Охриѓани дисциплинирани за време на полицискиот час

Полициските службеници немале проблеми во неговото спроведување. Граѓаните со здравствени проблеми кои мора да го напушата домот треба да се јават на 192 за да ја кажат причината и насоката на движење за времетраењето на полицискиот час после 22 часот.

 |  Валентина Неловска  | 

Полициските службеници од СВР Охрид не регистрирале нарушувања на полицскиот час од 22 до 5 часот утрово. Охриѓани биле дисциплинирани за време на спроведување на забрана која почна од синоќа по препорака на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на корона вирусот. Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид упатува апел до граѓаните.

„И понатаму да се придржуваат до одредбите на плицискиот час и останатите одредби од заштита од ковид 19, на сите безбедносни – хигиенски мерки и протоколи за сите заедно да придонесеме за ефикасно елиминирање на заразниот вирус“.

Лицата кои заради здравствени проблеми се принудени да го прекршат полицискиот час треба претходно да се јават во полиција, информира Димоски.

„Граѓаните кои имаат неопходна работа за излегување од дома за време на полицискиот час ако се работи за здравстени причини се должни да се јават на 192 .Треба  да ја пријават итноста од излегување и да ја кажат локацијата од каде до каде ќе се движат. Полициските службеници ќе се запознаат и ќе нема проблем за излегувањето. Здравствените потреби да се почитуваат и полицските службеници нема да прават никаков проблем  туку и да  помогнат“.

Пред почеток на полицискиот час полициските службеници на територија на Охрид затекнале 11 лица кои не носеле заштита маска. Исто така, биле направени 20 контроли на угостителски објекти каде што не биле регистрирани нарушувања на мерките и протоколите кои се на сила за заштита од ковид 19.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top