницата каде ќе се расправа за легализација да се одложи

Најавени две седници на совет. Најголем дел од точките за кои ќе треба да расправаат советниците во петок се однесуваат на предлог одлуките за утврдување потреба од донесување на урбанистичка планска документација за усогласување на намената на земјиштето. Токму овие точки трн в око на советниците од ВМРО ДПМНЕ.  Претседателот на комисијата за урбанизам од ВМРО ДПМНЕ, Горан Патчев за ТВМ вели дека партијата го подржува  процесот на спроведување на законот за постапување со бесправно изградени објекти и да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните да си ги решат долгогодишните проблеми …

Фев 27, 2013

Конечно ќе се уредат автобуските постојки во градов

Охриѓани кои чекаат градски превоз најчесто се под ведро небо. На голем дел од автобуските постојки во градов нема ниту настрешници ниту пак клупа каде да се седне, се жалат тие. На оние пак каде има некаков покрив над глава најчесто е искршен па изложени сме и на дожд и на снег, а и на сонце, категорични се граѓаните.Од Локалната уште пред една година распишаа тендер за  уредување на автобуските постојки, но тој беше неуспешен. Ништо подобро не завршија и останатите два. Но, од таму најавуваат дека за брзо време ќе се реши овој проблем. Планирано е да има 30 постојки кои ќе бидат обележани…

Фев 27, 2013

На кои локации бесплатно ќе се лепат изборни плакати?

Локалната самоуправа ги одреди локациите на кои политичките партии односно кандидатите за градоначалници и членови на советот ќе можат бесплатно да се рекламираат. Одредувањето на овие локации е обврска на секоја локална самоуправа согласно Изборниот законик. Општина Охрид за оваа намена ги определи истите локации кои за оваа намена се употребуваа и во минатите изборни циклуси. Станува збор за три локации, и тоа просторот пред гимназијата „Свети Климент Охридски“, бетонските огради кај полигонот за мали спортови, како и лимените огради кои што се поставени околу хотелот Палас.„Локалната сам…

Фев 26, 2013

Алче проговори за инцидентот- никому не должам ни пари ни услуги

Сашо Алче, директорот на ЈП „Охридски Комуналец“,, кој пред три дена на конвенцијата на опозицијата во Куманово беше нападнат и прободен со нож, проговори за инцидентот. Се опоравувам од нападот кој за среќа не ми ги загрози виталните функции, вели Алче. Тој во интерес на истрагата не го открива идентитетот на сторителите. Само нагласува дека станува збор за лица вработени во Министерството за внатрешни работи. За написите во некои медиуми дека напаѓачите биле членови на СДСМ, како и за мотивот на нападот , Алче категорично изјавува. „ Јас не можам да потврдам  или демнатирам дали се  члено…

Фев 26, 2013

Петрески и Лидл, разговараа за децентрализацијата и политичката криза

Заменик амбасадорот на Европската унија во Македонија, Роберт Лидл на разговор со градоначалникот Петрески, се информираше за текот на процесот на децентрализација во Охрид кој според амбасадорот е клучен за една цивилизирана држава. Градоначалникот Петрески го информираше Лидл за актуелните состојби како и за генералното функционирање на општината во изминатите четири години. Петрески и Лидл разговараа и за престојните локални избори како и моменталната политичка криза.„Мислам дека пораката веќе им е пренесена од комесарот Фуле, и Стефано Санино. Нашиот амбасадор дискутираше за тоа па знае…

Фев 26, 2013

Слатинското езеро ќе се спасува со употреба на механизација

Слатинската брана четврти ден одолева на силата на водата. Ситуацијата уште повеќе ја усложнуваат и обилните врнежи кои паѓаа изминативе два дена. Состојбата со Слатинското езеро засега останува непроменета. Како што информираат од Центарот за управување со кризи од Охрид, сеуште постојат сериозни оштетувања и сеуште низ телото на браната продира вода. Поради критичната состојба, не само со Слатинското езеро, туку и во повеќе градови низ државава кои беа погодени со поројни дождови, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски ги свика на итен состанок членовите на координативното влад…

Фев 26, 2013

Корпи за отпадоци на секоја охридска улица

Поставување корпи за отпадоци на секоја фрекфентна  улица е најновиот зафат што започна да го реализира ЈП „Охридски комуналец“. Директорот на ЈП , Сашо Алче информира дека започнале со поставување на 100-тина нови корпи, покрај 100-те претходно поставени. Со тоа ќе бидеме прв град во Македонија каде што ќе има поставено корпи за отпадоци на секоја улица, нагласува Алче. Вакви садови за одлагање на отпад ќе бидат поставени во близина на автобуските  постојки, такси станиците, детските игралишта, училиштата  за  градот да биде што почист. Специјално возило ќе биде ангажирано за подигање на о…

Фев 26, 2013

Децата згрижени во објектите на градинката Јасна Ристеска здраво се хранат

  Децата згрижени во објектите на градинката Јасна Ристеска здраво се хранат, вели директорката Марина Петровска Тодороска. Храната ги задоволува сите стандарди и нормативи пропишани за храна за деца од предучилишна возраст. Оброците се свежи и квалитетни, а не се користат никакви месни преработки како паштети, виршли, салами и др., додава таа.Со оглед на тоа дека во последно време квалитетот на млекото во голема мера ја разбранува јавноста, од градинката смируваат дека млечните производи кои се конзумираат таму се со највисок квалитет. Директорката вели дека нема причина за никаков сомнеж …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top