Традиционално четири години наназад Црвениот Крст од Охрид, во соработка со обложувалницата Спорт лајф, спроведоа крводарителска акција. Под мотото „Разубавете го денот на себе си и на другите“ крводарителите имаа можнот со поддршка на македонските музички звезди, да ја даруваат најдрагоцената течност кој спасува живот, вели претседателот на охридската организација Сашо Точков. Тој воедно изрази благодарност кон сите кои допринесоа за реализација на денешната акција.„Благодарни сме и задоволни на сите крводарители на спортската обложувалница Спорт лајф и секако оваа акција ја продолжуваме…
Пензионерите од југозападниот регион запеаа и заиграа учествувајќи на 11 -тата ревија на песни, музика и игри. Домаќин на средбата беше Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Охридските пензионери настапија со сплет на староградски игри и песни од Сараиште. Општина Дебрца се престави со звуците на гајдата и женско трио. Пензионерите од 4-от југозападен регион упатија позитивна енергија преку песни и игри. Како главен мотив за учество на смотрите ја посочуваат желбата за дружење.11-тата ревија на песни, музика и игри ја прогласи за отворена претседателката на општинскиот совет д-р…
Една и единствена точка на денешната седница на совет – Предлог Информација во врска со состојбата со паркинг просторите во централното градско подрачје на општина Охрид. Советот на општина Oхрид го задолжи градоначалникот да подготви предлог информација за состојбата на паркинзите поради што беше формирана комисија составена од адвокат, двајца правници и еден сообраќаен инжињер и еден економист кои ја утврдуваа правната регуларност и економската оправданост на договорите за закуп на паркинг просторите во централното градско подрачје. Комисијата по увидот на целата документација која претхо…
Во текот на изминатото деноноќие (25/26.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 401 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Среќни и безбедни матурски и полуматурски вечери. Ова е целта поради која денес на заедничка маса седнаа преставници од СВР, директорите од средните и основните училишта во градов, психолози, педагози како и преставници на центарот за социјални грижи и Црвениот крст. Тие и годинава во очи одржувањето на матурските и полуматурските вечери поразговараа како превентивно да се делува за оваа вечер која е многу важна за средношколците и основците да им остане во најдобро сеќавање без притоа да има некакви несакани инциденти. Овој проект започна во 2009 год. откога се превземаат сите мерки за мак…
Учениците од економската насока при ОСУ Св Климент Охридски одржаа саем на виртуелни компании. На инвентивен начин ги покажаа своите бизнис идеи од областа на претримништвото. Досегашното стекнато знаење , но и надградбата со помош на професорите ментори им влеваат храброст дека успехот понатака нема да биде само виртуелен туку и реален.„ Со самото избирање на економското училиште ние сме подготвени во иднина не само виртуелно туку и реално да отвориме наши компании“, нагласуваат учениците кои учествуваа со штандови на саемското преставување.Саемот на виртуелни компании за отворен го прог…
Унгарските кајакари на кои на петти мај им се изгуби трага кај авто-кампот Градиште во Охрид се пронајдени живи и здрави на сред езеро. Тројцата мажи и две жени полицијата ги пронајде попладнево на потегот меѓу Градиште и Радожда. Туристите се во добра здравствена состојба. По првичните разговори Унгарците потенцираа дека им е жал што дошло до сетоа ова, како и за начинот на кој се информирало за нивното наводно исчезнување. Тие беа видно изненадени од медиумската прашина која се кренала за нив, но не ја криеја и нивната воодушевеност од убавината на Езерото. „Охридското езеро е најубавото…
Охрид го одбележа 9 ти мај – Денот на Европа. На градскиот плоштад масовно се прославуваше со пригодна програма во која учествуваа активистите на Црвениот крст како и дечиња од повеќе основни училишта од градов.Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески кој се обрати пред присутните рече дека на ваков начин Охрид дава свој придонес кон општата цел – да бидеме дел од европскиот дом во кој ќе делиме заднички вредности и заеднички идеи.- Древниот Охрид е вистинското место од каде можеме уште еднаш да ги упатиме пораките зачување на цивилизациските вредности, како темел за развој на современите…