Кои тајни ги крие малото пристаниште наспроти хотелот Палас познато како „Мостот на птиците“ и зошто истото и покрај желбата да биде реновирано е во очајна состојба.
ТВМ започна со потрагата по луѓе, фирми и институции кои во одреден период покажале желба да го променат изгледот на руината во строгиот центар на Охрид. Сопственикот на ГП Трудбеник Ацо Спироски за ТВМ раскажа кои проблеми им искрснале по одуката на Владата во 2002 год. и иницијативата на тогашниот министер за транспорт и врски Љупчо Балкоски некогашната плажа на хотелот Палас, да се поврзе со копното.
Спироски вели дека за…
Балканскиот фестивал на народни игри и песни и годинава ќе понуди многу танци, песни, и колорит. Подготовките за годинешното 52ро издание се при самиот крај. Како и секоја година, традиционални учесници ќе бидат земјите од Балканот, но ќе има и гости од Шпанија, Полска, Италија, Турција. Фестивалот се организира под покровителство на Собранието на Република Македонија и со поддршка на Министерството за култура, а ќе се одржува од 6ти до 11ти Јули.
Сцената на Долни Сарај е местото на главното збиднување, додека низ охридската чаршија ќе бидат дефилеата на учесниците. „Настапуваат учесници на…
Бината која од пред една недела е поставена на плоштадот Крушевска република, им направи проблем на дел од дуќанџиите. Тие велат дека со ваквото решение на Локалната самоуправа делот од чаршијата кој се протега од ресторанот Стар чинар па до некогашната експозитура на Охридска банка, стана слепо црево. Во петокот на бината имало настап на културно уметничко друштво при што голем број граѓани кои го следеле истиот го блокирале приодот кон дуќаните. Дуќанџиите велат дека можат само да претпостават каква ќе биде ситуацијата во шпцот на сезоната.Бината покрај на дуќанџиите им попречи и на пожар…
Жителите на струшко Радожда стравуваат од карпите над нивните куќи. После големиот одрон од пред една недела нивните погледи се свртени кон пештерската црква Св Архангел Михаил. Сведочат дека над нивните глави сè уште се слуша крцкање на камењата, а се отвориле и процепи.
„Не се случило ова, да се одвои дел од карпава. Затоа живееме тука, затоа сите беа безбедни. Сега понатаму треба да се види„
„ Од сите страни е испукано. Треба да дојдат геолози, затоа што не е безбедно за живеење овде. Можеби ќе се иселиме одовде. Пола село е под карпа. Постои опасност и таа да се урне“.
Ризик од нови…
После вчерашната пресс конференција на В.Д. директорката на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, Елена Скрческа на која беше истакнато дека претпријатието тоне во долгови, денес екс директорот Сашо Алчев се обрати до нас со цел јавно да го каже својот став по изнесените обвинувања упатени на негова адреса. Како што беше кажано „Комуналец“ по различни основи должи 97.770.000 денари. Алчев демантира. Тој вели дека зад обвинувањата се крие безидејноста на новата директорка како да го води претпријатието.
Алчев рече дека не се основани и обвинувањата дека претпријатието поради него долж…
Високо енергетски бомбици, интегрални грисини, погачици од хелда и колачи за дијабетичари се 4 -те нови прозиводи кои ги креираа студентите од ФТУ, од насоката гастрономија, диетика и исхрана. Производите се изработени по сопствена рецептура и се наменти за неколку целни групи, како што се дијабетичари или луѓе алергични на глутен. Во проектот се вклучени 20 -тина студенти од повеќе насоки на ФТУ. Студентите изработиле и флаер „Водич за здрав живот“. Задоволни се што се вклучени во проектот и од добиената можност да промовираат вкусна и исклучително здрава храна. Производите се подготвува…
Претседателите на парламентите од земјите од Југоисточна Европа седнаа на заедничка маса. На десеттата, јубилејна конференција, разговараа за заедничките предизвици со кои се соочуваат земјите од југоисточна Европа, како и улогата на националните собранија во надминувањето на проблемите.Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски, потенцираше дека еден од тие заеднички проблеми е секако економската криза. Велјаноски рече дека без соодветни реформи, земјите од регионот економски ќе стагнираат.
Во таа насока, тој изјави дека Република Македонија активно работела во …
Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ тоне во долгови. Според анализите на новото раководство, во моментот, „Комуналец“ по различни основи должи 97.770.000 денари. Од оваа сума, 49.956.000 денари се обврски кон добавувачи, 27.329.000 денари се по основ на извршни судски решенија, додека 16.491.000 денари се по основ на кредит од Охридска банка.
За овој кредит, според в.д директорот на ова јавно претпријатие, Елена Скрческа, месечно стигнуваат по 150.000 денари во затезна камата. Поради неисплатени долгови кон добавувачи, претпријатието не може да набави гориво за своите возила кои споре…