Од ова лето, угостителите, за поставување на маси и столови пред нивните објекти ќе плаќаат според посебно одредени зони од страна на Секторот за урбанизам при локалната самоуправа.
Ова е одлука која беше изгласана на последната седница на Советот на општина Охрид, а се однесува утврдувањето на зоните, но и висината на цените кои ќе ги плаќаат угостителите за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште за поставување урбана опрема, односно маси и столови. „Зонирањето е во три зони, тоа е уредено по улици. Првата зона се плаќа 300 денари, втората зона 200 и третата 150 денари. Новината е …
6-то издание на Францускиот филмски фестивал ќе почне во Скопје со филмот „Ками повторува“ на Наоми Лавовски, а ќе заврши во Охрид со „Последната изборна програма“ на Бернар Стора. Фестивалот стартува вечерва во Скопје и по два дена ќе продолжи во Охрид, со проекции и врачувањето на наградата за животно остварување, кажува Зоран Велјаноски Летра, извршен директор на Францускит филмски фестивал. Велјаноски ги појасни причините зошто фестивалот кој почнуваше во Охрид овој пат има нова концепција. „ Техниката е причина за ваквата одлука. Квалитетот на најсовремената киносала Синаплекс во С…
Општина Охрид има нешто повеќе од 1 милион евра просечна годишна наплата на данок на имот. Според висината на наплата на данок на имот, општината е на шесто место во земјава, веднаш после скопските општини, Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба. Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето и базата на податоци за пресметан и наплатен данок на имот за сите општини во земјава за 2017, 2018 и 2019 година.
Во овие три години во општина Охрид се инкасирале нешто над 1 милион евра во просек годишно од приход од данок на имот. Само седум општини во земјава имаат просечни…
Фрлена мрша од пцовисано теле, можен извор на зараза. Во атарот на селото Орман, во месноста Чекоштина се шири неподнослива реа и ужасна глетка наместо видик кон езерото. Покрај мршата крајно несовесен сточар се ослободил и од други животински отпадоци. Александар Станоески, од селото Орман, вчера во попладневните часови во непосредна близина на селската црква Св. Наум, ја забележал фрлената мрша. Станоески напоменува дека ова не е прв пат на ова место несовесни сточари да се ослободуваат од пцовисани домашни животни и ја загадуваат околината.„ Пцовисаната мрша не само што е пред влезо…
Со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај отпочна со зајакнати мерки и контроли на сите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат законските одредби за безбедност во патниот сообраќај.
Во текот на вчерашниот ден, во времето од 13 до 19 часот активностите на СВР-Охрид беа насочени кон возачите на моторни возила и моторцикли при што биле контролирани вкупно 120 учесници од овие категории. И покрај досегашните укажувања, насоки и апели од страна на СВР Охрид, и понатака евидентна и несфатлива е неупотребата на заштитни…
Ова размислување кај надлежните стана поактуелно по лажната дојава во неделата дека гори брод во близина на хотелот Десарет. Командирот на против пожарната единица Спасе Прентоски вели дека лажната пријавата за пожар на брод на некој начин била вежба за тимовите не само на противпожарната единица, туку на сите структури. Прентоски објаснува дека најверојатно брановите кои се познати како мртви бранови или подвалица, го направиле бродот нестаблен, а дополнителен проблем било тоа што некој уклучил светлосни сигнали на бродот што од далечина изгледале како бродот да гори. За среќа ова беше …
Регионот Охрид, Струга и Поградец има заеднички климатски и еколошки карактеристики. Првите луѓе на овие општини велат дека заедничка цел им е овој регион во иднина да го развијат преку интензивирање на меѓусебната заедничка соработка, преку формирање на една заедничка стратегија која ќе биде појдовна основа за развој на идните економски политики на овој регион. „Јас сум убеден дека кај градончалниците, но и кај институциите на локалните самоуправи на овие три града кои гравитираат околу Охридксо езеро постои доволна желба и мотив, но и енергија сите проекти кои заедно ќе ги дефинираме …
Во текот на изминатото деноноќие (08/09.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 644 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.