Петрески и Лидл, разговараа за децентрализацијата и политичката криза

Петрески и амбасадорот на ЕУ за Македонија, Роберт Лидл, разговараа за актуелните состојби во Охрид и државата.

 |  Мишел Наумоски  | 
sredba Petreski so ambasador
средба Петрески со амбасадор

Заменик амбасадорот на Европската унија во Македонија, Роберт Лидл на разговор со градоначалникот Петрески, се информираше за текот на процесот на децентрализација во Охрид кој според амбасадорот е клучен за една цивилизирана држава.

Robert LidlГрадоначалникот Петрески го информираше Лидл за актуелните состојби како и за генералното функционирање на општината во изминатите четири години. Петрески и Лидл разговараа и за престојните локални избори како и моменталната политичка криза.

„Мислам дека пораката веќе им е пренесена од комесарот Фуле, и Стефано Санино. Нашиот амбасадор дискутираше за тоа па знаете што порача. Немам што да додадам на тоа. Тие се во постојан контакт, мислам дека повеќе се работи за охрабрување, а не притисоци од ЕУ. Притисок не е вистинскиот термин. Мислам дека поточно е дека се работи за охрабрување да се направи вистинскиот чекор.“-вели заменик амбасадорот на Европската унија во Македонија, Роберт Лидл.

PetreskiГрадоначалникот Петрески даде свој коментар околу последниот предлог од владејачката ВМРО-ДПМНЕ за разрешување на политичката криза. Тој рече дека од централната власт очекуваат минимум волја за да се појават на престојните локални избори.

„Ние сакаме да учествуваме на изборите. Јас лично, другите градоначалници и целата партија сака да учествува на овие избори, затоа барањата се сведоа на олкав минимум. Затоа што сакаме да одиме на избори. Меѓутоа ако другата страна нема намери да има прогрес за Македонија во Европската унија, тогаш ќе остане на своите тврди ставови.“-рече градоначалникот Петрески.

Инаку, заменик амбасадорот Лидл покрај нашата општина, остварил посета и со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, а ќе се сретне и со градоначалниците од повеќе други општини од земјава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top