Неколку рурални и неколку урбани општини од Македонија и Албанија буквално тргнуваат кон алтернативниот туризам. Водилка ќе им биде проектот кој го носи токму тој наслов, „Кон алтернативен туризам“, а го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија и невладината Партнерс Албанија. Денес ја имаа почетната работилница на која учество зедоа туристички работници и претставници од општините Дебрца, Вевчани, Охрид, Струга, Корча и Поградец.
На работилницата ќе се идентификуваат неколку туристички потенцијали во регионот поврзани со алтернативниот туризам, а ќе се бараат и идеи и …
Силно невреме проследено со дожд и град зафати делови на општина Дебрца вчера попладне. Многу лозови насади и градинарски култури се оштетени, велат мештаните на село Оровник. Претседателот на месната заeдница Маријан Лошкоски изјави дека вакво невреме постарите жители не паметат од пред 50-60 години. Додаде дека градоначалникот на Дебрца Игор Трајкоски, веднаш пристигнал на лице место да ги слушне проблемите на земјоделците кај кои невремето предизвика посериозни оштетувања на насадот. „Траеше некаде околу дваесеттина минути силно, големи зрна некаде со со обем на лешник, страотно беше. Мо…
Полициските службеници од СВР Охрид не регистрирале нарушувања на полицскиот час од 22 до 5 часот утрово. Охриѓани биле дисциплинирани за време на спроведување на забрана која почна од синоќа по препорака на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на корона вирусот. Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид упатува апел до граѓаните.
„И понатаму да се придржуваат до одредбите на плицискиот час и останатите одредби од заштита од ковид 19, на сите безбедносни – хигиенски мерки и протоколи за сите заедно да придонесеме за ефикасно елиминирање на заразниот вирус“.
Лицата кои зара…
Трите средни училишта од Охрид, денес потпишаа меморандум за соработка со Занаетчиската комора на Македонија и нејзиниот регионален огранок.
Меморандумот е донесен по заклучок на Владата на Република Македонија, а освен во Охрид, ваков документ комората потпишала и со училишта во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и Штип. „Секако со овој меморандум може да се допринесе многу за подобар кадар на занаетчиската структура. Учениците да посетуваат практична настава кај занаетчиите и на тој начин да соработуваме за доброто на сите.“-рече Весна Симова, претседател на Занаетчиската комора на Македо…
Никола Бакрачески, Градоначалникот на Охрид денес на градскиот базен ја отвори летната школа за пливање, „Делфина 2013“. Тој истакна дека враќањето на некогашниот сјај на пливачките спортови во нашиот град, претставува приоритет не само на Локалната самоуправа, туку и за него како градоначалник, бидејќи пливањето и ватерполото се спортските дисциплини коишто оставија најголем печат на спортскиот живот во Охрид во изминатите неколку децении.„Од тие причини Секторот за јавни дејности има добиено посебни инструкции за развојот на овој спорт и сметам дека заживувањето на отворениот базен и наш…
„Инфо Точката“ како услуга градоначалникот Бакрачески им ја вети на лицата со посебни потреби при првата средба откако стана градоначалник. Оваа точка е во координација со она што претставува потреба за подобар сервис на оваа категорија граѓани од страна на администрацијата во општина Охрид.„Овие лица ќе имаат подеднакви права и услови како и секое друго лице кое има потреба од вршење на работи од страна на општинската администрација“, вели првиот човек на општина Охрид градоначалникот Никола Бакрачески.„Ова е инфо точка каде лицата со посебни потреби веднаш по влегувањето во општинската зг…
Заврши првата летна школа за архитектура и дизајн организирана од Факутетот за архитектира и дизајн при Американ Колеџ, Скопје. Во текот на една седмица, триесеттина студенти од овој факултет, работеа на изработка на проекти на три локации во Охрид, на плоштадот кај Чинарот, кај поранешното училиште Свети Сава и на Долни Сарај. Владимир Георгиев, студент на трета година на скопскиот Американ колеџ, беше дел од летната школа за архитектура и дизајн. Георгиев е задоволен од можноста да работи и учи од врвни имиња од светот на архитектурата, а не го крие воодушевувањето од слушнатата приказ…
Нелегалната сеча го загрозува одржливото управување со македонските шуми. Во земјава шумата се уништува со сеча за огревно дрво. Се сечат шуми насекаде, а не е исклучок ни подрачјето кое го покрива шумското стопанство Галичица на делот од охридската општина и Дебрца, информира Славчо Голабоски, раководител на охридската поддружница.
„Нелегалната сеча е насекаде на територија на општина Охрид. Се забележува нелегална сеча на Буково, во атарите на селата Вапила, Мешеишта. Во Дебрца има поголема нелегална сеча на границата со струшката општина на делот со Црвена Вода. Таму преземавме минатата…