Повторно опожарена трска во струшко Калишко поле. Деновиве пеплосана е езерска трска на површина од 400 метри должина и 40 метри ширина. Со години немилосрдно се уништува појасот на трската во Охридското езеро. Доколку тоа не запре на најбистрото и најстарото езеро во Европа му се заканува еколошка катастрофа, алармираат експертите. Палење, сечење, тампонирање, целосен еколошки геноцид. Се уништуваат мрестилиштата на краповидните риби, а птиците исчезнуваат напуштајќи ги разурнатите, спалени гнезда.
„Со палење на трската прво се прави штета генерално врз сиот живоински свет што е в…
Во трите општински училишта денес стартуваше првиот уписен рок за прием на завршените основци. Во општина Охрид бројката за прием на новата генерација средношколци е 1112 ученици. За 442 завршени основци ќе има место во ОСУ „Св. Климент Охридски“, 364 места се слободни во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а во „Ванчо Питошески“, тој број е 306. Во ОСУ „Св. Климент Охридски се предвидени 13 паралеки, од кои 8 со 272 ученици за упис во гимназијата, во економската, правната и трговската струка 4 паралелки со 136 ученици, а во медицинскaта и оваа година ќе се запишат 34 ученици. Очекувањата од упис…
Двокатниот автобус кој општина Охрид го доби од Министерството за транспорт и врски за брзо започнува да функционира.
Од јавното претпријатие „Билјанини извори“ информираат дека во моментот се работи на негово брендирање, а за два-три дена тој и формално ќе биде ставен во функција.
„Тоа ќе е слободен превоз. Доколу вие сакате да го закупите и имате желба да одите до одредено место, ние тоа ќе го удоволиме. Инаку се подготвува теренот да може до Заливот на коски, до Свети Наум да оди автобусот, но тоа ќе зависи од клиентите со оглед дека се работи за слободен превоз. Линија за автобусот нем…
ЈП „Билјанини извори“ започна да наплатува за паркинг. Опфатени се паркизите кои се наоѓаат на улицата „Македонски просветители“ во делот од пред маркетот Тинекс до пресекот со „Кеј Маршал Тито“, како и кружниот тек на плоштадот. Овие паркинзи влегуваат во Зона А.
Додека улицата „Кеј Маршал Тито“до пресекот со улицата „Ванчо Николески“, улицата „Партизанска“ до „План Б“, паркингот кај хотелот „Ривиера“, паркингот на улицата „Кузман Јосифовски-Питу“ пред „Стопанска банка“ како и вториот дел од улицата „Македонски просветители“ од поштата до семафорите кај Охридска банка, влегуваат во Зона Б….
На почетокот на минатата учебна година, претходната Локална самоуправа и регионалниот одбор на Самостојниот синдикат за образование наука и култура – СОНК од Охрид потпишаа меморандум со кој, Општина Охрид ги презеде трошоците за превоз на наставниците. Но, пред самиот крај на оваа учебна година, времено се замрзна исплатата на патните трошоци за превоз на наставниците од Охрид и селата кои гравитираат кон нашата општина. Димитар Спасески, секретар на општина Охрид објасни дека една од причините за ваквиот потег на локалната, се резултатите од направената анализа кои покажале дека станува…
Се менува бројот на регистрирани станоиздавачи од мал обем во регистерот за категоризации на општина Охрид. Постојано пристигаат барања за нови категоризации и за продолжување на решенијата од колку бришење на станоиздавачите од регистерот, напоменува Илкер Мустафа од одделението за туризам при ЛС. Не самошто има раст на станоиздавачи кои нудат сместување на охридското крајбрежје туку од година в година расте и квалитетот на категоризација на сместувачките објекти.
„Поголем број од категоризациите се со комфорт. Физичките лица согласно Правилникот се категоризираат со стандард и конфорт, с…
Генерации и генерации, сегашни и минати членови на културно уметничкото друштво „Ѓердан“, денес слават прекрасен јубилеј. Носителите на една култура, на македонски фолклор, на убава музика, на дружби, на радосни мигови и мигови на тага, со промоцијата на една убава монографија напишана од етнологот Оливера Мишева, го започнаа прославувањето на 45 годишното постоење на КУД „Ѓердан“. Неговиот претседател, Методија Бараковски-Менде, вели дека невозможно е накратко да се раскаже историјата на „Ѓердан“, дека за тоа би биле потребни денови и денови.
За монографијата „45 години постоење на КУД Ѓер…
Опремен и отворен за посетителите инфо центарот во НП Галичица. Од почетокот на годината кога профункционира па досега го посетиле 15-тина организирани групи учесници на конгреси и семинари во Охрид, напоменува Огнен Достиноски раководител на секторот за одржлив туризам и екологија во НП Галичица. Во едукативна посета биле и основците од неколку охридски училишта.„Промотивен материјал за флората, фауната и културно историските богатства во паркот има доволно. Околу еден час трае презентацијата за посетителите во инфо центарот, а околу пола часа се оди по патеката. Презентацијата во ин…