Директорите на образовните институции во градов имаат рок до утре да си поднесат оставки, открива директорот на охридската гимназија Наум Рилкоски. Тој за ТВМ потврдува дека бил повикан во општината на состанок на кој му била побарана оставка, но смета дека начинот на кој се туркаат кадровските промени во образованието во Охрид не се желба на градоначалникот Бакрачески.„Лично од градоначалникот не сме биле повикани, а точно е дека сме повикани да си поднесиме оставки на ниво на директори на основни и средни училишта, јас лично кажувам за мене. И мислам дека ова не е лично од градоначалник…
Градоначалникот Никола Бакрачески се сретна со раководството на општинското здружение на телесно инвалидизирани лица Мобилност и дел од нивните членови. На средбата првиот човек на Охрид се запозна со нивната работа, статут, функционирање , со активностите кои тие ги имаат во текот на годината, како и со основните проблеми со кои се среќаваат во секојдневието. На оваа средба меѓу другото стана збор и за начинот на кој што локалната и градоначалник може да им помогне во остварување на нивните програмски активности, меѓутоа и во делот на решавање на тие проблеми со кои секојдневно се ср…
Дојде и моментот кој малите охриѓанчиња со нетрпение го очекуваа. Денес започна нивниот омилен детски музички фестивал, „Распеано рибарче“. Многу играње, многу музика, песна и забава. Денес ја одржаа првата претстава наменета за дечињата од приградските населби. Уловивме две од дечињата кои се подготвуваа за настап. Андреј и Јана беа видно возбудени, но сепак не можеа да дочекаат да излезат на сцена и да покажат што знаат.„Немам трема, а песната е убава. Се вика „Јас сум Андреј.“„Мојата песна ја напиша Драган Мијалкоски, а аранжманот го направи Даниел Јованоски и ја снимивме во студио.“-рек…
Ќе се гради хотел на местото на поранешниот ресторан и дискотеката. „Парк“ според урбанистичката планска документација од 2009 година на локацијата предвиден е хотелско угостителски капацитет, а правосилно одобрение за градба сопственикот на фирмата Ремис од Охрид го добил во јули 2018 година. Објектот ќе се гради на 40 % од градежната парцела со обем од 9 748 м2 согласно важечките законски прописи П плус 3 ката плус потрковје.„Правосилно одобрение за градба издадено во 2018 година, а Планот за управување е донесен во февруари 2020 година и не може да постапуваме на правосилн…
Националните паркови „Галичица“, „Маврово“ и „Пелистер“ ќе бидат „Динарски паркови“.
Овој голем, меѓународен проект, под една капа ќе ги стави вкупно 75те национални паркови и паркови на природата од поранешна Југославија, плус Албанија. Главната цел е вмрежување на парковите, нивно брендирање и нивна подеднаква промоција во светски рамки. Новата поврзаност помеѓу парковите која треба да ја обезбеди овој проект, понатака ќе треба да значи работење и на други вакви и слични проекти и во иднина, обуки на вработените и воедно поголемо и подобро искористување на парковите во туристички цели. Ог…
Бетонски корпи за отпадоци, камења, градежен шут, остатоци од улично осветлување, лимови…. се само дел од матријалот кој години се трупал на градските гробишта. Интерсно е што дел од овој шут се и гранитни плочи, доста скап матријал кој очигледно некој наместо да го искористи, се ослободил од него фрлајќи го. Оваа мини депонија повеќе од очигледно му смета на новото раковоство на јавното претпријатие. Вршителот на должност директорот на Ј.П. Градски Гробишта Зоран Симоноски поради службени обврски не успеавме да го најдеме и да го консултираме за она што го затекна во ЈП превземајќи ја …
Гимназијалците и економистите матурата традиционално ќе ја слават во хотелот Десарет. Директорот на Св. Климент Охридски Наум Рилковски објаснува дека навреме биле завршени сите постапки за избор на најдобар понудувач, не само за прославата, туку и за избор за фотограф. „Одбрана е и најниската понуда но и просторниот капацитет ни одговара, бидејќи матурантите годинава се околу 370 како бројка дозволува и најидеално е да биде избран хотелот Десарет. И ако целата постапка е редовно помината како што треба секако дека помеѓу учениците и од гимназиските паралелки, економките и здравствената ст…
Уметноста не познава и не признава граници и препреки. Каде поголем доказ за тоа, од веќе традиционалната меѓународна ликовна колонија за лица со телесен инвалидитет. Од самите почетоци на колонијата, нејзин редовен учесник е Роза Мојсовска.
Таа нема функција на долните и горните екстремитети, но вели дека никогаш не дозволила тоа да и биде проблем. Со уметност се занимава уште од рана возраст, но од 2006 година почнала да работи посериозно. Таа црта со акрилни бои на платно и вели дека сака да се бори, и да им докаже на луѓето дека инвалидитетот не е ги спречува во уметничкото творење и во…