Апр 10, 2013

The Seven-прв литературен дострел на младата Викторија Пановска

Прва трага врз ѕвезденото небо на литературата оставена од младата Викторија Пановска. The Seven е името на ова прво и толку значајно литературно остварување, кое како што веќе кажува насловот е целосно напишано на англиски јазик. Викторија вели дека така и било полесно за пишување, а и делото било отворено кон поширока публика. А за каков вид на литературен обид станува збор, ќе слушнете од самата авторка.„Станува збор за една мистерија која се случува на остров за кој никој не знае. На островот има едно школо, а во школото секоја година се избираат неколку деца за да одат таму. И во школо…

Апр 10, 2013

Изборите се веќе зад нас-партиите имаат седум дена да расчистат зад себе

Помина и првиот и вториот круг од локалните избори 2013 година. Како и секоја година, политичките партии, од локалната самоуправа добија неколку локации низ градов на кој може бесплатно да ги рекламираат своите кандидати. Но сега откако изборите се веќе зад нас, партиите треба да си ја исполнат и својата законска обврска. Плакатите и пропагандниот материјал кој тие го поставуваа кај хотелот Силекс, кај полигонот за мали спортови и кај охридската гимназија, сега треба да се отстрани. Според Изборниот законик, организаторот на изборната кампања е должен во рок од 30 дена од завршувањето на из…

Апр 10, 2013

УЈП на располагање на граѓаните

Граѓаните се повеќе се информираат за новините кои ги спроведува УЈП. Денес преставници на управата имаа средба со даночни обврзници од Охрид со цел да се дооразјаснат некои дилеми околу поднесувањето на ДДВ пријавите по електронски пат. Од 01.01 2013 год. Сите регистрирани даночни обврзници за ДДВ законски се обврзани ДДВ 04 пријавите да ги поднесуваат по електронски пат. Исто така по електронски пат треба да ги поднесуваат и месечните ДДВ обврзници, а и оние кои се регистрирани на годишно ниво. Во даночното одделение во Охрид има регистрирано над 1200 ДДВ обврзници од кои месечни се 127, …

Апр 10, 2013

„Изрази се преку медиумите“, нов проект на МИМ

На Високата школа за медиуми се работи во мали групи, но се бираат ученици кои имаат желба да студираа во областа на медиумите и комуникацијата.  Охриѓани, како и средношколците ширум нашата земја покажуваат голем интерес за студирање во Високата школа за медиуми. Оние кои веќе се здобиле со позитивни искуства, истото го споделуваат со идните студенти на оваа школа. Високата школа за медиуми во гимназиите во Охрид и Струга го презентираше проектот „Изрази се преку медиумите“. Проектот веќе  5 та година по ред се организира како конкурс за најдобар средношколски медиумски производ. На конкур…

Апр 10, 2013

работници на ЈП Охридски Комуналец, останаа без работа

Точно пред два дена група работници на ЈП „Охридски Комуналец“, беа вратени од работа. Станува збор за 27 работници кои беа ангажирани по пат на договор на еден, два месеци или со договор на дело, вели новата В.Д директорка Елена Скрческа. Таа појасни дека на истите им истекле договорите  на 31 март.„Со оглед на законските прописи не бевме во можност понатака да ги продолжиме нивните договори ние им кажавме понатака да не идат на работа до регулирање на делот од нивниот статус. Знаете дека ние сме претпријатие од сезонски карактер и во текот на летниот период вработуваме, така да доколку им…

Апр 9, 2013

Европски ѕвезди за македонските хотели

Охридските хотелиери не се воодушевeни од новиот правилник за категоризација на објектите. Хотелите, ѕвездичките сега ќе ги добиваат по нови критеруми.  За да се избегнат обвинувањата за  субјективизам при рангирањето на хотелите министерството за економија донесе нов правилник прифатен од хотелите во поголем број европски земји. За хотелите од сите категории предвиден е одреден минимум кој треба да го имаат, а понатаму, за секоја услуга ќе добиваат поени. Вкупниот резултат ќе ја дава и категоријата. Претходниот правилник ги  условуваше луксузните хотели со пет ѕвездички што немаат базен, ф…

Апр 9, 2013

Состојбата со нивото на Охридското езеро сеуште е сериозна

Состојбата со водостојот на Охридското езеро сеуште е сериозна. Денес тој изнесува 27 см над дозволената максимална кота. Ваквите хидролошки проблеми траат веќе неколку недели, а се резултат на обилните врнежи, велат од ЦУК.  Критични точки на охридското крајбрежје се населбите кои имаат мал заштитен појас и при мало влијание на јужниот ветар претрпуваат оштетувања. Тука спаѓаат населбата Канео, брегот од источниот дел од езерото, Радожда како и централниот дел на Струшката ривиера. Митко Темелковски, раководителот на регионалниот ЦУК вели дека се превземени сите мерки за намалување на ниво…

Апр 9, 2013

Подобра Дебрца-најзначаен проект за градоначалникот Трајкоски

Прво јавно обраќање на новиот градоначалник на општина Дебрца, Игор Трајкоски. За него, 7ми Април е датум кој претставува пресвртница за општина Дебрца, бидејќи по 16 години, за прв пат на власт доаѓа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според Трајкоски, 7ми Април ќе биде значаен датум и за жителите на Дебрца.„Јас сум човек кој даде ветувања, знаејќи дека ќе ги исполни, затоа верувајте целосна ќе биде мојата подршка која ќе ја дадеме за жителите на Дебрца. Тоа ми е основна цел во понатамошното мое делување. Народот е најголем коректор и критичар за дејствувањето на еден градоначалник, …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top