The Seven-прв литературен дострел на младата Викторија Пановска

Вистинската порака на ова мало, а толку големо дело, е дека различностите помеѓу луѓето се причина повеќе за нови и силни пријателства.

 |  Мишел Наумоски  | 
kniga Seven
книга Седум

Прва трага врз ѕвезденото небо на литературата оставена од младата Викторија Пановска. The Seven е името на ова прво и толку значајно литературно остварување, кое како што веќе кажува насловот е целосно напишано на англиски јазик.

prva kniga PanovskaВикторија вели дека така и било полесно за пишување, а и делото било отворено кон поширока публика. А за каков вид на литературен обид станува збор, ќе слушнете од самата авторка.

„Станува збор за една мистерија која се случува на остров за кој никој не знае. На островот има едно школо, а во школото секоја година се избираат неколку деца за да одат таму. И во школото има една мистерија за која никој не знае, а овие седум деца сакаат да ја откријат. Сакам да порачам дека сите треба заедно да работиме иако сме различни и дека секогаш можеме да најдеме пријатели.“-рече младата авторка, Викторија Пановска.

avtorka SevenПромоторот на книгата, м-р Лидија Размоска вели дека стилот на кој е напишан романот е лесен и разбирлив за читателите, ликовите се производ на фантазијата на младата авторка што само сведочи за нејзината креативност.

„Големите дела не се создаваат со сила туку со упорност. За создавањето на првата книга од Викторија Пановска, неминовна е упорноста. Таа има само 11 години, а тоа што овој роман е напишан на англиски јазик сведочи за големината на нејзиното дело. Содржината во книгата е поделена во 22 поглавја, меѓусебно поврзани според редоследот на настаните и притоа секое поглавје е означено со посебен наслов кој навестува што ќе се случува. Речениците се јасни, концизни и богати по мислата, што авторот сака да ја пренесе.“-вели м-р Лидија Размоска, промотор на книгата.

Инаку The Seven е напишана во само неколку месеци, а за брзо ќе биде готова и вториот роман на Викторија кој ќе биде продолжение на приказната за седумте тинејџери. А какви се авантури доживуваат главната хероина Викторија Колинс и нејзините другари, ќе мора да прочитате сами.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top