Мар 9, 2013

Поврзувањето на коридорот 8 и 10, приоритет на кандидатот за градоначалник, Ристески

Независниот кандидат за градоначалник, Васил Ристески денес обелодени дел од својата изборна програма. Тој рече дека проект број еден ќе му биде поврзувањето на коридорот 8 и 10. Тоа ќе значи автопатско повзување на Гостивар-Охрид- Росоман и Градско. Ристески потенцира дека иако изградбата на овој автопат не е во надлежност на Локалната со добар проект може да се убеди централната власт за истиот да се реализираРистески истакна дека изградбата на овој автопат е од пресудно значење за целокупниот развој на овој регион и додаде дека со тоа ќе се овозможи формирање на бесплатна царинска зона в…

Мар 9, 2013

Автобуската станица во Охрид е едно од најгрдите лица на градот, кажа кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески

Охрид како туристички центар на ова место требаше да има препознатлив објект, рече кандидатот за градоначалник, Никола Бакарачески, на прес конференцијата одржана на автобуската станица. Во 2009 година е дадено ветување дека на ова место ќе се изгради модерна автобуска станица, но тоа е само лажно ветување кое не е одржано, потенцираше Бакрачески.„ Ова е едно најгрдите лица на градот, гледате дека таа е место каде нема неуредена јавна површина, каливи премини, дупки, оставени торби насекаде околу така наречената автобуска станица. Ова е место кое го дава најлошиот впечаток за секој патник и…

Мар 9, 2013

Од ДПМНЕ бараат Петрески да одговори кое е грдото лице на Охрид

„Грдото лице на Охрид е пресликано во непотизмот во редовите на СДСМ“-вака обвинуваат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Тие велат дека актуелниот и кандидат за иден градоначалник, Александар Петрески, лицемерно побарал фер и коректна кампања, а потоа продолжил со навредливиот говор на отворањето на маалскиот штаб на СДСМ кај Отекс. Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ побараа Петрески да одговори на неодговорената тема-Непотизам.„Дали ќе признае за голем број на примери за непотизам кај вработените во локалната самоуправа. Татко-заменик директор на јавно претпријатие, син-дирек…

Мар 8, 2013

Има решение за проблемите на лиценцираните туристички водичи

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Д-р Никола Бакрачески денес се сретна со лиценцираните туристички водичи. Тој ги слушна проблемите со кои се соочуваат години наназад  како што се дивите туристички водичи, немањето простор за паркирање на туристичките автобуси, немањето информативно биро и др. Тој рече дека сето тоа е земено во предвид во неговата изборна програма и во визијата за развој на туризмот и продолжувањето на туристичката сезона.Преставникот на лиценцираните туристички водичи изрази благодарност и задоволство од средбата и од заклучоците кои се постигна на ис…

Мар 8, 2013

Идентификувани лицата кои го каменуваа Вевчанскиот автобус

Полициските станици од Струга и Велешта по неколкудневно интензивно работење ги откри сторителите на кривичното дело во кое беше каменуван автобус од Вевчани. Од СВР откриваат дека  идентификувани се 11 лица  од кои 8 се малолетници  од едно средно училиште од Струга. „Овие лица сите заедно претходно се договориле дека треба и мора да извршат вакво казниво дело , а нивен главен мотив биле случувањата во Скопје. Тие околу 20.00 часот заедно отишле во месноста Суво Поле во непосредна близина на магисталниот пат Струга – Вевчани и претходно договорени зеле камења, бехатон плочки, други дрвени …

Мар 8, 2013

ДОМ ќе ги осветлува патиштата до верските објекти

Партијата на зелените, ДОМ, се претстави во Охрид. Нашето мото „Избери зелено, диши слободно“, има силна порака која со внимание треба секој од нас да ја протолкува, рече носителот на листата на кандидати за советници,  Летка Филиповска. Таа се задржа на неколку приоритети, за кои во иднина ќе се залагаат како сериозна партија и секако истата и ќе ја реализираат доколку ја добијат поддршката од граѓаните.„Прв приоритет е зелени општини за здрав живот, општини по мерка на човекот, со ефикасна заштита на животната средина, зелени градови, образование, култура и примента наука во општините. Вт…

Мар 8, 2013

СВР наместо казни, делеше цвеќе

СВР претпладнево  запираше, но не казнуваше. Во духот на 8 ми март денот на жената, сообраќајната полиција на несекојдневен начин на припадничките на понежниот пол им припреди пријатно изненадување. „Оваа акција навистина е за поздравување. Не само да се плашиме на улиците. Ова за мене беше прв пат да добијам цвеќе, бидејќи не само што работам со жените, би сакала да кажам дека навистина нејзината љубов, прегратка, топлина, добрина, истрајност и битка во секој сегмент е голем“, истакна една жена учесник во сообраќајот. На два пункта поставени на бул. Туристичка полициските службеници ги зап…

Мар 8, 2013

Жените рамноправни на хартија, реалноста поинаква

Продолжува осмомартовската традиција на прослава на Денот на жената. Празникот се одбележува со одење во ресторани, патувања, со размена на подароци и цвеќе, прослава со примеси од празнувањето на Денот на мајката и Денот на вљубените.  Тоа  е навистина убав начин, но доколку и во 21 век жената не се соочува со разни видови на дискриминација и суптилни нарушувања на нејзините човечки права, вели Катерина Василеска, од  клубот „Сороптимус“ интернационал. Заложба на интернационалниот клуб  овде и насекаде во светот е да се мотивираат жените  да го прославуваат на соодветeн начин.  Ние имаме д…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top