УЈП на располагање на граѓаните

Денес преставници на УЈП, на даночните обврзници од Охрид им одржаа предавање како ДДВ пријавите да се доставуваат по електронски пат. И преставниците од УЈП и граѓаните задоволни како функционира системот.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ujp
ујп

Граѓаните се повеќе се информираат за новините кои ги спроведува УЈП. Денес преставници на управата имаа средба со даночни обврзници од Охрид со цел да се дооразјаснат некои дилеми околу поднесувањето на ДДВ пријавите по електронски пат. ujpОд 01.01 2013 год. Сите регистрирани даночни обврзници за ДДВ законски се обврзани ДДВ 04 пријавите да ги поднесуваат по електронски пат. Исто така по електронски пат треба да ги поднесуваат и месечните ДДВ обврзници, а и оние кои се регистрирани на годишно ниво. Во даночното одделение во Охрид има регистрирано над 1200 ДДВ обврзници од кои месечни се 127, тримесечни се 763, а годишни се над 320 ДДВ обврзници, рече Рејна Стефановска-шеф на службата за регистрација и услуги во даночно одделение-Охрид.

На овој начин во УЈП е доста олеснета работата, а најголеми придобивки од овие новини имаат даночните обврзници, додаде Стефаноска

Даночните обврзници кои беа присутни на трибината немаа некои поголеми забелешки околу функционирањето на новиот систем. Тие велат дека во голема мера им се олеснети работите, а изразија и задоволство од информациите кои ги добиваат од УЈП.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top